СОВЕТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ
Советот на Општината е претставнички орган на граѓаните и го сочинуваат единаесет претставници на граѓаните избрани на општи непосредни и слободни избори со тајно гласање.
Мандатот на членовите на Советот трае четири години.
Членот на Советот има право и должност:
- да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значење, како и од значење за граѓаните во Општината;
- да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот;
- да бара од администрацијата на Општината, како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции, основани од Општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот;
- да бара и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот, односно комисија во која членува;
- да ги чува како тајна податоците, кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија.
Врз основа на член 45 став 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Р.Македонија“ бр.12/2019), Општина Богданци објавува податоци за членови на Советот кои имаат правни лица во нивна сопственост, акции или удели или управувачка функција:
- Никола Шелдаров, сопственик на Друштво за производство на леб и бели пецива со трговија и услуги МОНЕТА, Никола ДООЕЛ с.Стојаково и
- Стоимир Дронов, сопственик на транспортна фирма ДРОНЕ ТРАНСПОРТ ДООЕЛ Богданци;
Деловник на Советот на општина Богданци
Бр. | Име и презиме | телефон | адреса | e-mail, политичка припадност, образование, занимање | |
1. | Никола Стратров | 078/801-647 | ул.Маршал Тито бр.150, Богданци | nikolastratrov@gmail.com; СДСМ; Високо образование – факултет за радиологија, специјалист радиолошки технолог | |
2. | Стојанка Ангелковиќ | 071/211-491 | ул.Бранд Петрушев бр.49, Богданци | jovanovikstojanka@yahoo.com; СДСМ; Високо образование – економски факултет, наставник по економски предмети | |
3. | Никола Шелдаров | 070/235-320 | ул.Гоце Делчев бр.78, с. Стојаково, Богданци | moneta.stojakovo@gmail.com; СДСМ; Високо образование – факултет за историја со археологија, пензионер | |
4. | Елена Шутарова | 070/564-440 | Ул. Маршал Тито бр.22, Богданци | stanceelence@yahoo.com; СДСМ; Високо образование – машински факултет, машински инженер | |
5. | Динко Олумчев | 078/250-421 | ул. Атанас Бојков бр.17, Богданци | olumdinko25@gmail.com; СДСМ; Високо образование – економски факултет, царинска управа | |
6. | Стоимир Дронов | 078/620-533 | ул. Кочо Рацин бр.4, Богданци | stoimirdronov@yahoo.com; ВМРО-ДПМНЕ; Високо образование – економски факултет, сопствена транспортна фирма | |
7. | Борис Роглев | 071/352-089 | ул. Маршал Тито бр. 149, Богданци | roglevboris@gmail.com; ВМРО-ДПМНЕ; Високо образование – медицински факултет, Лекар | |
8. | Анила Роглева | 071/606-316 | ул.Кочо Рацин бр.3, Богданци | ani_georgji@hotmail.com; ВМРО-ДПМНЕ; Високо образование – филолошки факултет (јазици), административен работник во транспортна фирма | |
9. | Љупчо Карапеев | 070/652-885 | ул. Васо Марков бр.106, Богданци | ljkarapeev1@gmail.com; ВМРО-ДПМНЕ; Високо образование – факултет за географија, наставник по географија | |
10. | Борис Ванчев | 071/207-148 | ул. Мирче Ацев бр.57, Богданци | boro_vancev@yahoo.com; Независна листа; Високо образование – економски факултет, осигурителна компанија | |
11. | Михаил Тодоров | 072/206-360 | ул. Маршал Тито бр.66, с. Стојаково, Богданци | mihailtodorov2808@gmail.com; ЛЕВИЦА; Високо образование – економски факултет; царина и шпедиција |