Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Јавен повик за Општинско корисна работа 2024

Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на општина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на програмата за опшптинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2024) да се пријават во центарот за вработување Гевгелија– дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.

На јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:

  • Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)                    
  • Млади лица до 29 години
  • Лица постари од 50 години
  • Лица корисници на гарантирана минимална помош
  • Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • Жртви на семејно насилство
  • Лица со попреченост
  • Жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници
  • Лица припадници на ромската етничка заедница
  • Лица на кои им е решен статусот со лична документација
  • Самохрани родители
  • Родители на деца со пречки во развојот
  • Родители на 3 и повеке деца
  • Родители на деца на улица
  • Бездомни лица
  • Лица со незавршено средно или пониско образование

За проектот во општина Богданци ќе се ангажираат 2 (две) лица за период од 9 (девет) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 13.750 денари со вклучен персонален даноки осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување за следните работни места:

  • 2 позиции: 2 асистенти за помош и поддршка при самостојно живеење

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.

Јавниот оглас е отворен од 07.06.2024 до 14.06.2024 година.

Пријави корисник во Програмата Општинско корисна работа

Известување

Ги известуваме граѓаните дека во Понеделник, 27-ми Мај, ќе се работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Максим Горки во Богданци. Затоа во периодот од 10.00 до 13.00 часот улица „Маршал Тито“ од автобуската станица до „Максим Кафе“ ќе биде затворена за сообраќај.

Повикуваме на разбирање и почитување на поставената сообраќајна сигнализација

Општина Богданци дел од Генералка Викенд

Општина Богданци денес, 17-ти мај се вклучи во најголемата до сега спроведена еколошка акција во Република Македонија „Генералка викенд“ заедно со уште 79 локални самоуправи во земјава.

Акцијата е организирана од страна на „Мен енд Маунтен“ и Национални шуми со поддршка на Министерството за животна средина и Министерството за земјоделие под мотото „ Зелена сончева“ со која за секои 10 килограми собран отпад општината добива по едно дрво.

Според изготвените план и програма за одвивање на активностите од страна на локалната самоуправа, се расчистуваше отпадот од десетина локации на територијата на општина Богданци.

Упатуваме благодарност до СОУ „Богданци, ООУ „Петар Мусев“, ООУ „Кирил и Методиј“ Месна заедница Стојаково, Месна заедница Селемли,  ЈП „Комунална Чистота“, „Полимат 13“ ФК „Вардарски“, РК „Младост“ ЗСР „Костреш“ и ЗГОР 25-МИНА Стојаково кои се вклучија во оваа акција која има за цел да придонесе за подигнување на еколошката свест и одговорноста кај населението за заштита и зачувување на животната средина .

Соопштение

Ги известуваме граѓаните дека започнувајќи од денес па се до крајот на овој месец градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа во Богданци ќе се одвиваат на главната улица – Маршал Тито, и тоа едната градежна група ќе работи на потегот од правното лице „Драги Ком“ до административната зграда на „Млаз“, додека другата градежна група ќе работа на потегот од ТП „РИВИ ЦОНКА“ до „Максим Кафе“.

                И покрај тоа што улицата нема да биде затворена за сообраќај, во овие делови ќе има стеснување на коловозната лента, со што упатуваме апел до жителите за разбирање, намалување на брзината на движење при управување со возилата и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

                Ви благодариме на разбирањето.

СОУ БОГДАНЦИ домаќин на 41-те Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта

На 16 и 17 Мај  СОУ„Богданци“ – Богданци беше домаќин на 41 –те Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Република Северна Македонија.

На овие натпревари  учество зедоа 110 ученици и 110 ментори од 21 училиште кои се натпреваруваа во теоретски, практичен дел и одбрана на стручни трудови.

Пред присутните ученици, наставници, академски професори, советници од Центарот за стручно образование и обука, членови на Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта се обрати Градоначалникот на општина Богданци, господин Блаже Шапов и ги прогласи  за отворени овие натпревари.

Меѓу другото, Градоначалникот истакна дека напредокот на општините во современи услови не може да се замисли без локален економски развој и успешно воведување на дуалниот концепт кој им овозможува на учениците стекнување на специфични вештини, работа во реални услови и партнерски однос со компаниите, а ваквите натпреварувања овозможуваат заемна соработка меѓу училиштата и размена на искуства помеѓу учениците.

Овие натпревари беа организирани во соработка со Центарот за стручно образование и обука и Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од  електротехничките, машинските и сообраќајните училишта.

Соопштение за Генералка Викенд

Општина  Богданци ќе се вклучи во големата еколошка акција „Генералка викенд“ која е во организација на „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад. Акцијата ќе се одвива на ден 17-ти мај (петок) со почеток во 10.00 часот.

Локациите на кои што ќе се одвива чистењето се:

                                       
– Пристапен пат до ветерни електрани, потег од раскрсница R 1109 до Градската депонија

– Брана Паљурци

– Спортска сала МЛАЗ Богданци и околу Стадионот ВАРДАРСКИ

– Јавен простор околу Дом на култура Стојаково

– Манастир „Чука“ Стојаково

– Просторот околу Градинката и јавни површини во центарот на Стојаково

– Селски гробишта во Селемли

– Јавен простор околу училиштата и училишните дворови во Богданци, Стојаково и Селемли

Целта на оваа акција е да се подигне еколошката свест на граѓаните за почиста и поздрава животната средина и во истата ќе се вклучат општинската администрација, ЈП „Комунална Чистота“, училиштата, невладини организации, спортски клубови и месните заедници .

 Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои се во можност, да земат учество во оваа еколошка акција на некоја од погореспоменатите локации и сите заедно да дадеме свој придонес во зачувувањето на животната средина.

Денес Богданци го празнува Свети Атанасиј летен

Денес се празнува Свети Атанасиј летен, патронот на Православната црква “Свети Атанасиј Велики“ во Богданци!!! Светецот Атанасиј се нарекува борец за вистинското православие и е еден од столбовите на христијанската црква. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив. Овој светец е заштитник на многу домови и семејства а за нас е од големо значење бидејќи Богданци го празнува овој ден. Според старите, се смета дека зимата дефинитивно си заминува. 

Со претпразнични и празнични црквени богослужби и принесување на народна трпеза и годинава достојно се одбележува патронот – заштитник на Богданци.

Нека ни е честит овој ден. 

Ви посакувам добро здравје, среќа, благосостојба и мирен духовен живот.

Известување

Ги известуваме граѓаните дека градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа во Богданци моментално се одвиваат на улицата Маршал Тито, на крстосницата со улица „Мирче Ацев“.

            Со цел непречено одвивање на активностите, Општина Богданци упатува апел до жителите за разбирање, внимателно движење и управување на моторните возила, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.

Честит Велигден

На моите сограѓани по повод големиот христијански празник Велигден им ги упатувам своите најискрени честитки. Посакувам во сите домови да владее среќа, спокојство, благодет, почит и христијанската љубов. Во здравје и празнично расположение, во духот на христијанската вера,  да ја потврдиме вредноста  на нашата духовност споделувајќи безусловна љубов со најблиските.

Нека ни е честит Велигден!

Христос воскресна!

Навистина воскресна!

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |