Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Заклучоци донесени на Педесет и првата седница на Владата на Република Северна Македонија

На 51-та седница на Владата, донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).

Одлуката за забрана за движење не важи за патниците коишто доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници.

Исклучок од забраната се вработените лица во Министерството за внатрешни работи, пропадниците на Агенцијата за национална безбедност, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на РСМ, противпожарните територијални единици и Царинската управа.

Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба задолжително да ја најават на службата 192, Министерство за внатрешни работи.

За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење, како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден до друг граничен премин.

Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштаат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето полициски час, при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна.

Со заклучок на оваа седница на Владата, Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави соопштение со кое ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана за движење.

Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и на оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање.

Дополнителните исклучоци во однос на забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата, доколку има потреба ќе ги утврдува Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, во соработка со надлежните органи на државната управа.

Објавен оглас за реконструција на улици на територијата на општина Богданци

Општина Богданци објави оглас за доделување договор за јавна набавка за реконструкција на улици на територијата на Општина Богданци. Набавката се состои од два дела. Дел 1: Чистење, тампонирање и поставување на бехатон со набавка, транспорт и поставување на улични бетонски рабници на улици и делови од улици во населено место Богданци и дел 2: Чистење, тампонирање, асфалтирање и поставување на улични бетонски рабници на две улици во Богданци и една во населено место Ѓавото.

Во првиот дел станува збор за улиците: 10-ти Октомври, Изворски, Крушевска, Олга Петрушева, Иво Лола Рибар, Петар Мусев (сокак 1 и сокак 2), Ѓуров Дол, Медурска, Крсте Мисирков, Браќа Миладинови, Нако Вардарски, Воденска, Илинденска, Страшо Пинџур, Белацица, Крушевска – 29ти Ноември, Васо Марков и 25-ти Мај. Вториот дел се однесува на улиците 11-ти Октомври (крак 1), Козјак и главната улица во село Ѓавото.

Сите заинтересирани правни лица понудите може да ги достават најдоцна до 01.04.2021 година, 11 часот.

Средствата за реализација на договорот се обезбедени од Буџетот на Општина Богданци согласно Програмата за  изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2021 година.

Огласот, тендерската документација како и сите прилози кон истата се достапни на следниот линк.

Објавен оглас за реконструкција на повеќенаменско спортско-рекреативно катче за деца и млади во Богданци

Општина Богданци објави оглас за доделување договор за јавна набавка за реконструкција на рекреативно катче за деца и млади во Богданци.

Се работи за реконструкција, уредување и збогатување со нови содржина на постоечкото детско игралиште спроти Домот на култура во Богданци.

Краен рок за доставување на понудите е 17.03.2021 година до 12.00 часот.

Средствата за реализација на договорот за јавната набавка во износ од 544.586,00 денари се обезбедени преку договор за грант од Програмата за развој на обединетите нации (UNDP), во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Остатокот од 1.527.676,00 денари без ДДВ се обезбедени од Буџетот на Општина Богданци.

Огласот, како и целокупната тендерска документација се достапни на следниот линк.

Известување за тестирање на пријавени кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори

Почитувани,

Ве известуваме дека тестирањето на пријавените кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктири ќе се реализра на 11.03.2021 (четврток) во просториите на СОУ „БОГДАНЦИ“ Богданци, и тоа: прва и втора група со почеток во 13.00 часот, додека трета и четврта група во 15.00 часот.

Распоредот по групи е достапен во табелите подолу.

На тестирањето пријавените кандидати задолжително е да носат заштитни маски KN 95.

ПРВА ГРУПА

ВТОРА ГРУПА

ТРЕТА ГРУПА

ЧЕТВРТА ГРУПА

Известување

Почитувани,

Подолу објавен е списокот на лица кои се пријавиле за реонски попишувачи и реонски инструктори за пописен реон 3, согласно објавениот јавен конкурс од страна на Државниот завод за статистика.

Пријавените кандидати ќе бидат поделени во четири групи и за истите ќе биде спроведено тестирање кое ќе се реализира на 11 и 12 Март 2021 година. За датумот и часот на тестирањето како и за распоредот по групи, кандидатите ќе бидат известени во текот на утрешниот ден (09.03.2021).

Список на пријавени попишувачи и инструктори

Објавен дополнителен јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори

Почитувани,

Ве известуваме дека од страна на Државниот завод за статистика објавен е дополнителен јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во периодот од 01.-21.04.2021 година.

Целиот текст на конкурсот во кој се наведени условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите и начинот на аплицирање е достапен на следниот ЛИНК.

ПРОЦЕСОТ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ И КОНСУЛТИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВА – СРЕДБА СО ГРАЃАНИ ОД УЛИЦА „ КРУШЕВСКА “

                                             

На општина Богданци и се доделени 595.620,37 Евра,  средства  од владата на РСМ преку заемот на Светска Банка за Проектот за поврзување на локални патишта. Во рамки на овој проект општина Богданци ќе спроведе активности за реконструкција и санација на седум локални улици во Богданци. Проектните активности ќе бидат спроведени во два тендера и тоа:

Во првиот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на шест улици:„ Мирче Џочков “, „ Браќа Миладинови “, „ Мирка Гинова “, „ Кочо Рацин “, „ Ѓуров Дол “ и „10 Октомври“ .

Во вториот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на една улица:

  • Санација на локалната улица „ Крушевска “ во должина од 1.318,53 м;

СО ЦЕЛ ИНФОРМИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА АКТИВНОСТИТЕ КОИ ПРЕТСТОЈАТ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКИТЕ И ДРУГИ  ПОСТАПКИ , А СЕ ОДНЕСУВААТ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „КРУШЕВСКА“ ВО БОГДАНЦИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА Г-ин БЛАЖЕ ШАПОВ, ДЕНЕС, 26.02.2021 Година, ОСТВАРИ СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ И ДРУГИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЧИНИТЕЛИ ОД ОВАА УЛИЦА.

ВО ДИРЕКТНА КОМУНИКАЦИЈА ПРИСУТНИТЕ БЕА ДЕТАЛНО ЗАПОЗНАЕНИ СО ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ КОИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ НА УЛИЦА КРУШЕВСКА И ИМ СЕ ОБРНА ВНИМАНИЕ ДЕКА ВО СОРАБОТКА СО ПРОЕКТНАТА ЕДИНИЦА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ВЕЌЕ Е ВОСПОСТАВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА КОМЕНТАРИ, ЗАБЕЛЕШКИ И ПОПЛАКИ КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА УЛИЦИТЕ ОД ПРВИОТ ТЕНДЕР, А КОИ ЌЕ СЕ ПРИМЕНАТ И ВО ПРОЦЕСОТ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОВАА УЛИЦА.

БЕШЕ КОНСТАТИРАНО ДЕКА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ОВАА УЛИЦА Е ПРИОРИТЕТ КАКО ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ЖИВЕАТ НА ИСТАТА, ТАКА И ЗА СИТЕ ДРУГИ ЖИТЕЛИ ОД БОГДАНЦИ И ПОШИРОКО, БИДЕЈЌИ СО ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА НОВИОТ РЕЖИМ ЗА СООБРАЌАЈ СПОРЕД КОЈ ДЕЛ ОД ГЛАВНАТА УЛИЦА ИМА ЕДНОНАСОЧЕН СООБРАЌАЈ УЛИЦАТА КРУШЕВСКА ИМА ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКФЕНЦИЈА НА СООБРАЌАЈ.

Средбата беше остварена со почитување на мерките во услови на Корона вирус.

Опис улица Крушевска

Постари објави

Потпишан Меморандум за разбирање

Линк: https://bogdanci.gov.mk/%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b8%d1%88%d0%b0%d0%bd-%d0%bc%d0%b5%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d1%83%d0%bc-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b1%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5/

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за санација на постоен пат, ул. „Крушевска“ општина Богданци, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Линк:https://bogdanci.gov.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-7/

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТИРАЊЕ – ПАТОТ ДО ОДЛУКАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИ ВО БОГДАНЦИ

Линк:https://bogdanci.gov.mk/%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%86%D0%B5%D1%81%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B8%D1%80/

Уредување на повеќенаменско спортско-рекреативно катче за деца и млади

Во рамките на Швајцарскиот проект „Зајакнување на општинските совети“ кој го спроведува УНДП, во текот на 2020 година Општина Богданци спроведе Форуми во заедницата, каде низ четири форумски сесии граѓаните и невладините организации на оваа општина имаа прилика да креираат, дискутираат и одлучуваат за приоритетни иницијативи кои би се реализирале во општината со финансиска поддршка од 50,000 CHF од проектот за Зајакнување на општинските совети.

Низ четирите форумски сесии, граѓаните на општина Богданци дадоа приоритет на иницијативата „Безбеден граѓанин – Среќен граѓанин-Уредување на режимот на сообраќај и поставување на сообраќајни знаци во Богданци “, која веќе е во целост реализирана а опфати голем број на активности за уредување на режимот на сообраќај и поставување на сообраќајни знаци во Општината. Вкупната вредност на оваа иницијатива изнесуваше 2,155,414 денари.

Имајќи предвид дека за реализацијата на оваа иницијатива Општина Богданци не го искористи грантот од 50,000 CHF во целост, на 15 февруари се организираше дополнителна форумска сесија каде граѓаните ги разгледаа преостанатите иницијативи и како приоритет ја утврдија иницијативата предложена од младите од Богданци „Уредување на повеќенаменско спортско-рекреативно катче за деца и млади“, која ќе се спроведе со преостанатите средства од проектниот грант, како и со кофинансирање од страна на општината.

Проектот преставува реконструкција, уредување и збогатување со нови содржина на постоечкото детско игралиште спроти Домот на култура во Богданци .

 

Дополнително, општина Богданци ќе се заложи во текот на годината со сопствени средства да ја реализира и трето-рангираната иницијатива произлезена од Форумите во заедницата: „Партерно уредување на дом на култура во Стојаково“.

Објавен јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори


Почитувани,

Ве известуваме дека од страна на Државниот завод за статистика објавен е јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во периодот од 01.-21.04.2021 година.

Целиот текст на конкурсот во кој се наведени условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите и начинот на аплицирање е достапен на следниот ЛИНК.

Kонкурс за ангажирање на еден проектен координатор

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува конкурс за ангажирање на еден проектен координатор за потребите на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020.

Заинтересираните кандидати за горенаведената работна позиција својот интерес можат да го најават со доставување на кратка биографија (CV), мотивационо писмо на англиски јазик, копија од Диплома за завршено образование, како и дополнителни документи за докажување на  критериумите од конкурсот, со назнака „По конкурс за проект Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, најдоцна до 26.02.2021 година (петок), до 16.00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регионБул. „Маршал Тито бр. 1-1, 2400 Струмица.      

Целосниот текст на конкурсот како и прилозите може да се превземат од следниве линкови:

Конкурс по проект „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“

Прилог 1 Работни задачи на проектен координатор

Прилог 2 Europass CV

Прилог 3 Прирачник за имплементација на проекти

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |