Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Општина Богданци продолжува со прекинатиот форумски процес

                         

По пауза од пет месеци предизвикана од епидемијата со ковид-19,Општината Богданци во соработка со УНДП, продолжува со активностите за организирање на форумите на заедницата. До март, на самиот почеток од проектот, беа организирани една сесија од форумот и една работилница, на која се развиваа предложените концепт проекти.

За 6 август е закажана втората сесија, која ќе се одржува според усвоениот протокол од страна на имплементарот, УНДП. Протоколот предвидува обемни и строги мерки на заштита на секој учесник во форумот. Тоа подразбира обезбедување на соодветен голем простор за одржување на сесијата, обезбедување на дополнителна просторија доколку има потреба некој од учесниците, задолжителна темелна дезинфекција на просторијата, додека граѓаните можат да учествуваат со маска и задолжителна дезинфекција.

Општината, како организатор, ќе ги преземе сите мерки на заштита на учесниците во форумот, така како што предвидува протоколот на УНДП, со што се гарантираат сигурни и безбедни здравствени услови за одржување на сесијата.

Втората сесија е закажана за четврток, 6 август, во 20 часот, во холот на ООУ „Петар Мусев“. Нагласуваме, дека обезбедени се сите услови според пропишаните протоколи за заштита на УНДП.

На  втората форумска сесија се очекува да бидат презентирани седум концепт проекти од областа на социјална инклузија.

Предложени се овие концепт проекти:

1.Опремување и уредување на кабинети по природни науки во основите и средното училиште;

2.Уредување на спортско катче и простор за рекреација на младите;

3.Опремување на медиатеки во сите училишта и во градинката;

4.Поставување на летна сцена до Домот ка културата во Богданци;

5.Опремување на кино сала и уредување на дворот во Домот на култура во Стојаково;

  1. Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација;

7.Уредување и опремување на административните простории на месните и урбаните заедници.

Овие концепт проекти произлегоа од граѓанските предлози од првата сесија, што понатаму ќе се разработуваат во проекти, за кои на четвртата сесија граѓаните ќе се одлучат кој проект или проекти треба да бидат финанасирани со фондот од 50.000 швајцарски франци, што го обезбедува Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

За општината е важно учеството на граѓаните и нивните предлози и приоритети, што треба да бидат спроведени од страна на општината. Форумот е позната алатка за учество на граѓаните во донесување на одлуки од важност на заедницата, поради што Општината Богданци им пристапува со особено внимание.

Поради тоа, Општината упатува  повик до граѓаните за учестуваат во донесувањето на одлуката што е тоа што е важно за нив да биде финансирано и реализирано.

За проектот: Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации. Општината Богданци беше селектирана како една од деветте општини во државата, во рамките на третата фаза од овој проект на УНДП.

 За форумот: Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти, кои ќе се финансираат од буџетниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).

 

Склучен договорот за изградба на атмосферка канализација со реконструкција на дел од колекторскиот систем

Општина Богданци го склучи договорот за изградба на атмосферска канализација на ул.„Петар Мусев“ со реконструкција на дел од колекторски систем.

Согласно спроведената постапка за јавна набавка изведувач на активностите е правното лице ВОД-ВАР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје.

Вредноста на склучениот договор со ДДВ изнесува 1.971.765 денари, средства обезбедени во Буџетот на Општина Богданци, согласно Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Богданци за 2020 година.

Рокот за изведба на работите изнесува 60 дена од денот на водедување во работа.

Реализацијата на овој проект во пракса ќе значи целосно и трајно решавање на проблемот со атмосферските води кои го затнуваат колекторскиот систем со песочен нанос за што беше потребно постојано негово чистење. Со ова решение ќе се издвојува атмосферската вода од фекалната така да атмосферската вода директно ќе истекува во реципиентот река „Луда Мара“ а фекалната ќе истекува во колекторскиот систем.

Објавен оглас за реконструкција на шест улици во Богданци

Министерство за транспорт и врски на РСМ на официјалната страна на бирото за јавни набавки објави оглас за јавна набавка за градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во избрани општини согласно изработени основни проекти Дел 1, Дел 2, Дел 3, Дел 4 и Дел 5.

Во рамки на делот 5 ќе се реализира проектот во Општина Богданци кој опфаќа реконструкција на улиците: Мирче Џочков со должина од 158,71м, Мирка Гинова со должина од 135,80м, Кочо Рацин со должина од 260,00м, Ѓуров Дол со должина од 271,67м, Браќа Миладинови со должина од 254,39м и 10 Октомври со должина од 164,63м, зашто подолу е дадена целосната тендерска документација и предмер пресметката за јавната набавка.

Подобрување на локалната патна инфраструктура во Општина Богданци е во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка.

Носител и Договорен орган на набавката е Министерство за транспорт и врски.

Краен рок за доставување на понуди е 18 Август 2020 година, 10.30 часот.

Комплетниот оглас за прибирање на понуди можете да го превземете овде

 

Второ прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 22, 23 и 27 Јули 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 22.07.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица и Василево;

2.    На 23.07.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран;

3.    На 27.07.2020 година (понеделник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општина Гевгелија.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

Известување до земјоделците за поднесување барања за субвенции

СЕ ИЗВЕСТУВААТ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОПШТИНА БОГДАНЦИ, (БОГДАНЦИ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА СТОЈАКОВО, ЃАВОТО И СЕЛЕМЛИ) ДЕКА ЗАПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА 2020 ГОД. И ЌЕ ТРАЕ ДО 31.07.2020 ГОД. ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СВОИТЕ БАРАЊА МОЖАТ ДА ГИ ПОДНЕСАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ (САЛА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА) СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОСВЕН ПЕТОК ОД 08 ДО 16 ЧАСОТ.

При поднесување на барањата за субвенции ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се носи заштитна опрема.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Подрачна Единица Гевгелија

Известување

Општина Богданци ги известува сите подносители на листи за Изборна Единица 4 дека на ден 30.06.2020 година (вторник) во 14.00 часот во салата на Советот на општина Богданци ќе се изврши ждребење за утврдување на редоследот за истакнување на изборни плакати без надоместок на подрачјето на општина Богданци, согласно Одлуката за утврдување на местата за истакнување на изборни плакати без надоместок.

Сите заинтересирани претставници на подносителите на листи кои ќе присуствуваат на ждребењето, задолжително да поседуваат овласување и документ за идентификација.

Прво прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво прскање против возрасни комарци по земјен пат.

Согласно набавката предвидени се вкупно две прскања за ларвициди и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 24 и 25 јуни 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 24.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица и

2.    На 25.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

ДЕМАНТ

Во врска со објавениот текст на facebook страната на ВМРО-ДПМНЕ ОК Богданци, на ден 12.06.2020 година, во кој се објавуваат повеќе дезинформации  за ширината и дебелината на асфалтот кој е поставен согласно Договорот за реконструкција на локален пат-Стојаково-Селемли склучен со Друштво за градежништво и трговија ЖИКОЛ ДООЕЛ експорт-импорт Струмица, Наш бр.05-1293/2 од 27.08.2019 година, во интерес на вистината, Општина Богданци има должност да ја информира јавноста дека сите наводи наведени во текстот се нивистинити.

Неточна е информацијата дека ширината и дебелината на асфалтот не се изведени согласно Договорот за реконструкција на локален пат-Стојаково-Селемли. Воедно Во интерес на вистината Ве информираме дека  сите позиици/ставки по кои се врши изведба на работите предмет на набавка се согласно основен проект за реконструкција на локален пат Стојаково-Селемли изработен од Електро Лаб Скопје и склучениот договор согласно спроведената јавна набавка.

Воедно за сите изведени работи постои завршна ситуација потпишана од надзорен инжинер, па доколу ДПМНЕ ОК Богданци, смета дека поседува стручен кадар кој разбира од завршни ситуации слободно во секој момент ќе му биде дадена на разгледување, бидејќи Општина Богданци, Ви стои на располагање  отворено за какво било појаснување или одговор во секое време.

Повеќе од очигледно е дека на ДПМНЕ ОК Богданци, им смета домаќинското работење на општината, но ние како општина енергично ќе продолжиме напред во интерес на Општина Богданци дa градиме капитални инвестиции во инфраструктурата кое ќе ни овозможи да се справуваме со кризи, но и да оставиме добра база за напредок на идните генерации да не почнуваат наново од нула.

И покрај сите напади ќе продолжиме подеднакво посветено, домаќински и со уште поголем интензитет да работиме во интерес на граѓаните. Никој не може да ни ги оспори резултатите кои се очигледни.

Со почит

Градоначалник на Општина Богданци

Блаже Шапов

Известување за планиран прекин на напојување со електрична енергија 21.06.2020

Почитувани,

Согласно добиеното известување од од ЕВН Електродистрибуција Гевгелија, Ве известуваме дека без напојување со електрична енергија на 21.06.2020 (недела) од 05:00 до 15:00 часот ќе бидaт сите корисници од општина Богданци ( Богданци , Стојаково , Селемли , вклучително индустриските објекти меѓу Богданци и Гевгелија и Дојран -Бензинска Шимов, сервис Ампов, Оранжерии Трнка 1 и2 и други) , заради интервенција на водот.

Во општина Богданци регистрирано едно лице позитивно на вирусот Covid-19

Според денешната статистика на Институтот за јавно здравје, во Општина Богданци е регистриран првиот случај на ковид-19. Богданци досега беше една од ретките општини каде што немаше позитивни на коронавирус.

Во официјалните податоци регистрираниот еден случај во општина Гевгелија се однесува на лице со место на живеење во Богданци.Станува збор за лице кое веќе 12 дена се наоѓа во домашна самоизолација.

Место за паника нема. Од страна на општината превземени се сите мерки во интерес на заштитата на јавното здравје  и сме во постојана координација со институциите но, од исклучителна важност е улогата на сите од нас. Затоа, апелирам и повикувам, сите граѓани дисциплинирано и безусловно да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство.

Препораките остануваат исти, мерките остануваат исти. Одржување на дистанца, носење заштитни маски, редовна хигиена, само на ваков начин ќе го победиме овој невидлив непријател. Ги замолувам граѓаните и медиумите да се воздржат од ширење на непроверени и нерелевантни информации.

На инфицираниот наш сограѓанин од вирусот Covid-19 му посакувам брзо и лесно да ја надмине оваа ситуација.

Преку личен пример, да покажеме високо ниво на свест, солидарност и емпатија. Јавното здравје е наша заедничка одговорност, и само од нас зависи, како пандемијата ќе се развива понатаму.

Вирусот Covid-19 постои, и никој не е имун на истиот. Да бидеме мудри и одговорни!

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |