
Ги известуваме граѓаните дека активностите за реконструкција на водоводната мрежа во Богданци моментално се одвиваат на улицата Страшо Пинџур. Се препорачува на учесниците во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, сообраќајните правила и прописи и да се движат со зголемена внимателност, а по потреба да ги користат останатите улици од сообраќајната мрежа, како алтернативни правци за движење.
Денес, 23-ти јануари 2024 година во 14.00 часот започнува 44-та седница на Советот на општина Богданци. Линк за следење на истата во живо.
23 годишниот Саше Михајловиќ годинава е најсреќниот учесник во црковната манифестација на положување на светиот крст во водата на брана Паљурци во Богданци. Во Ѓавото крстот го фати Перо Попов, а во Селемли Ристо Влахов од Стојаково.
Општина Богданци среќните учесници кои го фатија крстот ги даруваше со ваучери во износ од 10 000 денари а пригодни подароци добија и од локалната бизнис заедница.
На сите нека им даде Господ здравје, среќа и бериќет ним и нивните најблиски.
Бог се јави! Навистина се јави!
За многу години денешниот ден!
Општина Богданци по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештените лица од црквите „Св.Атанасиј Велики“ Богданци и св.„Недела“ Стојаково, ќе oрганизира потопување на светиот крст во водите на брана „Паљурци“ во Богданци со почеток во 12 часот и брана „Селемли“ Селемли и река „Вардар“ во Ѓавото со почеток во 11.00 часот.
За таа цел се повикуваат сите заинтересирани лица на ден 19.01.2024 година (петок) да присуствуваат на оваа манифестација и со својата масовност да го одбележат овој голем ден за сите христијани.
Ми претставува големо задоволство, во овие празнични денови, да Ви посакам весел и благословен Божиќ, добро здравје, лична и семејна среќа и многу успех . Сплотени, со отворени срца и чиста мисла, да го празнуваме Божиќ и низ вера и надеж, да се помолиме за здравје, среќа и спокој. Да успееме во овие времиња, да ја зачуваме Божиќната магија и во текот на цела година, да веруваме, зашто вербата ја прави секоја мисија возможна, да се надеваме зашто надежта го прави секој подвиг достижен и низ труд и работа да постигнуваме успех. Пречекајте ги деновите исполнети со здравје, среќа и спокојство во текот на целата година. Нека Ви е честит големиот христијански празник БОЖИЌ и за многу години! ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ
Почитувани,
Имаме голема чест да Ви соопштиме дека и во 2024 година во општина Богданци ќе се оддржи настанот традиционално палење на коледарски оган.
Во Богданци настанот ќе се оддржи во петок, 05.01.2024 година во Градскиот парк со почеток во 18.30 часот.
Настанот е во организација на Лебопекара ММ и Солун 53 Маркети.
Во забавниот дел од програмата учество ќе земат локални музички изведувачи.
Во Ѓавото бадниковиот хепенинг ќе се оддржи во петок, со почеток во 18.00 часот
Во сабота, 06.01.2024 година, истиот настан во организација на Месната Заедница Стојаково ќе се оддржи во населено место Стојаково во Спортска Сала „Стефан Мандалов – Манданата“ со почеток во 18.00 часот, а во организација на Месната Заедница Селемли бадникарски оган ќе се пали и во Селемли со почеток во 18.00 часот.
Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08-1859/19 од 28.12.2023 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 16/22), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ
Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2024 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици за периодот од месеците јануари-декември 2024 година.
Вкупниот износ на субвенцијата ќе изнесува 300,оо денари месечно за секој корисник и е составена од две компоненти тоа:
Субвенционирањето ќе можат да го користат само за едната компонента.
Право да поднесат барање за субвенционирање од средствата на Буџетот на Општина Богданци имаат:
Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:
Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданци или преку пошта, на адреса : Oпштина Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;
Јавниот оглас ќе се објави на веб страницата на општина Богданци www.bogdanci.gov.mk , а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 18.01.2024 година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.
Почитувани,
Ве известуваме дека 43 – та седница на Совет на општина Богданци започнува денес, 28.12.2023 година во 10.00 часот. Повелете линк за следење на истата во живо.
ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |