Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Нерегистрираните земјоделци и сточари за дозвола за движење да се пријават во општина Богданци

Општина Богданци ги известува сите граѓани кои обавуваат земјоделска дејност и одгледуваат стока и живина надвор од атарот на своето населено место, а не се регистрирани земјоделци, за да можат слободно да се движат за време на полицискиот час, потребно е да се пријават на дежурниот телефон во општина Богданци 072/916-648 денес (24.04.2020) најдоцна до 20.00 часот. При тоа потребно е да го наведат точното време и место на обавување на земјоделските активности.

Списокот со пријавените граѓани од страна на Општинските служби ќе биде проследен до ПС ОН Гевгелија.

Земјоделците коишто имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Напоменуваме дека ова не важи за лицата под 18 годишна возраст и лицата над 67 години.

Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесме во справувањето сo коронавирусот во нашата држава.

 

 

 

Дезинфекција на улиците и јавните површини во општина Богданци

Денес, 24. 04.2020 год. (петок) со почеток од 19.00 часот Општина Богданци ќе врши дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените згради на својата територија.

За таа цел  апелираме да не ги оставате вашите возила на улиците и јавните површини за да може непречено да се изврши дезинфекцијата и да се постигне саканата цел.

Се намалуваат рестрикциите на движењето

   

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите. Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

Економски оператори кои ќе примаат и ќе испорачуваат нарачки за време на забраната за движење

Ве известуваме дека следните економски оператори го  прифатија повикот на Општинскиот кризен штаб – Богданци да го организираат снабдувањето и доставата на потребните намирници на граѓаните во времето, кое со последните мерки на Владата на РСМ, е забрането движење на граѓаните:

Во Богданци:

  • Солун 53 маркет-070245980/070245960 (во недела 19.04.нема да врши достава)
  • Екстра кум-мзп – маркет -070320994
  • М-3 трејдинг маркет-070218113/071299138
  • Еко фреш-маркет-071961411/034223259
  • Мар мани фруит-пиљара-070320085/070438468
  • Бо-ана синка – продавница-078614084
  • Тие-дем дооел-пиљара-078449501
  • Елита тодоров дооел рибен ресторан-071602043
  • Цаци – иван пиљара-078845866
  • Тп сандра ми пиљара/продавница-070539318
  • Бобо левел дооел-гостилница-034221140/070392447

Во Стојаково:

  • Биг миџо маркет Стојаково-034235588/0702636561

Во Селемли:

  • Думи Душко дооел – продавница Селемли-071207451

Овие економски оператори ќе примаат и испорачуваат по телефон нарачки од граѓаните денес и утре (четврток и петок), од 16.00 до 20.00 часот, како и во сабота, недела и понеделник, од 10.00 до 18.00 часот.

Сите стари и изнемоштени лица и натаму можат да набават и да им се достават
потребните намирници преку општинскиот мобилен тим, јавувајќи се на
дежурниот телефон во Општина Богданци 072/916-648.

Дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните во претстојниот период

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно дополнувањето на Одлуката за мерки за спречување на ширење на корона вирусот донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија, се забранува пристап на лица и возила во паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми и на други јавни места и површини, во период од  16-ти април (четврток) 2020 година  од 16.00 часот, до 21 април 2020 година (вторник) до 05.00 часот.

Ова значи дека почнувајќи од утре (четврток) од 16.00 часот па се до вторник е забранета посетата на брана „Паљурци“, градскиот парк, „честте јавори“ и други слични места на територијата на општина Богданци.

Апелираме да се приддржувате кон мерките бидејќи ќе има зголемување на полициските контроли во претстојниот период.

Правила за вршење на земјоделски активности за нерегистрираните земјоделци во периодот од 17-19.04 2020 година

Ве известуваме дека согласно заклучоците донесени на Општинскиот кризен штаб оддржан денес, 15.04.2020 година, а кое се однесува на  земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а имаат потреба за извршување на земјоделски активности на територијата на нашата општина во деновите од викендот вклучувајќи го и понеделник (17-19.04.2020 година), телефонски да гo известат Општинскиот кризeн штаб  каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризниoт штаб, најдоцна по петок до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.  Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР). На овој начин на неевидентираните земјоделци ќе им се овозвожи непречено движење во сабота, недела и понеделник, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Пријавивањето е на дежурниот телефонски број  072/916-648.

Напоменуваме дека ова не важи за лицата под 18 годишна возраст и лицата над 67 години.

Крводарителска акција

На ден 21.04.2020 година (вторник) во просториите на СОУ „Богданци“  ќе се оддржи крводарителска акција во соработка со ЈЗУ „Институт за трансфузиона медицина на РСМ“ и „Црвен Крст на РСМ”.

Крводарителската акција ќе започне во 09.00 и ќе трае до 14.0 часот.

Сите заинтересирани да се пријават на телефонскиот број 078 321 465.

Направи добро дело!

Биди хуман!

Солидарноста повторно се покажа на дело

Денес општина Богданци во пресрет на Велигденските празници обезбеди и подели пакети со прехрамбени производи за семејствата со загрозен социјален статус на својата територија.

Изразуваме голема благодарност до Маркет С53, Лебопекара ММ Богданци, Печатница Софија и Маркет Миџо Стојаково за оваа нивна донација  кои во оваа исклучително тешка ситуација несебично мислат и им помагаат на граѓаните на нашата општина.

Одговорноста и солидарноста на секој во време кога ги живееме најтешките денови е за секоја почит.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ

Почитувани граѓани,

-Домаќинствата без приходи имаат право да поднесат барање за гарантирана минимална помош во центрите за социјална работа

-Се информираат сите домаќинства кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош (ГМП) за кое што можат да поднесат барање и во просториите на општинската администрација при општина Богданци, освен во центрите за социјална работа.

-За добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци.

-Износот на правото зависи од бројноста и структурата на домаќинството и се движи од
4.000 денари за едночлено домаќинство до 10.000 денари за домаќинство сочинето од 5 возрасни членови.

ВАЖНОДомаќинствата кои користат гарантирана минимална помош, ќе остварат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците април и мај 2020 година.

За подетални информации повелете секој четврток од 08-13 часот во просториите на општинската администрација при Општина Богданци

Забрана за движење на сите граѓани од 16:00 часот во петок до 05:00 часот во вторник

Владата на Република Северна Македонија на 40-та седница го разгледа и усвои предлогот за продолжување на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, односно забраната за движење ќе започне од 17 април 2020 година (петок) од 16:00 часот и ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот.

Дополнително, со одлука на Владата е усвоен предлогот на Главниот координативен кризен штаб од четврток 16 април во 16:00 часот, до 05:00 часот во вторник 21 април  да се забрани движење и групирање, односно да се затворат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите за време на периодот на забраната и посебен режим на движење за претстојниот празник, а Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите на овие места.

За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други граѓани има целосна забрана.

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други лица има целосна забрана.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |