Ве известуваме дека дваесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 30.11.2018година (Петок) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на Општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за проширување на Буџетот на Општина Богданци за 2018 година;
  2. Предлог- Одлука за давање на трајно користење на просторија во сопственост на Општина Богданци;
  3. Предлог-Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско престапништво;
  4. Предлог-Одлука за усвојување на Иницијатива за изготвување на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) на Општина Богданци;
  5. Предлог-Одлука за формирање на локален комитет за изработка на ЛЕАП на Општина Богданци;
  6. Нацрт-Програма за управување со отпад во Општина Богданци за 2019 година;
  7. Нацрт–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2019 година;
  8. Нацрт–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2019 година;
  9. Нацрт-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2019 година;
  10. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци  во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2019 година;
  11. Нацрт-Програма  за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2019 година;
  12. Нацрт–Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2019 година;
  13. Нацрт-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2019 година;
  14. Нацрт-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2019 година;
  15. Нацрт–Програма за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2019 година;
  16. Нацрт-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2019 година;
  17. Нацрт-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2019 година;
  18. Нацрт-Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2019 година;
  19. Нацрт-Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2019 година;
  20. Нацрт –Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2019 година;
  21. Нацрт –Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2019 година;
  22. Нацрт-Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2019 година;
  23. Предлог-Одлука за обезбедување финансиска помош;
  24. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на училишен одбор на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково;
  25. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  26. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Надзорен одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  27. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во Советот за заштита на потрошувачите;
  28. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Комисијата за унапредување на правата на пациентите;
  29. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во Советот за јавно здравје;
  30. Предлог-Решение за формирање Комисија за утврдување на Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2019 година.
  31. Советнички прашања.
konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara