Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Јавна расправа по предлог –Интегриран план за локален развој на Општина Богданци

На ден 12.03.2019 година на работилница оддржана во просториите на ЈОУДК Бранд Петрушев, беше разгледана Нарцт верзијата на документот Интегриран план за локален развој на Општина Богданци од тимот за изработка на овој стратешкиот документ.

По предлог верзијата на  документот Интегриран план за локален развој на Општина Богданци упатуваме повик за јавна расправа до сите заинтересирани граѓани и деловни субјекти  со цел донесување на што поизддржан (подобар) стратешки документ за развој на општината .

Забелешките во однос на стратешкиот документ ги очекуваме до 28.03.2019 година на следната e-mail  адреса:  opstina_bogdanci@t-home.mk.

Предлог верзијата на документот може да ја превземете од следниот линк ИПЛР-ПРЕДЛОГ .

Можност за учество во Јавна Анкета

Локалниот акционен план за животна средина (ЛЕАП),  е стратешки плански документ на локално ниво  инициран од потребата на граѓаните за чиста и здрава животна средина, но и како правна обврска која произлегува од законската регулатива.

Со цел поголема информираност на граѓаните и во насока на нивно вклучување во процесот на подготовка и изработка на ЛЕАП, објавуваме Јавна анкета во електронска верзија, како би можеле сите заинтересирани граѓани да одговорат на истата по електронски пат.

Со пополнување на анкетниот прашалник https://www.surveymonkey.com/r/2WGMFC5 , Вие директно учествувате во креирање на животната средина во нашата Општина.

Пошумен дел од Ранковец

    

Акцијата за пошумување која ја организираше Општина Богданци во соработка со Подружница ШС ,,Кожуф” Гевгелија, на м.в ,, Ранковец “ (4 – 5 ветерница) на ден 21.02.2019 година, заврши по планираното.

Благодарност до учениците од училиштата во Општина Богданци и нивните наставници, до Директорот на Подружница ШС ,,Кожуф Гевгелија и вработените.

Извештајот за површината и бројот на засадените садниците (бор) го подготвува Подружница ШС ,,Кожуф  Гевгелија.

Пошумување

Почитувани,

      Ве известуваме дека Општина Богданци во соработка со Подружница ШС „Кожуф“ Гевгелија, организира акција за пошумување на м.в „Ранковец“, патот кон депонијата во Богданци, територија помеѓу четвртата и петтата ветерница.

       Активноста  ќе се одржи  на ден 21  февруари  2019 година (четврток),  во период од 10:30  до 13:00 часот.

       Во акцијата можат да се вклучат, освен учениците од училиштата во Општина Богданци, физички и правни лица кои ќе покажат интерес. 

       Тргнување на автобусот на фирмата ДПТ ,,ГОКИ,, Јадранка ДОО увоз-извоз Богданци од автобуската станица во Богданци, во 11 часот и  во 12 часот , по потреба продолжуваме во 13 часот од истото место.
 Со почит,
                                                                                                                                                                                                                                                                              Општина Богданци

Известување

Почитувани,

Ве известуваме  дека фирмата која Ви подели  садови за собирање на искористено масло за јадење врши собирање на истото со доаѓање до вашите домови. По полнење на садовите јавете се на тел. 02 2 650 100 и 02 2 650 600 или обратете се на следната е-маил адреса:  operator@sunilens.com.mk.

 

Превземени активности на општина Богданци за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локалната патна мрежа

Општина Богданци во рамки на своите можности и подпомогната од Фондот за патишта редовно ги оддржува локалните улици и патишта.

Реалната слика е дека и покрај редовното оддржување локалната патна мрежа е во релативно лоша состојба. Ваквото редовно оддржување на веќе истрошените улици претставува голем товaр за Општината и во иднина како општина со скромен Буџет за оваа намена не ќе бидеме во состојба континуирано да обезбедуваме квалитетно оддржување на локалната патна мрежа, затоа  врз основа на стратешкиот документ за локален развој предвидено е реконструкција на следниве локални улици и патишта со изнаоѓање средства од домашни и мегународни донатори:

 

  • Улици и патишта за кои е веке аплицирано и за кои се очекуваат резултати.
  1. Реконструкција на локален пат Стојаково –Селемли во вредност од 21.279.206,28 денари со вклучен ДДВ, со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата на АФПЗРР во мерка 321 и е во очекување на негово одобрување, патната мрежа е во должина од 3903.17м.
  2. Реконструкција на улици во населено место Селемли во вредност од 9.934.278,46 денари со вклучен ДДВ, со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата на АФПЗРР во мерка 322 и е во очекување на негово одобрување, патната мрежа е во должина од 991,81м (475,16 главна улица +123,8 Ул1 +151,15Ул2 +67,84Ул3 +173,86Ул4).
  3. Реконструкцијата на пешачка и велосипедска патека Богданци-Честе Јавори –Паљурци фаза 1 во вредност од 12.603.745,20 денари со вклучен ДДВ, со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата на АФПЗРР во мерка 323 и е во очекување на негово одобрување, патеката е во должина од 2647,77м.
  4. Реконструкција на локален пат Делница Р1109-Стојаково во вредност од 13.605.914,63 денари со вклучен ДДВ, со овој приоритетен регионален проект општина Богданци преку ЦРЈИПР има аплицирано до програмата на АФПЗРР и е во очекување на негово одобрување, патната мрежа е во должина од 2.603,40м.
  5. Реконструкција на дел од пристапни улици кон здравен дом во Богданци (дел од улици Васо Марков, Мирче Ацев и Дојранска) во вредност од 2.612.823,25 денари со вклучен ДДВ, со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата за развој на на обединетите нации УНДП  проектот е одобрен и во очекување сме на негово имплементирање во наредниот период, патната мрежа е во должина од 405,06м (201,66 Васо Марков+79,13 Мирче Ацев+124,27 Дојранска).

 

  • Улици и патишта за кои е изработена целосна проектна документација и се очекува изнаогање на донаторски фондови.
  1. Патна инфраструктура во туристичка зона Паљурци – Приклучок на улици 1 и 2 кон регионален пат Р1109 Богданци –Фурка во м.в Паљурци во вредност од 5.579.573,00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 300м.
  2. Реконструкција на улица Крушевска –Богданци во вредност од 15,120,026.63 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од 1.318,53м.
  3. Изградба на нов мост преку Луда Мара за поврзување на населено место Богданци со индустриска зона Барта во вредност од 11.776.706,80 денари со вклучен ДДВ, должина на мост 24,1м, ширина на мост 5,5m со две сообраќајни ленти од 2,75m.
  4. Реконструкција на улица во с.Гавото во вредност од 5.172.308,00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 1000м.
  5. Реконструкција на улица Кочо Рацин –Богданци во вредност од 2.061.889.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 260м.
  6. Реконструкција на улица Брака Миладинови –Богданци во вредност од 2.404.357,00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 250м.
  7. Реконструкција на улица Ѓуров Дол –Богданци во вредност од 2.494.009.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 270м.
  8. Реконструкција на улица Мирче Џочков –Богданци во вредност од 1.524.956.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 160м.
  9. Реконструкција на улица Мирка Гинова –Богданци во вредност од 1.341.607.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 130м.

–      Улици и патишта за кои е во тек изработка на проектна документација.

  1. Ул Петар Мусев во населено место Богданци.
  2. Ул Иво Лола Рибар во населено место Богданци.
  3. Ул Козјак во населено место Богданци.
  4. Ул 26-ти Април во населено место Богданци.
  5. Ул Луда Мара во населено место Богданци.
  6. Ул Осоговски во населено место Богданци.
  7. Ул 11-ти Октомври во населено место Богданци.
  8. Ул 10-ти Октомври во населено место Богданци.

 

  • Уредување на улици предвидено со годишната програма за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локални патишта и улици во општина Богданци за 2019 година
  1. Кршење на стар асфалт и вадење на стари ивичњаци, чистење на тротоарска површина, тампонирање и поставување на бехатон на ул Маршал Тито- Богданци во вредност од 1.900.000,00 денари.
  2. Сечење на асфалт, ископ, поставување и набивање на тампон и поставување на гребнатини на ул Петар Мусев, ул Изворски, ул Крушевска пред градинка и основно училиште- Богданци во вредност од 79.200,00 денари.
  3. Крпење на асфалт- Богданци во вредност од 354.000,00 денари.
  4. Дел од улица 25-мина –Стојаково во вредност од 1.000.000,00 денари (Набавка, транспорт и поставување на улични бетонски рабници 18/24см, чистење, тампонирање и поставување на бехатон во површина од 795м2).
  5. Споредни улици- Ѓавото (чистење, тампонирање и бетонирање од 4000м2) во вредност од 2.000.000,00 денари.

За дел од проектите за кои има спремна проектна документација се очекува реализација преку повиците во новата ИПАРД мерка ,Унапредување и развој на руралната инфраструктура, која се очекува да биде активна од 2019 година и стретсвата обезбедени за развој на општините преку Светска банка кој се очекуваат да бидат активни во првиот квартал од 2019, додека за проектите од регионално значење се очекува реализација преку ЦРЈИПР со средсва обезбедени од БРР во мерката за регионален развој.

Во годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2019 година на ЈП за државни патишта предвидено е отпочнување на реализација на Регионален пат Р1109, Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија, должина 24 км.

Вредно да се напомене е дека како дополнителен проблем со кој се соочува општина Богданци е застарената урбанистичка документација која при реконструкција на локалните улици и патишта носи  потреба од  легализација и експропријација.

Во моментот општина Богданци има завршен процес за легализација на обиколницата околу Богданци и на делови од улиците Васо Марков, Мирче Ацев и Дојранска.

Покрај сите предизвици со кои се соочува, општина Богданци продолжува да изнаоѓа најсоодветни решенија во служба на граганите за обезбедување поквалитетни услови за живеење.

 

Јавен оглас за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08- 2365/20 од 25.12.2018 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 18/18), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува  

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2019 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  300,оо денари  месечно за секој корисник  и е составена од една компонента и тоа:

  1. покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата;

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот на Општина Богданци имаат:

  • Лица корисници на социјална парична помош;
  • Да е корисник на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци,

Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:

  • Потврда дека е корисник на социјлана парична помош;
  • Потврда за користење на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;
  • Лична карта (на увид);

Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданци или преку пошта, на адреса : Oпштина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;

Јавниот оглас ќе трае 10 дена од денот на објавувањето на веб страната на општината  www.bogdanci.gov.mk, и на огласната табла на општината, а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 03.02.2019 година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.

Градоначалникот во посета на првороденото бебе во Новата Година

 

 

На 03.01.2019 година се роди првото бебе (машко) во Одделението за Гинекологија и Акушерство при општата Болница во Гевгелија.

Мајка на првороденото бебе е  Гордана Диванисова  од Богданци.

Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов,  денес ја посети родилката на кои и беа доделени пригодни подароци.  Исто така ќе и биде доделен и паричен надомест одвоен од Буџетот на Општината за новородено бебе.

Среќни Новогодишни и Божиќни празници

 

Почитувани,

Ми претставува задоволство во мое лично име, во името на општинската администрација како и од името на Советот на Општина Богданци, да Ви испратам најискрени желби за што подобра Нова Година, посакувајќи во секое семејство да преовладува здравје, љубов, среќа и слога.

Ќе ја искористам оваа честитка да им посакам на сите Христијани од Православна вероисповед претстојниот празник, Раѓањето Христово – Божиќ да го минат во добро здравје, мир и благосостојба. Божиќните прослави нека бидат добра можност  за јакнење на вербата во иднината и надминување на сите несогласувања.

Празничните денови нека донесат Божји благослов во Вашите срца, во домовите и во вашите семејства.

Нека Ви е среќна, весела и бериќетна Новата 2019 година!

Среќни празници!

 

Со почит,

Блаже Шапов – Градоначалник на Општина Богданци

 

Соопштение за прекин на водоснабдувањето во Богданци и село Ѓавото

Се информираат жителите на Богданци и с.Ѓавато дека денес, 31.12.2018 година поради дефект со напојувањето со електричната енергија (висок напон) во село Ѓавато, без вода за пиење ќе останат населените места Богданци и Ѓавато, почнувајќи од 15.00 часот. Во моментов се работи на отстранување на дефектот.  Се надеваме на разбирање од Ваша страна

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |