Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Соопштение

Започнувајќи од 20.05.2019 година општинското здружение на пензионерите-Богданци започна соработка со општина Богданци според која за членовите на здружението ќе се обезбеди еден основен пакет на услуги со работно ангажирање на 2 лице (општ работник) во рамките на програмата за општинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите 4 и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2019) при што се повикуваат сите пензионери членови на ОЗП-Богданци кои се заинтересирани за добивање на овој пакет услуги да се пријават во канцеларијата на ОЗП-Богданци во Богданци

Соопштение

Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на општина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на програмата за општинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите 4 и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2019) да се пријават во центарот за вработување Гевгелија – дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.

На јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:

–   Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција со предност на невработени лица над 5 години)

–   Млади лица до 29 години

–   Лица постари од 50 години

–   Лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

–   Лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование

–   Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

–   Жртви на семејно насилство

–   Лица со попреченост

–   Жени припадници на ромската етничка заедница  и на останатите етничките заедници

–   Лица припадници на ромската етничка заедница

–   Самохрани родители

–   Родители на деца со пречки во развојот

–   Родители на 3 и повеќе деца

–   Родители на деца на улица

–   Бездомни лица

–   Лица со незавршено средно или пониско образование

За проектот во општина Богданци ке се ангажираат 3 (три) лица за период од 6 (шест) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 9000 денари со вклучен персонален данок и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување за следните работни места:

–           Технички асистент на фириотерапевт едно лице (деца со посебни потреби)

–           Општ работник две лица (грижа за стари лица)

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.

Јавниот оглас е отворен од 01.08.2019 до 15.08.2019 година.

Јавен повик ОКР 2019 мегуопштинска соработка 2

Јавен повик ОКР 2019 општина Богданци 1

Исчистено речното корито на Луда Мара во Богданци

Општина Богданци заврши со машинско чистење на речното корито на Луда Мара во Богданци од земја, трска и друга вегетација.

Во наредниот период ќе се продолжи со чистење на дел од речните корита на Гегова Река, Медурска Река, Љокова Река и речното корито на ул.25-ти Мај.

ЈП „Комунална Чистота“ Богданци интензивно работи на ставање во работа на колекторскиот систем за град Богданци кој беше наталожен со песок и остатоци од фекална канализација така што детално се прочистува дел по дел за истиот да може целосно да ја извршува својата функција.

Поставени огласни табли во Богданци и Стојаково

Општина Богданци постави четири огласни табли за јавни потреби на неколку локации кои ќе служат за лепење на плакати, реклами и некролози. Таблите се поставени на влезот во Богданци (спроти печатница „Софија“), на автобуска станица и кај „Бреботекс“ додека  четвртата табла е поставена на центарот во село Стојаково.

Поставените табли ќе бидат единствени места каде поставувањето на некролози и плакати е дозволено. Се замолуваат граѓаните да не ги користат дрвјата и другите јавни површини за оваа намена.

Општина Богданци обезбеди 1.500.000,00 денари за изработка на комплетна техничка документација за атмосферска канализација за град Богданци

Согласно распишаниот конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2019 година од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Богданци доби финансиски средства за проектот: „Изработка на комплетна техничка документација за атмосферска канализација за град Богданци“.

За таа цел општината распиша оглас за јавна набавка каде согласно критериумот најниска цена беше избрана понудата на ДПИТУ ХИДРО ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕРИНГ ДОО СКОПЈЕ. Вкупната вредност на договорот изнесува 1.401.085,00 денари, од кои 1.000.000,00 денари ќе исплати Министерството за животна средина и просторно планирање, а остатокот од 401.085,00 со вклучен 18% ДДВ ќе го исплати Општина Богданци.

Рокот за реализација на договорот изнесува 6 месеци и истиот вклучува изработка на проект за инфраструктура, ревизија на проект за инфраструктура, изработка на основен проект и ревизија на основен проект за 25-ти мај, Гегова река, Медурска и Љокова река.

Со оваа техничка документација ќе биде предложено решение за прифаќање и одведување на атмосферските води во Богданци кои при обилни врнежи се зголемува нивното количество и истите прават оштетувања на инфраструктурата и домовите.

Потпишани договорите за финансирање на проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во Oпштина Богданци

Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа до крајот на годината ќе бидат реализирани 74 нови проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во 54 општини. Вкупната вредност на проектите е 124 милиони денари, или 2 милиони евра.

За таа цел, на ден 18.07.2019 година во Владата на Република Северна Македонија Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и Директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи  потпишаа договори за финансирање на одобрените проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за развој на селата. На настанот беа присутни и Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

Во мерката за Развој на подрачја со специфични развојни потреби за Општина Богданци ќе се имплементира проектот: Реконструкција на дел од улиците: Гоце Делчев, Дваесетипетмина и Никола Карев во Стојаково. Вкупната проектирана вредност на овој проект е 3.811.535,70 денари од кои одобрени средства од програмата за рамномерен регионален развој се 3.000.000.00 денари.

Во мерката за Развој на селата ке се имплементира проектот: Реконструкција на улица Солунска во Селемли. Вкупната проектирана вредност на овој проект е 1.174.878,92 денари од кои одобрени средства од програмата за рамномерен регионален развој се 587.439.46 денари.

Станува збор за проекти, кои што решаваат значајни проблеми и имаат големо влијание на квалитетот на живеење на жителите во руралните населени места во општината.

Одложен најавениот прекин за снабдување со електрична енергија

Почитувани,

Согласно добиеното изнестување од страна на ЕВН Македонија КЕЦ Гевгелија,  најавениот прекин за снабдување со електрична енергија на 20.07.2019 и 21.07.2019 година е одложен.

За следни промени ќе бидете благовремено известени.

Започна чистење на речните корита во Општина Богданци

Општина Богданци согласно спроведената постапка за чистење на речни корита на територијата на Општина Богданци,  започна со чистење на речните корита.

Согласно склучениот договор ќе бидат опфатени дел од речните корита на река Луда Мара, дел од Гегова Река, дел од Медурска Река, дел од Љокова Река и дел од речното корито на ул.25-ти Мај.

На ден 17.07.2019 година се започна со чистење на река Луда Мара а активностите опфаќаат машинско чистење на речното корито со багер од земја, трска и друга вегетација. По завршување на чистење на коритото на река Луда Мара ќе се продолжи со чистење на погоренаведените речни корита.

Изведувач на активностите е правното лице ДГП „АЛФА ПРОЕКТ“ ДООЕЛ Гевгелија.

Вкупната вредност на работите предмет на договорот изнесува 650.160,00 денари + ДДВ.

All-focus

Второ авио-третирање против комарци

Ве информираме дека второто авио-третирање против комарци во општините Богданци, Валандово и Дојран е планирано да се изврши на 23.07.2019 година – вторник, во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе  на 24.07.2019 година.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да  ги затворат истите во најавениот временски период.

Ребаланс на Буџетот на Општина Богданци за 2019 година

На 30-та седница на Советот на Општина Богданци се разгледаа и едногласно се усвоија измените и дополнувањата на Буџетот на Општината за 2019 година, кој е зголемен за нови 32.560.234,00 денари .

Со Ребалансот, Буџетот на Општина Богданци за 2019 година изнесува 183.536.224,00 денари од кои :

  • Даночните приходи се планирани на износ од 23.254.613,00 денари
  • Неданочните приходи се планирани на износ од 10.162.500,00 денари
  • Капиталните приходи се планирани  на износ од 3.000.000,00 денари
  • Приходите од дотации се планирани на износ од  355.738,00 денари и
  • Приходите од трансферите се планирани на износ од  565.311,00 денари
  • Пренесен вишок од претходната година 24.198.062,00 денари.

Во измената и дополнувањето на Буџетот на општината во делот на наменската дотација се направени комплетни измени во речиси сите програми на единките корисници. Истите како и основниот буџет се намалени на ниво на циркуларот доставен од страна на Министерството за финансии каде блок дотацитаја за 2019 година им изнесува 68.181.571,00 денари и салдо од претходна година 5.174.167,00 денари.

Потребата од донесување на Ребаланс на Буџетот произлезе согласно одобрените средства од страна на Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за следните проекти:

  • Реконструкција на локален пат Стојаково–Селемли, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција 18.033.226,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува 3.245.981,00 денар;
  • Реконструкција на улици во населено место Селеми, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција 8.418.880,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува 515.398,00 денари;
  • Реконструкција на пешачка и велосипедска патека Богданци-Чести Јавори-Паљурци, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција 10.681.140,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува922.605,00 денари ;
  • Ревитализација на локален пат Богданци – Стојаково – Ѓавато, вкупна одобрена вредност за бараната инвестиција 11.038.520,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува 1.986.933,00 денари.

АФПЗРР обезбеди средства во износ од 48.171.766,00 денари додека Општина Богданци за овие проекти ќе инвестира вкупно 8.670.917,00 денари. Вкупната инестиција изнесува 56.842.683,00 денари.

Структурата на ребалансот е така направена што средствата се насочени кон развој на општината како и подобрување на квалитетот на живот особено во руралните средини.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |