Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Соопштение

Се известуваат жителите на Стојаково дека во Четврток (28.11.2019година) закажан е работен состанок со Градоначалникот на општина Богданци Блаже Шапов во просториите на ресторанот со почеток во 19.00 часот. На истиот ќе се разговара за досегашните активности, зс тековните проекти но и за идните планови за развој на селото. Го очекуваме Вашето присуство.

Препораки од Владата на Република Северна Македонија во врска со загадувањето на воздухот

По одржаниот состанок на Владата на Република Северна Македонија во врска со актуелната состојба со животната средина – квалитетот на воздухот и заклучоците кои произлегоа од состанокот, општината апелира да не се користат гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла за индивидуално затоплување и затоплување во правните субјекти.

За таа цел, на територијата на Општина Богданци се формираа тимови кои ќе вршат инспекциски надзор, со цел да се заштити животната средина и здравјето на луѓето.

Спроведена закажаната еко акција

Успешно заврши планираната акција за чистење на улиците „Крушевска“ и „Изворски“, како и паркот пред СОУ „БОГДАНЦИ“ Богданци.
 Благодарност до учениците и наставниците од СОУ„БОГДАНЦИ“ Богданци и ООУ „Петеар Мусев“ Богданци, претставници од Совет на Општина Богданци, вработени од Општина Богданци, ЈП „Комунална чистота“ Богданци како и на граѓаните  кои се вклучија во акцијата.

Акција за почист град

Советот на Општина Богданци заедно со  Општина Богданци, на ден 29.10.2019година (вторник) со почеток од 12:30 часот, организираат ДОБРОВОЛНА акција за собирање на смет од улиците „Крушевска“ ( од раскрсница- продавница на  Перо Попов до ООУ„Петар Мусев“ Богданци), улица „Изворски“ (почеток од Општина Богданци до откупен магацин на „Туран“ Богданци) и паркот пред СОУ „БОГДАНЦИ“ Богданци .

Место на собирање на учесниците во акцијата е паркот пред СОУ „БОГДАНЦИ“ Богданци.

Јавен повик за финансирање на културните активности од Буџетот на Општина Богданци за 2020 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник  на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11, 04/15 и 09/19), Градоначалникот на Општина Богданци објавува

ЈАВЕН ПОВИК 

за финансирање на културните активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2020 година

             Право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни лица од областа на културата кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Здруженијата на граѓани и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да придонесат за збогатување на културниот живот во општината;
– да придонесат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Богданци;
– да го поттикнат и афирмираат културното творештво  на младите уметници;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

-да обезбедат континуитет на традиционалните културно уметнички манифестации кои се од локален карактер.

Потребна документација која здруженијата на граѓани и други правни лица од областа на културата треба да ја достават:

– Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2020 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2019 година (до денот на поднесување на пријавата);

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 24.10.2019 година (Четврток) до 16 часот.
            Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на културата за 2020 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на културните активности во општина Богданци за 2020 година.

                                                                                                           

Јавен повик за финансирање на спортските активности од Буџетот на Општина Богданци за 2020 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14, а во врска со член 16 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“  бр.04/05, 04/11, 04/15  и 09/19), Градоначалникот на Општина Богданци објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за финансирање на спортските активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2020 година

             Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Спортски здруженија и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– да го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– да се грижат за унапредување на младите категории;

Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:

-Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2020 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2019 година (до денот на поднесување на пријавата).

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 24.10.2019 година (Четврток) до 16 часот.
              Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на спортот за 2020 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на спортските активности во општина Богданци за 2020 година.

                                                                                                                

Честит Празник 11 Октомври

Почитувани граѓани,
Нека ни е честит празникот 10 Октомври  – Денот на ослободувањето на Богданци и 11 Октомври – Денот на македонскиот непокор!


buca escort

Да го забележиме времето во кое живееме, но никогаш да не ги запоставиме заслугите на постарите генерации.
Ви посакувам добро здравје и уште многу вакви годишнини.
Градоначалник на
Општина Богданци

Организирана еднодневна ексурзија за децата со посебни потреби во Дојран

На иницијатива на Општина Богданци и во соработка со ЦСР Гевгелија, децата кои престојуваат во Дневниот Центар за деца со посебни потреби Гевгелија на ден 27.09.2019 година остварија кратка екскурзија во Дојран со ручек во еден од локалните ресторани, каде имаа можност да поминат прекрасно време уживајќи во глетката на езерото.

Оваа активност беше планирана во Програмата за мерките и активностите на општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2019 година и е само една од активностите која става акцент на социјалната инклузија како и интеракција со средината која ги опкружува овие деца.

alsancak escort

Впечатоците од екскурзијата беа одлични а насмевката на нивните лица беше повеќе од очигледна.

Општина Богданци и во наредниот период ќе продолжи да организира вакви активности чија главна цел е да помогнеме во социјализацијата на овие деца, со дружење и со наше внимание да им покажеме дека не се сами во нивната секојдневна борба.

Оддржан Биди активен Пријателски натпревар во Oпштина Богданци

Во соработка со Агенција за млади и спорт во рамки на проектот “Европска недела на спортот”, Општина Богданци, ООУ „Петар Мусев“ Богданци и ОУ „Кирил и Методиј“ Стојаково го реализираа настанот “Биди активен  Пријателски натпревар”.

izmir escort bayan

Настанот беше оддржан на отвореното игралиште за фудбал и кошарка и мултифункционалното игралиште во рамки на ООУ „Петар Мусев“ Богданци, и на истиот присуствуваа  100 ученика во мешан состав, возраст и пол од двете основни училишта ООУ „Петар Мусев“ Богданци и ОУ „Кирил и Методиј“ Стојаково.

Беа организирани пријателски -спортски натпревари во Фудбал и Кошарка.

Целта на целиот проект како и на овој настан е промоција на пораката луѓето да бидат здрави и активни, како и поттикнување на помладата генерација за здрави и активни навики.

Биди активен Училишен ден во општина Богданци

Во рамки на проектот “Европска недела на спортот” спроведуван од Агенција за млади и спорт на РСМ, во општина Богданци беше имплементиран настан “Биди активен училишен ден”

escort izmir

Настанот беше оддржан на мултифункционалното игралиште во рамки на ООУ Петар Мусев Богданци и на истиот присуствуваа  64 ученика од прво одделение од двете основни училишта, ООУ „Петар Мусев“ Богданци и ОУ „Кирил и Методиј“ Стојаково.

Во организација на наставниците по спорт и спортски активности и одделенските наставници беа организирани штафетни игри (елементарни, прилагодени на возраста)

Целта на настанот е промоција на пораката луѓето да бидат здрави и активни, како и поттикнување на помладата генерација за здрави и активни навики.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |