Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Во Богданци оддржана работна средба под мотото „Учи паметно, работи стручно“

Денес, 19.02.2021 година во просториите на Дом на култура „Бранд Петрушев“ Богданци беше оддржана работна средба под мотото „Учи паметно, работи стручно“ која што се спроведува од страна на Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија. На средбата присуствуваа Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, Министерката за образование и наука Мила Царовска, Амбасадорката на Швајцарија во РСМ Н.Е. Сибил Сугер, колеги Градоначалници од регионот, претставници од средните стручни училишта и претставници на регионалниот бизнис сектор.

Во моментов се превземат активности за унапредување на средното стручно образование, со цел истото да ја оствари својата примарна цел во креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на труд.

Министерството за образование и наука спроведува анализа за да ја утврди соодветноста на постојните образовни профили кои ги нудат училиштата, како и на потребата од нови профили кои им се потребни на компаниите но не се вклучени во наставните програми.

Од овие причини произлезе и потребата за остварување на денешната работна средба на која се дискутираше и се споделуваа мислења за следниве прашања:

  • Какви профили на кадар, односно вработени со какви знаења и вештини им се потребни на компаниите
  • Дали компаниите би примиле ученици на практична настава (од кои струки/профили), и доколку не зошто
  • Кои се евентуалните пречки со кои се соочуваат компаниите во врска со спроведувањето на практичната настава и предлози како истите да се надминат
  • Каква е соработката на компаниите со училиштата и кои се можни начини за унапредување на истата.

Унапредувањето на средното стручно образование бара ангажман од повеќе општествени чинители и бара разменување на мислења помеѓу бизнис заедницата, образовните институции и останатите надлежни институции како и дебата помеѓу истите.

Потребно е заеднички да ги идентификуваме потребите на компаниите и бизнис секторот и да се создаде кадар кој што е реално потребен, и кој во процесот на учење ќе посетува практична работа во компаниите и ќе се запознае со самиот производствен процес. Ова ќе биде од големо значење за учениците кои ќе добиваат пракса и потенцијално вработување по завршување на образованието со што ќе можат да одговорат на потребите, а реалниот сектор ќе добие квалитетен кадар подготвен брзо да се вклучи во извршување на работни обврски.

Создавањето на стручниот кадар е еден од најважните предуслови за локалниот економски развој, унапредувањето на бизнис климата, како и функционирањето на компаниите.

Серијалот општествени дебати со цел подобрување на образованието во Северна Македонија е помогнат од страна на Швајцарската амбасада која издвојува финансиски средства за овие програми и реформи и е активен чинител со своите искуства.

 

 

Пренос во живо на 55-та седница на Советот на Општина Богданци

Почитувани,

Ве известуваме дека денес (29.01.2021) во 11.00 часот започнува 55-та седница на Советот на општина Богданци.

Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк:

https://youtube.com/watch?v=Ft0-vH7dT0I&feature=share

ЈАВЕН ОГЛАС  ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08- 1753/22 од 29.12.2020 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 20/20), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува  

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2021 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  300,оо денари  месечно за секој корисник  и е составена од една компонента и тоа:

  1. покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата;

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот на Општина Богданци имаат:

  • Лица корисници на социјална парична помош;
  • Да е корисник на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци,

Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:

  • Потврда дека е корисник на социјaлна парична помош;
  • Потврда за користење на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;
  • Лична карта (на увид);

Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданци или преку пошта, на адреса : Oпштина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;

Јавниот оглас ќе трае 12 дена од денот на објавувањето, а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 01.02.2021 година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.

 

                                                                                                         Градоначалник

                                                                                                  на Oпштина Богданци

                                                                                                           Блаже Шапов                                                                                                           

Градоначалникот го посети првороденoто бебе во општата Болница во Гевгелија

На 04.01.2021 година се роди првото бебе (женско) од општина Богданци во Одделението за Гинекологија и Акушерство при општата Болница во Гевгелија. Бебето е тешко 3350 грама, долго 50 см и ќе го носи името Тиана.

Мајка на првороденото бебе е  Марица Олумчев  од Богданци.

Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов,  ја посети родилката на кои и беа доделени пригодни подароци.  Исто така ќе и биде доделен и паричен надомест одвоен од Буџетот на Општината за новородено бебе.

Советот на Општина Богданци и оваа година донесе одлука за доделување на еднократен паричен надомест на првороденото бебе од нашата општина во износ 10.000 денари и по 4.000 денари за секое родено бебе во текот на целата година.

На мајката и бебето им посакуваме здравје, среќа, успех и долг живот.

Среќна, весела и бериќетна Нова Година

Почитувани сограѓани,

Ги одбројуваме последните часови од оваа година, која за сите нас беше тешка, година на страв, несигурност, неизвесност, предизвици…Ни одзеде блиски, ни одзеде мир и спокој, скапоцено време кое требаше да го поминеме со драги пријатели. Но, исто така не научи дека нема ништо поважно од здравјето и среќата на семејството и најблиските.

Затоа, Ве замолувам празниците кои ни претстојат да ги поминете одговорно, согласно препораките, без масовни групирања, со единствена цел да го заштитиме сопственото и здравјето на наштите најмили.

Ја користам оваа прилика во мое лично име, во името на општинската администрација како и од името на Советот на Општина Богданци, да Ви испратам најискрени желби за што подобра Нова Година, посакувајќи во секое семејство да преовладува здравје, љубов, среќа и слога.

Нека Ви е среќна, весела и бериќетна Новата 2021 година!

Среќни празници!

Со почит,

Блаже Шапов – Градоначалник на Општина Богданци

Реализирана хуманитарна акција под мотото – Твојата хуманост дел од нечија среќа

Општина Богданци во соработка со учениците –волонтери од Младинскиот клуб на Црвен крст при СОУ „Богданци” Богданци реализираа хуманитарна акција под мотото „Твојата хуманост нека биде дел од нечија среќа!“

Во хуманитарната акција граѓаните имаа можност да ја искажат својата хуманост чии средства ќе бидат наменети за луѓето на кои им е потребна ваквата помош за да им се збогати празничната трпеза  преку купување на прехрамбени продукти.

Учениците имаа можност заедно со Градоначалникот на општина Богданци  да  ги посетат  детската градинка ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“ Богданци и децата од центарот „Мајка Тереза“ Гевгелија, да им подарат новогодишни пакетчиња и да ја зголемат детската радост посакувајќи им најубави желби во годината која доаѓа. Радоста на овие деца беше зголемена со опремување на посебна просторија во Дневниот Центар во Гевгелија, со реквизити и помагала кои ќе им помогнат во обавувањето на своите секојдневни активности.

Да бидеш хуман значи сопствената љубов да знаеш да ја претвориш во искра во нечии очи.

Пренос во живо на 54-та седница на Советот на општина Богданци

Почитувани,

Ве известуваме дека денес (29.12.2020) во 10.00 часот започнува 54-та седница на Советот на општина Богданци.

На истата ќе се разгледуваат годишните програми за кои е надлежна општината согласно важечките законски прописи, како и Буџетот на општина Богданци за 2021 година.

Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк

https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=yjq0Vj0SWKQ&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0n9cEeNNaQC6uQmwQ1mvv9cNaFVho1QlRjK1w_9cnNFxeOhsAQK2Vgkns

 

Едукативна кампања-Безбедност во сообраќајот

Општина Богданци во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП), започна едукативна кампања, за безбедноста во сообраќајот и тоа во општинските основни училишта „Петар Мусев“ и „Кирил и Методиј“ на тема „ Да бидеме безбедни во сообраќајот“ и во СОУ „Богданци“ на тема „ Младите жртви во сообраќајни незгоди“.

Едукативните презентации  илустративно говорат за користење на пешачките премини, движење по необележани улици,преземање на безбедносни мерки при возењето со автомобил, каде да се игра, и особено за високиот ризик за сообраќајна несреќа меѓу младите возачи.

Кампањата е прилагодена на постојните услови во време на пандемија на корона вирусот и пропишаните протоколи во училиштата  и истата ќе се реализира од страна на одговорните наставници.

Дополнително од страна на РСБСП е обезбеден одреден број пакетчиња со информативен материјал кој содржи сообраќајна лектира, боенка, сообраќајна песнарка, заштитна маска и друго и истата им се подели на третоодделенците од двете општински основни училишта.

smart

Твојата хуманост нека биде дел од нечија среќа

Под мотото „Твојата хуманост нека биде дел од нечија среќа!“ Општина Богданци, Младински клуб на Црвен крст при СОУ ” Богданци” Богданци и Младински клуб при Црвен крст- Гевгелија организираат хуманитарна акција.

Хуманитарната порака која ќе дојде до Вас преку младите активисти Ви дава можност да ја покажете Вашата хуманост.

Собраните средства ќе бидат наменети за прехрамбени продукти кои ќе збогатат нечија празнична трпеза.

Почитувани граѓани, можете да донирате и прехрамбени продукти во просториите на Општина Богданци.

Подарете со љубов!

ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО БОГДАНЦИ

Почитувани,

Ве известуваме дека во Понеделник, (21.12.2020) во периодот од 09.00 до 15.00 часот улицата „Маршал Тито“ во Богданци од општинската зграда до Бреботекс ќе биде затворена за сообраќај, заради сообраќајно уредување. За таа цел ги замолуваме сите граѓани кои ги имаат паркирано своите возила во овој дел од главната улица, како од левата така и од десната страна, да ги отстранат истите со цел непречено поставување на новата хоризонтална сигнализација.

ВАЖНО: Во понеделник од 15.00 часот започнува новиот режим на сообраќај во Богданци. Ова значи дека улицата „Маршал Тито“ од општинската зграда до Бреботекс ќе биде еднонасочна. Еднонасочна ќе биде и улицата „Бранд Петрушев“ до спојот со улицата „Коста Поп Ристов“, улицата „Олга Петрушева“ како и дел од улицата „Изворски“ (од спојот со улица „Крушевска“ до спојот со улица „Маршал Тито“).

Ве замолуваме да ги почитувате новопоставените сообраќајни знаци, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во Богданци.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |