Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Известување за организирање на крводарителска акција

Почитувани ,

Општина Богданци заедно со здравствената струка при СОУ„Богданци“ организира крводарителска акција која ќе се одржи на ден 16.12.2020(среда) во просториите на СОУ”Богданци”-Богданци од 9 до 14 часот. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се вклучат и несебично да ја искажат својата хуманост и алтруизам и да подарат капка надеж за болните. Дарувајте крв, бидете наши херои и во услови на пандемија и придонесете да се продолжи традицијата на успешно крводарување во регионот!

Известување за остварување на финансиска поддршка за самохрани родители

 

ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Гевгелија, ги известува сите заинтересирани лица — самохрани родители, кои согласно Закон за финансиска поддршка, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници (Службен весник на PCM бр. 290/2020) ги исполнуваат условите за остварување на финансиска поддршка, потребно е да поднесат Барање со прилог документација ( извод од матична книга на родените, извод од матична книга на умрените, потврда за исчезнат родител, потврда за привремена спреченост поради лекување,  потврда за издршување на казна затвор и сл.) и трансакциска сметка.

Барањата се поднесуваат најдоцна до 17.12.2020 година (четврток) и истите може да се достават и во просториите на општина Богданци.

Телефонски број за контакт 034 222 333.

Барање

ДА НЕ СОЗДАВАМЕ ДИВИ ДЕПОНИИ

Садови за селекција во Општина Богданци

Сад  за собирање на електричен и електронски отпад

Листа на видови производи кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема

Предаден електричен и електронски отпад по години

Реден

број

Година Вкупно килограми/кг
1 2016 1200
2 2017  360
3 2018 1490
4 2019 1150
5 2020 1540

                                                  Вкупно:        5740

За периодот од  2016г до декември 2020г предадено е вкупно 5740 кг електричен и електронски отпад на лиценцираната фирма „Елколект“ од Скопје. Правните субјекти електричниот и електронскиот отпад директно го предаваат на овластените фирми.

 Кафезот за електричен и електронски отпад се наоѓа на паркинг просторот под Општина Богданци

Телефон  за контакт 034 218 400, моб. 078 321 586  секој работен ден од 08 до 16 часот, освен сабота, недела и државни празници.

(Извор на информации е фирмата постапувач и Општина Богданци)

Сад за собирање на искористени батерии

Предадени се 6 кг искористени батерии. Садовите за батерии се наоѓаат во просториите на Општина Богданци.

(Извор на информацијата: Општина Богданци)

Сад за собирање на искористено масло (зејтин)

Во 2019година, од лиценцираната фирма „Суниленс“ од Скопје, собрани се вкупно 24 кг искористен зејтин, од граѓани на Општина Богданци, а од  шест угостителски објекти во општината, од истиот постапувач, во 2019 година собрани се  вкупно 1229 кг искористено масло за јадење. На годишно ниво  во Општина Богданци, од лиценцирани фирми, се собираат од 3000 до 3500 кг искористен зејтин .

За добивање на садови за собирање на искористеното масло (зејтин) и за други информации, јавете се на тел. 034 218 400 и моб. 078 321 586 Општина Богданци и „Суниленс“ тел. 02 2 650 100. 

(Извор на информации се лиценцираните фирми – постапувачи и овластениот инспектор за животна средина на Општина Богданци)

Сад за собирање на пластика

 

Пластиката ја собираат неформални собирачи. Имаме поставено вкупно 15 садови за пластика.

Садови за пластика ќе се поставуваат и во наредниот период.

Сад за собирање на стакло

Во 2020 година,  поставени се  пет контејнери за стакло и заклучно со 30.10. 2020 година собрани се  вкупно  8721кг.

 Имаме на располагање уште три контејнери (садови) за собирање на стакло и  истите ќе бидат распоредени во наредниот период.

(Извор на информации е лиценцираната фирма “ПАКОМАК“ од Скопје и Општина Богданци)

Компостирање во домашни услови

 Информација, односно материјал (брошура) за постапката и процесот  на компостирање во домашни услови,  може да добиете  на домашна адреса  од службите на општината (без надокнада) или брошурата може да се подигне во просториите на Општина Богданци (зграда „Изворски“,  лево од главниот влез, соба број 4).

Телефони за контакт: 034 218 400 и моб. 078 321 586

Набавени се и садови за хартија, кои ќе се поставуваат во наредниот период.

Садовите за хартија (сина боја) не се  наменети за полнење со амбалажа од пакување (картонски кутии и др.) од правните субјекти. Истите треба да постапуваат онака како што се информирани од страна на општината.

Садови за селекција на отпад  планирани се и во 2021 година.

ПРОДОЛЖУВАМЕ И ВО 2021 ГОДИНА

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ,

Со цел за почиста животна средина, во интертес на сите нас, Општина Богданци во соработка со ЈП „Комунална чистота“ Богданци, продолжува со  мерките за организирано фрлање на создадениот отпад и контрола на создавање на диви депонии.

 

СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА!

Самоиницијативно фрлање и оставање на отпадот покрај  и во садовите за собирање на отпад, како: градежен шут, косена трева, сечени гранки, лисја, градинарски отпад, кабаст отпад и земја од ископи, освен на места определени за таа намена (за фрлање на овој вид отпад, јавете се на тел. 034 221 038);

Фрлање на градежен шут од правни и физички лица, кои вршат активности за свои потреби и активности во Вашите домови, без претходна пријава до ЈП „Комунална чистота“ Богданци  (тел. 034 221 038);

Оставање на  комунален отпад, хартијапластика, стакло, метални предмети  до садовите за отпад, освен во садовите определени за таа намена;

Палење на сметот  во контејнерите за  отпад;

Забрането фрлање пепел со жар во сите садови за отпад

–  Оставање на мртви животни во и до садовите за отпад, освен на места определени за таа намена (пријаве те на тел.034 221 038).

Продолжуваме со поставување на садови за селектирање на отпад во Општина Богданци и во 2021 година.

НАПОМЕНА!

Отпадот од домаќинствата кој не е комунален отпад, по претходна најава, се собира со возило на комуналното претпријатие во деновите кои се дадени во табелата ,  ЈП „Комунална чистота“ Богданци нема да врши наплата;

Доколку граѓаните имаат потреба одлагањето да се изврши со возило на комуналното претпријатие во преостанатите денови од месецот, услугата ќе биде наплатена од страна на ЈП „Комунална чистота“ Богданци.

Распоред  за собирање на горе споменатиот отпад за 2021 година

Месец Јануари Февруари Март Април Мај Јуни
Последна  сабота од  месецот 30.01.2021 27.02.2021 27.03.2021 24.04. 2021 29.05. 2021 26.06. 2021

 

 Јули Август Септември Октомври Ноември Декември
31.07. 2021 28.08. 2021 25.09. 2021 30.10. 2021 27.11.2021 25.12.2021

 

– Цената на услугата изнесува : 500ден. за една услуга, без утовар од страна на вработените од ЈП и 800 ден за едена услуга, со утовар од вработените на ЈП „Комунална чистота„ Богданци („Одлука“ на Совет/2015г).

Апелираме, граѓаните да ги почитуваат термините за одлагање на отпадот;

Самоиницијативното фрлање на отпадот ќе го контролираат комунални редари;

– Граѓаните да ги користат садовите за отпад согласно нивната намена;

– Електронскиот и електричниот отпад можете да го донесете  во контејнерот (кафез) за овој вид отпад, кој се наоѓа на паркинг просторот , под зградата на општината, секој работен ден од 08 до 16 часот, освен сабота, недела и државни празници (телефон за контакт: 034 218 400,   моб. 078 321 586  и моб. 078 325 025);

– Не го фрлајте искористениот зејтин од домаќинствата во канализацијата, јавете се на тел. 034 218 400, моб. 078 321 586 и моб. 078 325 025 за дополнителни упатстава  и понатамошна постапка. 

Јавете се на тел. 034 221 038 – ЈП „Комунална чистота“ Богданци од 07 до 15 часот, секој работен ден од понеделник до петок, освен недела и празници.

Ви благодариме за разбирањето и почитувањето на овие мерки и напорите да направиме сé за чиста Општина.

Потпишан Договорот за реализација на проектот Безбеден граѓанин-Среќен граѓанин

                              

Потпишан е Договор за реализација на проектот  „ Безбеден граѓанин-Среќен граѓанин – Уредување на режимот на сообраќај и поставување на сообраќајни знаци во Богданци “, избран од страна на граѓанскиот форум оддржан во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Договорот го потпишаа, општина Богданци, преставувана од градоначалникот Блаже Шапов,од една страна, и БОЈТА ИНГ ДООЕЛ увоз-извоз од Скопје, од друга страна.

Предмет на Договорот е набавка на работи за уредување на режимот на сообраќај и поставување на сообраќајни знаци (вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација) во Богданци во вкупна вредност од 2.155.743,20 денари, без пресметан ДДВ.

Склучен договорот за реконструкција на улици и поставување на гумени лежечки полицајци на територијата на Општина Богданци

Општина Богданци потпиша договор за реконструкција на улици и поставување на гумени лежечки полицајци на територијата на општина Богданци.

Носител на набавката согласно спроведената е-аукција е правното лице ПЕЛАГОНИЈА-ТИРИЦ ДООЕЛ Гевгелија.

Станува збор за реконструкција односно порамнување, поставување на рабници, тампонирање и поставување на бехатон плочки на дел од улица Карпошева (со должина од 352 метри) како и за замена на веќе поставените лежечки полицајци во село Стојаково со гумени. Истиот договор опфаќа и реконструкција на улица „Мирче Ацев“ во Богданци – спој со улица „Дојранска“ (со површина од 140 м2) како и реконструкција на улица во село Ѓавото, односно бетонирање  на истата (со површина од 630м2).

Вкупната вредност на работите, предмет на договорот изнесува 1.689.960,00 денари без ДВВ или вкупно со ДДВ 1.994.152,8 денари. Целосно завршување на активностите се очекува за околу дваипол месеци согласно условите предвидени во договорот.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Богданци, согласно Програмата за  изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2020 година.

Општина Богданци согласно своите можности и понатаму ќе продолжи да работи на подобрувањето на патната инфрастуктура, како во Богданци така и во другите населени места.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција “

Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на онлајн јавна расправа по Студија  за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција.

Заради неможноста да се спроведе со физичко присуство, Јавната расправа ќе се одржи на ЗООМ електронската платформаи тоа:

–          На 19 ноември 2020 година  (четврток) во 10.00 часот за заинтересираната јавност од Општина Богданци.

Сите кои се заинтересирани да ја следат јавната расправа, потребно е да се пријават на следната е-маил адреса: opstina_bogdanci@yahoo.com. 

Ќе се реставрира урбаната опрема на брана „Паљурци“

Општина Богданци по спроведената постапка за јавна набавка избра правно лице за реставрација на постоечката урбана опрема на територијата на општина Богданци.

Активностите ќе ги изведува Занаетчија ВУДИ МИЦЕВ Богданци и истите се однесуваат на замена на старата ограда со нова, замена на старите клупи со нови, доработка и обработка на маси како и реставрација на 6 летниковци на брана „Паљурци“. Во склоп на активностите ќе се реставрираат и постоечки 4 клупи во Градскиот Парк во Богданци.

Вкупната вредност на договорот изнесува 223.800,00 денари без ДДВ, средства обезбедени од Буџетот на општина Богданци.

Активностите се очекува да завршат за околу еден месец.

Започна процесот на изработка на техничка документација за Изградба на водоводна мрежа за водоснабдување на Богданци

                                      

Општина Богданци обезбеди средства преку Фондот на техничка документација, воспоставен во рамки на Проектот “Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти” развиен од УНДП и  Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА) за изработка на техничка документација за Изградба на водоводна мрежа за водоснабдување на Богданци.

Набавката за избор на најповолен понудувач за изработка на документацијата ја спроведе донаторот и беше избран деловниот субјект ЕКО-МАР Инженеринг ДООЕЛ Битола како изведувач, со што отпочна и процесот за изработка на комплетната техничка документација.

Вкупната вредност за изработка на техничката документација изнесува 1.978.000 денари, сопственото учество на општина Богданци согласно трошоците кои произлегуваат од реализација на договорот е во вкупен износ од 430.080 денари.

Учествувај во креирањето на Буџетот на општина Богданци за 2021

Почитувани граѓани,

Општина Богданци го подготвува Буџетот за 2021 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Ве повикуваме да го пополните овој анкетен прашалник. —->линк

На овој начин ќе овозможите поголема информираност на локалната самоуправа за вистинските проблеми и создавање на Буџет кој ќе ги задоволи најголемиот дел од потребите на граѓаните.

Одговорите ќе бидат разгледани од одделението за финансиски прашања, а, сите реално остварливи предлози, идеи, во рамки на нашите можности ќе видат интегрирани во нашите буџетски програми.

Ви благодариме на соработката.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |