Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Ќе се реставрира урбаната опрема на брана „Паљурци“

Општина Богданци по спроведената постапка за јавна набавка избра правно лице за реставрација на постоечката урбана опрема на територијата на општина Богданци.

Активностите ќе ги изведува Занаетчија ВУДИ МИЦЕВ Богданци и истите се однесуваат на замена на старата ограда со нова, замена на старите клупи со нови, доработка и обработка на маси како и реставрација на 6 летниковци на брана „Паљурци“. Во склоп на активностите ќе се реставрираат и постоечки 4 клупи во Градскиот Парк во Богданци.

Вкупната вредност на договорот изнесува 223.800,00 денари без ДДВ, средства обезбедени од Буџетот на општина Богданци.

Активностите се очекува да завршат за околу еден месец.

Започна процесот на изработка на техничка документација за Изградба на водоводна мрежа за водоснабдување на Богданци

                                      

Општина Богданци обезбеди средства преку Фондот на техничка документација, воспоставен во рамки на Проектот “Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти” развиен од УНДП и  Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА) за изработка на техничка документација за Изградба на водоводна мрежа за водоснабдување на Богданци.

Набавката за избор на најповолен понудувач за изработка на документацијата ја спроведе донаторот и беше избран деловниот субјект ЕКО-МАР Инженеринг ДООЕЛ Битола како изведувач, со што отпочна и процесот за изработка на комплетната техничка документација.

Вкупната вредност за изработка на техничката документација изнесува 1.978.000 денари, сопственото учество на општина Богданци согласно трошоците кои произлегуваат од реализација на договорот е во вкупен износ од 430.080 денари.

Учествувај во креирањето на Буџетот на општина Богданци за 2021

Почитувани граѓани,

Општина Богданци го подготвува Буџетот за 2021 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Ве повикуваме да го пополните овој анкетен прашалник. —->линк

На овој начин ќе овозможите поголема информираност на локалната самоуправа за вистинските проблеми и создавање на Буџет кој ќе ги задоволи најголемиот дел од потребите на граѓаните.

Одговорите ќе бидат разгледани од одделението за финансиски прашања, а, сите реално остварливи предлози, идеи, во рамки на нашите можности ќе видат интегрирани во нашите буџетски програми.

Ви благодариме на соработката.

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија за 06.11.2020

Почитувани,

Согласно добиеното известување од ЕВН Македонија, екипите на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во земјава. Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување Утре (Петок -06.11 2020) во периодот од 08.20 до 10.30 часот ќе остане улицата Маршал Тито од Чавдарова Чешма до Амбуланта и Горно Село.

Заклучоци од состанокот на општинскиот кризен штаб оддржан на 03.11.2020

На ден 03.11.2020 год. (вторник) со почеток во 14 часот општина Богданци во просториите на Дом на Култура „Бранд Петрушев“ оддржа Општински кризен штаб во врска со справување со актуелната состојба настаната со Корона вирусот на територија на нашата општина.

На состанокот со кој раководеше Градоначалникот, Блаже Шапов,  беа донесени следните заклучоци:

  • Ќе се врши редовна дезинфекција на улици и јавни површини на територијата на општина Богданци од страна на ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;
  • Ќе се задолжат сите совети на станари да вршат редовна дезинфекција на станбените објекти;
  • Ќе се задолжат директорите на училиштата за затварање на детските игралишта за да нема собирање на групи на деца;
  • Ќе се задолжат маркетите, продавниците, банките и поштите за редовна дезинфекција на своите влезови;
  • Општината ќе изготви плакати со протоколи и мерки за заштита од корона вирусот како и плакати со протокол за време на погреби (ова од причина што како поголем проблем со кој се соочуваме е непочитувањето на протоколите од страна на наштите сограѓани за време на погреби);

За почитување на сите овие мерки и заклучоци ќе се вршат контроли на терен со тим од инспектори.

Уште еднаш апелираме до граѓаните да бидат совесни и одговорни.

Бидете совесни и одговорни кон вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, пријатели, соседи, колеги, но и спрема секој еден жител на нашата општина. Носете маски, држете дистанца, дезинфицирајте ги рацете, не се групирајте, останете во изолација доколку сте биле во контакт со некое од позитивните лица.

Инсталирана опрема за пренос во живо на седниците на Советот на Општина Богданци

                    

 

Во рамки на Компонента 1: Зајакнување преку развивање на капацитетите на советниците, од Проектот „Зајакнување на општинските совети“ (кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации), беше реализирана набавка и монтажа на видео и аудио опрема за пренос на седниците на Советот на општина Богданци во живо.

Опремата е поставена во повеќенаменската сала во Домот на културата во Богданци.

Се работи за поставување на видео и аудио опрема за пренесување на седниците на Советот во живо (on-line streaming) на официјалните веб страни, фејсбук и јутјуб и архивирање на снимените седници на веб страните на општината.

Средствата од грант во висина од 12.000 швајцарски франци искористени за набавка на опремата ќе овозможат  воведување  на иновативни мерки за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општината, како и учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.

ЈАВЕН ПОВИК за финансирање на спортските активности од Буџетот на Општина Богданци за 2021 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14, а во врска со член 16 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“  бр.04/05, 04/11, 04/15,  09/19  и 02/20), Градоначалникот на Општина Богданци објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за финансирање на спортските активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2021 година

Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Спортски здруженија и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– да го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– да се грижат за унапредување на младите категории;

Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:

-Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2021 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2020 година (до денот на поднесување на пријавата).

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 10.11.2020 година (вторник) до 16 часот.
              Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на спортот за 2021 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на спортските активности во општина Богданци за 2021 година.

                                                                                                                Градоначалник

                                                                                                      на Општина Богданци

                                                                                                              Блаже Шапов

ЈАВЕН ПОВИК за финансирање на културните активности од Буџетот на Општина Богданци за 2021 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник  на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11, 04/15, 09/19 и 02/20), Градоначалникот на Општина Богданци објавува

ЈАВЕН ПОВИК 

за финансирање на културните активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2021 година

             Право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни лица од областа на културата кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Здруженијата на граѓани и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да придонесат за збогатување на културниот живот во општината;
– да придонесат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Богданци;
– да го поттикнат и афирмираат културното творештво  на младите уметници;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

-да обезбедат континуитет на традиционалните културно уметнички манифестации кои се од локален карактер.

Потребна документација која здруженијата на граѓани и други правни лица од областа на културата треба да ја достават:

– Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2021 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2020 година (до денот на поднесување на пријавата);

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 10.11.2020 година (вторник) до 16 часот.
            Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на културата за 2021 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на културните активности во општина Богданци за 2021 година.

                                                                                                           

                                                                                                                Градоначалник

                                                                                                           на Општина Богданци

                                                                                                                  Блаже Шапов

                                                                                                           

Заврши изградбата на атмосферка канализација со реконструкција на дел од колекторскиот систем

По изведување на градежни активности во изминатите два месеци, правното лице Вод Вар Скопје деновиве заврши со изградба на атмосферската канализација на ул.„Петар Мусев“ како и со реконструкција на дел од колекторски систем.

Граѓаните ги искажаа своите долгогодишни проблеми, а ние соодветно постапивме и со овој зафат го решивме деценискиот проблем кој го имаа жителите со излевање на фекалните води од колекторот по должината на река Луда Мара.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |