Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Затворена за сообраќај крстосницата на улица Крушевска со улица Изворски

Ги известуваме граѓаните на Општина Богданци дека почнувајќи од утрово поради изведување на градежни активности за сообраќај е затворена крстосницата на улица „Крушевска“ со улица „Изворски“.Лицата кои живеат на улица „Изворски“ ќе имаат пристап до своите домови од крстосницата кај правното лице ТУРАН Иван ДООЕЛ Богданци.

Оваа крстосница повторно ќе биде отворена за сообраќај по завршување на градежните активности на истата.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да наидат на разбирање и да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.

Европска недела на локална демократија

Почитувани,

Бирото на Конгресот на локални и регионални власти (тело на  Советот на Европа) во 2021 година  ја одобри темата на Европската недела на локална демократија (ЕНЛД) за 2021 – 2022 година „ Заштита на животната средина: локалните заедници преземаат акција“.

Темата се фокусира на животната средина, вклучувајќи ги граѓаните во заштита на животната средина и борбата против климатските промени.

Општина Богданци се приклучи на ЕНЛД.

Прашалник за собирање на предлози за буџет на ЕЛС Богданци за 2022 година

Општина Богданци е во фаза на подготвување на  Буџетот за 2022 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Ве повикуваме да го пополните овој анкетен прашалник. —->линк

На овој начин ќе овозможите поголема информираност на локалната самоуправа за вистинските проблеми и создавање на Буџет кој ќе ги задоволи најголемиот дел од потребите на граѓаните.

Следење во живо на првата, Конститутивна седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека денес (09.11.2021) во 12.00 часот започнува првата, конститутивна седница на Советот на општина Богданци.

Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк: прва седница во живо

Нови мерки на Владата донесени на 115-та Седница

Владата на Република Северна Македонија на последната, 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе следните заклучоци:
              – Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.
              – Се дозволува работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.
              – Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување на еден од следните документи:
              – до 14 ноември, 2021 година, е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест КОВИД-19, а од 15 ноември, 2021 година, сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
              – сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Известување

И З В Е С Т У В А Њ Е

Се известуваат сите граѓани на Општина Богданци, кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови  да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот не ги нашол дома или не стапил со нив во контакт, дека својата граѓанска и законска должност , со цел никој да не биде пропуштен во пописот може да ја остварат во седиштето на КПР 3 Богданци до 30.09.2021 година.

Лица за контакт: Силвана Данаилова -Претседател на КПР 3 Богданци, контак телефон 072 223 193

Реонските инструктори: Валентина Попова  контакт телефон 077 870 682, Катерина Вангелова  контакт телефон 071 320 834

 

Известување за зелена нафта

И З В Е С Т У В А Њ Е 

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица Гевгелија ги известува сите земјоделски производители кои пријавиле и користеле субвенции за 2020 год. (а не се корисници на мерката 1.18) да дојдат лично во просториите на Подрачната единица за да ги подигнат своите картички за „зелена нафта“ за 2020 година. Со себе да понесат и важечка лична карта.

Времена измена на режимот на сообраќај на улиците Маршал Тито, Изворски и Олга Петрушева

Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека поради реконструкција на улица „Бранд Петрушев“ во Богданци од утре, Сабота (11-ти Септември) од 08.00 часот ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај, така што сите улици кои се еднонасочни и кои се спојуваат со улица „Бранд Петрушев“ ќе бидат двонасочни. Станува збор за улиците „Маршал Тито“, „Изворски“ и „Олга Петрушева“ за кои ваквиот режим на сообраќај ќе важи се до завршување на градежните активности на улица „Бранд Петрушев“ и на истите ќе биде забрането запирање и паркирање.

Се замолуваат граѓаните да наидат на разбирање и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Соопштение

СЕ ИЗВЕСТУВААТ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ ДЕКА ЌЕ СЕ ЗАПОЧНЕ СО ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦА БРАНД ПЕТРУШЕВ ВО БОГДАНЦИ ОД 10.09.2021Г.(ПЕТОК). ПОТРЕБНО Е ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАРКИРААТ ВОЗИЛА НА УЛИЦАТА ЗАРАДИ НЕПРЕЧЕНО ОДВИВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ИСТАТА.

ЗА ТАА ЦЕЛ ОД ПОНЕДЕЛНИК, (13-ТИ СЕПТЕМВРИ) УЛИЦИТЕ МАРШАЛ ТИТО И ИЗВОРСКИ ЌЕ БИДАТ ДВОНАСОЧНИ СЕ ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ И НА ИСТИТЕ ЌЕ БИДЕ ЗАБРАНЕТО ЗАПИРАЊЕ И ПАРКИРАЊЕ.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |