Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија за 06.11.2020

Почитувани,

Согласно добиеното известување од ЕВН Македонија, екипите на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во земјава. Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување Утре (Петок -06.11 2020) во периодот од 08.20 до 10.30 часот ќе остане улицата Маршал Тито од Чавдарова Чешма до Амбуланта и Горно Село.

Заклучоци од состанокот на општинскиот кризен штаб оддржан на 03.11.2020

На ден 03.11.2020 год. (вторник) со почеток во 14 часот општина Богданци во просториите на Дом на Култура „Бранд Петрушев“ оддржа Општински кризен штаб во врска со справување со актуелната состојба настаната со Корона вирусот на територија на нашата општина.

На состанокот со кој раководеше Градоначалникот, Блаже Шапов,  беа донесени следните заклучоци:

  • Ќе се врши редовна дезинфекција на улици и јавни површини на територијата на општина Богданци од страна на ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;
  • Ќе се задолжат сите совети на станари да вршат редовна дезинфекција на станбените објекти;
  • Ќе се задолжат директорите на училиштата за затварање на детските игралишта за да нема собирање на групи на деца;
  • Ќе се задолжат маркетите, продавниците, банките и поштите за редовна дезинфекција на своите влезови;
  • Општината ќе изготви плакати со протоколи и мерки за заштита од корона вирусот како и плакати со протокол за време на погреби (ова од причина што како поголем проблем со кој се соочуваме е непочитувањето на протоколите од страна на наштите сограѓани за време на погреби);

За почитување на сите овие мерки и заклучоци ќе се вршат контроли на терен со тим од инспектори.

Уште еднаш апелираме до граѓаните да бидат совесни и одговорни.

Бидете совесни и одговорни кон вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, пријатели, соседи, колеги, но и спрема секој еден жител на нашата општина. Носете маски, држете дистанца, дезинфицирајте ги рацете, не се групирајте, останете во изолација доколку сте биле во контакт со некое од позитивните лица.

Инсталирана опрема за пренос во живо на седниците на Советот на Општина Богданци

                    

 

Во рамки на Компонента 1: Зајакнување преку развивање на капацитетите на советниците, од Проектот „Зајакнување на општинските совети“ (кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации), беше реализирана набавка и монтажа на видео и аудио опрема за пренос на седниците на Советот на општина Богданци во живо.

Опремата е поставена во повеќенаменската сала во Домот на културата во Богданци.

Се работи за поставување на видео и аудио опрема за пренесување на седниците на Советот во живо (on-line streaming) на официјалните веб страни, фејсбук и јутјуб и архивирање на снимените седници на веб страните на општината.

Средствата од грант во висина од 12.000 швајцарски франци искористени за набавка на опремата ќе овозможат  воведување  на иновативни мерки за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општината, како и учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.

ЈАВЕН ПОВИК за финансирање на спортските активности од Буџетот на Општина Богданци за 2021 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14, а во врска со член 16 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“  бр.04/05, 04/11, 04/15,  09/19  и 02/20), Градоначалникот на Општина Богданци објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за финансирање на спортските активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2021 година

Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Спортски здруженија и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– да го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– да се грижат за унапредување на младите категории;

Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:

-Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2021 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2020 година (до денот на поднесување на пријавата).

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 10.11.2020 година (вторник) до 16 часот.
              Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на спортот за 2021 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на спортските активности во општина Богданци за 2021 година.

                                                                                                                Градоначалник

                                                                                                      на Општина Богданци

                                                                                                              Блаже Шапов

ЈАВЕН ПОВИК за финансирање на културните активности од Буџетот на Општина Богданци за 2021 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник  на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11, 04/15, 09/19 и 02/20), Градоначалникот на Општина Богданци објавува

ЈАВЕН ПОВИК 

за финансирање на културните активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2021 година

             Право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни лица од областа на културата кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Здруженијата на граѓани и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да придонесат за збогатување на културниот живот во општината;
– да придонесат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Богданци;
– да го поттикнат и афирмираат културното творештво  на младите уметници;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

-да обезбедат континуитет на традиционалните културно уметнички манифестации кои се од локален карактер.

Потребна документација која здруженијата на граѓани и други правни лица од областа на културата треба да ја достават:

– Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2021 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2020 година (до денот на поднесување на пријавата);

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 10.11.2020 година (вторник) до 16 часот.
            Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на културата за 2021 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на културните активности во општина Богданци за 2021 година.

                                                                                                           

                                                                                                                Градоначалник

                                                                                                           на Општина Богданци

                                                                                                                  Блаже Шапов

                                                                                                           

Заврши изградбата на атмосферка канализација со реконструкција на дел од колекторскиот систем

По изведување на градежни активности во изминатите два месеци, правното лице Вод Вар Скопје деновиве заврши со изградба на атмосферската канализација на ул.„Петар Мусев“ како и со реконструкција на дел од колекторски систем.

Граѓаните ги искажаа своите долгогодишни проблеми, а ние соодветно постапивме и со овој зафат го решивме деценискиот проблем кој го имаа жителите со излевање на фекалните води од колекторот по должината на река Луда Мара.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОДЕЛНИ СРЕДСТВА ОД ВЛАДАТА НА РСМ ПРЕКУ СВЕТСКА БАНКА ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА

               

На општина Богданци и се доделени 595.620,37 Евра,  средства  од владата на РСМ преку заемот на Светска Банка за Проектот за поврзување на локални патишта. Во рамки на овој проект општина Богданци ќе спроведе активности за реконструкција и санација на седум локални улици во Богданци. Проектните активности ќе бидат спроведени во два тендера и тоа:

Во првиот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на шест улици:

  • Реконстракција на локалната улица „ Мирче Џочков “ во должина од 160,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „ Браќа Миладинови “ во должина од 250,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „ Мирка Гинова “ во должина од 130,00м;
  • Реконстракција на локалната улица „ Кочо Рацин “ во должина од 260,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „ Ѓуров Дол “ во должина од 270,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „10 Октомври“ во должина од 164,63 м;

Подетални информации за описот на локациите и планираните активности за овие шест улици од  тендер 1 на следниот линк: Реконструкција на постојни улици, ул. „Мирче Џочков“, ул. „Мирка Гинова“, ул. „Кочо Рацин“, ул „Ѓуров Дол“ , ул. „Браќа Миладинови“ и ул. „10-ти Октомври“ во општина Богданци

Во вториот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на една улица:

  • Санација на локалната улица „ Крушевска “ во должина од 1.318,53 м;

Подетални информации за описот на локацијата и планираните активности за улица Крушевска од  тендер 2 на следниот линк: Реконструкција на постојна улица „Крушевска“ општина Богданци 

Граѓаните своите коментари и забелешки може да ги достават усно, телефонски, на меил и писмено на контакт лице во Општина Богданци: Слобода Тасиќ, тел 034/218-400, 078/325-025, e-mail: opstina_bogdanci@t-home.mk, opstina_bogdanci@yahoo.com  , и преку web страната на општината пријави проблем  http://www.pp.e-uslugi.mk/bo/.

Формулар за коментари на тендер 1

Формулал за коментари на тендер 2

 

Постари објави

 

Превземени активности на општина Богданци за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локалната патна мрежа

Линк:https://bogdanci.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%be%d0%b3/

Потпишан Меморандум за разбирање

Линк: https://bogdanci.gov.mk/%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b8%d1%88%d0%b0%d0%bd-%d0%bc%d0%b5%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d1%83%d0%bc-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b1%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5/

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за реконструкција на постојни улици, ул. „Мирче Ѓочков“, ул. „Мирка Гинова“, ул. „Кочо Рацин“, ул „Ѓуров Дол“ , ул. „Браќа Миладинови“ и ул. „10ти Октомври“ во општина Богданци во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Линк:https://bogdanci.gov.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b5%d0%bd/

Објавен оглас за реконструкција на шест улици во Богданци

Линк: https://bogdanci.gov.mk/%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d0%b2%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%be/

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за санација на постоен пат, ул. „Крушевска“ општина Богданци, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Линк:https://bogdanci.gov.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-7/

Решен проблемот со колекторскиот систем – ќе нема веќе излевање факалии во Луда Мара

Општина Богданци го реши проблемот со мешањето на фекалните и атмосферските води кои се излеваа во реката Луда Мара заради запушување на колекторскиот систем од наноси, при секои обилни врнежи. Деновиве ангажираната фирма по распишаниот тендер која понуди најниска цена – ,,Вод Вар Инженеринг ’’ од Скопје, ги заврши активностите за изградба на атмосферска канализација на улицата ,,Петар Мусев’’ како и со реконструкција на дел од колекторскиот систем со што се решава децениски проблем за заштита на животната средина.

Согласно проектот, изведена е нова атмосферска канализација и реконструкција на колекторскиот систем во должина од 420 метри при што атмосферските води ќе се излеваат во реката Луда Мара додека фекалните ќе завршуваат во колекторскиот систем. Целиот проект е реализиран со средства на општина Богданци во висина од милион и 970 илјади денари.

Со реализација на овој проект се решава повеќегодишен проблем не само за жителите на ул ,,Петар Мусев’’ туку за сите жители на Богданци односно за цела локална заедница.  Приоритетни цели на општината се заштита на животната средина и решавање на сите инфраструктурни проблеми детектирани од самите граѓани.

Релизцијата на овој проект е од Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Богданци за 2020 година на предлог на граѓаните а општината пред извесен период изврши и машинско чистење на речното корито на Луда Мара од земја трска и друга вегетација.

Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот: „Интерконективен Гасовод Северна Македонија – Грција“

Почитувани, Ве информираме дека Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: „Интерконективен Гасовод Северна Македонија – Грција“ е достапна на веб страната на Министерството за животна средина во делот Сервиси – Студии за оцена на влијание врз животната средина или на следниот линк http://www.moepp.gov.mk/?page_id=14267 и на веб страната на Општина Богданци : www.bogdanci.gov.mk

Вашето мислење, во писмена форма, можете да го доставите до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Адреса

Министерство за животна средина и просторно планирање

Управа за животна средина

Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3

Скопје

Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти на проектот интерконективен гасовод Северна Македонија-Грција

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |