Ве известуваме дека педесетипрвата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 29.05.2024 година (среда) со почеток во 12.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Квартален извештај на Буџетот на Општина Богданци за периодот јануари-март 2024 година;
- Предлог-Одлука за подготовка на предлог-проект и учество во Програмата Interreg VI-А ИПА Бугарија-Северна Македонија;
- Информација за учеството на Општина Богданци на Отворениот повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg VI-А ИПА Бугарија-Северна Македонија ref. No 2021TC16IPCB006;
- Годишен извештај за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2023 година;
- Советнички прашања.