Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Свикана дваесеттата Седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека дваесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 30.11.2018година (Петок) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на Општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за проширување на Буџетот на Општина Богданци за 2018 година;
  2. Предлог- Одлука за давање на трајно користење на просторија во сопственост на Општина Богданци;
  3. Предлог-Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско престапништво;
  4. Предлог-Одлука за усвојување на Иницијатива за изготвување на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) на Општина Богданци;
  5. Предлог-Одлука за формирање на локален комитет за изработка на ЛЕАП на Општина Богданци;
  6. Нацрт-Програма за управување со отпад во Општина Богданци за 2019 година;
  7. Нацрт–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2019 година;
  8. Нацрт–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2019 година;
  9. Нацрт-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2019 година;
  10. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци  во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2019 година;
  11. Нацрт-Програма  за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2019 година;
  12. Нацрт–Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2019 година;
  13. Нацрт-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2019 година;
  14. Нацрт-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2019 година;
  15. Нацрт–Програма за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2019 година;
  16. Нацрт-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2019 година;
  17. Нацрт-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2019 година;
  18. Нацрт-Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2019 година;
  19. Нацрт-Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2019 година;
  20. Нацрт –Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2019 година;
  21. Нацрт –Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2019 година;
  22. Нацрт-Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2019 година;
  23. Предлог-Одлука за обезбедување финансиска помош;
  24. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на училишен одбор на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково;
  25. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  26. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Надзорен одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  27. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во Советот за заштита на потрошувачите;
  28. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Комисијата за унапредување на правата на пациентите;
  29. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во Советот за јавно здравје;
  30. Предлог-Решение за формирање Комисија за утврдување на Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2019 година.
  31. Советнички прашања.

Работна конференција на ЛСП на Општина Богданци

На 14-ти Ноември 2018 година (Среда) во периодот од 13.00 до 15.00 часот во просториите на Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци ќе се оддржи работна конференција на Локалниот Совет за Превенција на Општина Богданци.

Истата ќе ја отвори Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, а воедно свое обраќање на истата ќе има и Началникот на СВР Струмица, г-дин Танчо Пројковски како и Началникот на остекот за превенција – Хризантема Рандевска.

Локалниот совет за превенција претставува алатка за подобрување и зајакнување на партнерството помеѓу граѓаните и компетентните органи на власта за тие да можат да изградат заеднички цели, да ги решат локалните безбедносни проблеми и да обезбедат подобри услуги за граѓаните.

Закажана деветнаесеттата седница на Советот на Општина Богданци

Почитувани,

Ве известуваме дека деветнаесетта седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 30.10.2018 година (Вторник) со почеток во 14.00 часот во салата на Советот на Општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот јули-септември 2018 година;
  2. Предлог-Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Богданци за 2018 година;
  3. Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2018-30.06.2018 година;
  4. Разгледување на Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2017/2018 година;
  5. Разгледување на Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2018/2019 година;
  6. Разгледување на Одлука за формирање Комисија за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  7. Разгледување на Одлука за утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  8. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на групи со помал и поголем број на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  9. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 10758);
  10. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 8838);
  11. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 9485);
  12. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 7443, КП бр. 7445 и КП бр. 7437);
  13. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 3125 и КП бр. 3124);
  14. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 3138 и КП бр. 8059);
  15. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 3133);
  16. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 4283);
  17. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 9551);
  18. Советнички прашања.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |