Ве известуваме дека триесетичетвртата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 18.11.2019 година (понеделник) со почеток во 08.00 часот во салата на Советот на Општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот јули-септември  2019 година;
  2. Предлог-Одлука за одобрување на План на програми за развој на општина Богданци за 2020 година;
  3. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект;
  4. Предлог-Одлука за локација за третман и отстранување на инертен отпад (градежен шут);
  5. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 8646 и КП бр. 8643/1);
  6. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 10609);
  7. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 375 и дел од КП бр. 761);
  8. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 207 и дел од КП бр. 215);
  9. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 255);
  10. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр.258/2);
  11. Предлог-Решение за формирање Комисија за утврдување Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2020 година;
  12. Советнички прашања.
konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara