Ве известуваме дека тринаесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 25.05.2022 година (среда) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог –Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата и за обезбедените средства за реализација;
- Предлог-Програма за измена на Програмата за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
- Предлог-Програма за измена на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2022 година;
- Предлог-Програма за дополнување на Програмата за урбана опрема во Општина Богданци за 2022 година;
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Богданци за 2022 година;
- Предлог-Одлука за измена на одлуката за извршување на Буџетот на општина Богданци за 2022 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на почетниот биланс, годишните сметки за 2021 и 2022 и извештајот за материјалното и финансиското работење на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“-Струмица –во ликвидација и одобрување на работата на ликвидаторот;
- Предлог-Одлука за бришење од Трговскиот регистар на Заедничкото јавно претпријатие за бездомни кучиња „АСТРА –ЛУНА“-Струмица -во ликвидација и за разрешување на ликвидатор на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“-Струмица -во ликвидација;
- Предлог-Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество на Општина Богданци 2022-2026;
- Предлог-Измена на Годишен план за вработување за 2022 година на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково.