Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Инфо ден ИПАРД 2014-2020

На ден 29.01.2020 година (среда) во организација на Министерство за земјоделство, шумарство водостопанство  во 11.00 часот во просториите на Гостилница ЕВРИ Богданци ќе се оддржи еднодневен настан Инфо ден ИПАРД 2014-2020.

Овој Инфо ден е наменет за МЕРКА 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, за лица и фирми преработувачи кои би сакале да конкурираат за субвенции.

Општина Богданци доби комплетна техничка документација за изградба на три улици

Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што со Светска банка го реализира посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините.

Врз основа на јавниот повик објавен од страна на Министерството за финансии, Општина Богданци на ден 09.01.2020 година доби комплетна техничка документација за изградба на три улици во Богданци со кумулативна должина од 3км. Станува збор за готови проекти за улиците Маршал Тито, Изворски и Петар Мусев во Богданци за кои во наредниот период ќе се бараат средства за нивна реализација.

Информација за инфо денови за ИПАРД Програмата 2014-2020

За сите заинтересирани компании од општина Богданци, за создавање на нови услови за вработување, достигнување на ЕУ стандардите, имплементирање на нови технологии и процеси, на 28 декември 2019 година отворен е јавен повик 02/2019 година за мерка 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД фондовите одржува инфо денови  за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014-2020 со особено внимание  на мерката 3. Распоредот и програмата за инфо деновите е во прилог и тие  се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Линкот за инфо деновите и програмата е во продолжение.

http://ipard.gov.mk/mk/soopstenija/%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b8-%d0%bc/

Салите во кои ќе се одржуваат инфо деновите во споменатите места ќе бидат објавени на веб сајтот www.ipard.gov.mk пред одржување на настанот (во вид на соопштение).

Соопштение за традиционално палење на коледарскиот оган во Богданци и Стојаково

Почитувани,

Имаме голема чест да ви соопштиме дека и во 2020 година во општина Богданци ќе се оддржи настанот традиционалното палење на коледарскиот оган.

Во Богданци настанот ке се оддржи во Недела, 05.01.2020 година, во Градскиот парк со почеток во 18 часот.

Настанот е во организација на Лебопекара ММ и Солун 53 маркети.

Во Понеделник, 06.01.2020 година, истиот настан во организација на Месната Заедница Стојаково ќе се оддржи во населено место Стојаково придружен со оддржување на забавна програма (маскенбал) во Домот на култура Стојаково со почеток во 19.30 часот.

ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКИТЕ ВО БОГДАНЦИ И СТОЈАКОВО

Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, по повод новогодишните и божиќните празници на децата од градинките во Богданци и с.Стојаково им подели пакетчиња и им посака здравје, среќа и радост во Новата Година, а децата со песна и играа му посакаа топло добредојде.

Честитка за католички Божиќ

Општина Богданци на сите граѓани од католичка вероисповест им го честита големиот христијански празник Раѓањето Христово-Божиќ.

Општина Богданци на  католичките верници им посакува празничните денови да ги минат во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето.

Празничните денови нека донесат Божји благослов во вашите срца, во домовите и во вашите семејства.

Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божиќ !

Склучен договорот за уредување на улици на територијата на Богданци

Општина Богданци го склучи договорот за уредување на улици на територијата на град Богданци. Станува збор за уредување со бехатон плочки на улиците Максим Горки со должина од 180м, крак од улицата Никола Карев со должина од 150м, дел од улица 29-ти Ноември со должина од 130м како и поставување на грбнатини на улиците Петар Мусев, Изворски и Крушевска.

Согласно спроведената постапка за јавна набавка изведувач на активностите е правното лице Пешо Инженеринг ДОО Струмица.

Вредноста на склучениот договор со ДДВ изнесува 1.859.255 денари, средства обезбедени во Буџетот на Општина Богданци.

Активностите за реализација на истиот потребно е да завршат во текот на месец февруари.

ПРИЕМ НА УЧЕСНИЦИТЕ НА ЛИКОВНИОТ КОНКУРС НА ТЕМА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Согласно Програмата за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2019 година, од страна на Градоначалникот  беше распишан јавен конкурс за изработка на ликовни творби на тема: „Родова рамноправност“ на кој право на учество имаа сите ученици од СОУ „Богданци“ Богданци.

Конкурсот беше распишан со цел да се стимулира детското ликовно творештво и да се подигне свеста за еднаквите можности на момчињата и девојчињата. Пристигнатите творби беа разгледани од Комисијата од општината и за истите доделени награди и тоа за прво, второ и трето место.

Сите учесници на конкурсот заедно со директорката на СОУ „Богданци“, Росица Шабанова и менторот Ѓорги Петровски денес, 24.12.2019 година остварија средба со Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, кој им додели благодарници на сите учесници,а на наградените парична награда за освоено прво, второ и трето место.

Прво место усвои ученикот Стефан Коцев I2 клас кој доби парична награда во износ од 4.000 денари, второ место ученичката Магдалена Алексовска I5 клас на која и беше доделена парична награда во износ од 3.000 денари и третото место и припадна на ученичката Марија Пеева IV1 клас со парична награда од 2.000 денари.

           

Блаже Шапов, им честита за постигнатиот успех на учениците и нивниот професор и им посака уште поголеми резултати во идните активности и проекти.

ЈП „Комунална Чистота“ Богданци обезбеди нова механизација

 

 

ЈП „Комунална Чистота“ Богданци за своите потреби набави трактор марка John Deere со приклучна механизација: приколка, вакумска цистерна за чистење на канализациони шахти и септички јами и мулчер за косење на банкини .

Возилото е набавено со сопствени средства согласно спроведена јавна набавка во вредност од 1.450,000.00 денари со вкучен ДДВ од правното лице Синпекс ДОО Битола.

Со набавката на оваа механизација ќе се подобрат условите и ефикасноста во работењето на претпријатието и воедно ќе се подигне квалитетот на комуналните услуги соодветно на потребите на граѓаните на општина Богданци.

НАД ЕДЕН МИЛИОН ФРАНЦИ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО 18 ОПШТИНИ

Во рамките на проектот за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) потпиша договор за соработка со 18 општини:  Центар, Куманово, Брвеница, Желино, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадарци, Могила, Ѓорче Петров, Тетово, Крушево, Вевчани, Зрновци, Чашка, Богданци, Битола и Берово.

Преку проектот, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, советниците од овие општини добиваат обуки и поддршка за планирање и трошење на општинските буџети согласно очекувањата на граѓаните, а секоја од општините ќе добие грант во висина од 50.000 швајцарски франци за приоритетни проекти кои ќе ги изберат граѓаните преку Форумите во заедницата.

„Проектот е сеопфатен бидејќи вклучува градење на капацитетите, финансиска поддршка и вмрежување на советниците, со цел да се постигне системска промена кај општинските совети“, рече Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан. „На овој начин општинските совети ќе станат поефикасни и посамостојно ќе можат да се справат со влијанијата на извршната власт исполнувајќи ги нивните улоги на одлучување, надзор и претставување“, додаде Сахакјан.

„Задоволни сме од партнерството со УНДП во напорите да се зајакне улогата на општинските совети и да им се овозможи соодветна обука, можности за вмрежување и професионална соработка, на национално и меѓународно ниво“, изјави амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада.

Покрај обуките за советниците и грантот од 50.000 швајцарски франци, секоја од општините ќе добие и грант во висина од 12.000 швајцарски франци за имплементација на иновативни IT решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините, како и учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.

„Политиката на Владата за подобрувањето на системот на локалната самоуправа е јасна, а во последните шест месеци, со активностите за продлабочување на процесот на децентрализација и многу актуелна. Крајната цел е оддржливи, ефективни и ефикасни општини, во служба на граѓаните, што всушност е и целта на овој проект. Транспарентно и отчетно работење кое што во центарот на вниманието секогаш ќе го има граѓанинот“, изјави заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

„Преку проектот се обезбедува континуирана поддршка на работата на Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините со подготовка на полугодишни и годишни извештаи за финансиското работење на општините, преку кои се следи напредокот на финансиската децентрализација“, изјави Ширет Елези, заменик-министерка за финансии.

Од 2017 година до сега, вкупно 24 општини се вклучени во програмата. Во Велес, Свети Николе, Чаир, Охрид, Струмица и Валандово веќе се реализираат проекти со кои се подобруват социјалните услуги за најранливите категории граѓани во овие општини.

Проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |