Закажана 71-та седница на Совет на општина Богданци
Ве известуваме дека седумдесет и првата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 09.06.2025 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Одлука за доделување на еднократна парична помош за средношколци редовни ученици запишани во прва година учебна 2025/26 година гимназиско образование во СОУ „Богданци“-Богданци;
- Предлог-Правилник за остварување на правото на еднократна парична помош за редовни ученици запишани во прва година учебната 2025/26 година гимназиско образование во СОУ „Богданци“-Богданци;
- Финансов извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2025 година до 31.03.2025 година;
- Советнички прашања.