Ве известуваме дека педесет и третата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 16.12.2020 година (среда) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Измена и дополнување на Буџетот на Општина Богданци за 2020 година (проширување);
- Нацрт-Буџет на Општина Богданци за 2021 година;
- Предлог-Одлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на Општина Богданци;
- Предлог-Одлука за ангажирање на едно лице неговател во ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“-Богданци;
- Предлог-Одлука за категоризација на училишни спортски сали во основни и средни училишта во Општина Богданци;
- Предлог-Решение за формирање Комисија за утврдување Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2021 година;
- Разгледување на Барање од Здружение за развој, едукација и еколошка етика-„Полимат 13“ за спроведување на проектот „Архус столче“.
- Советнички прашања.