Општина Богданци упатува Јавен повик до учесниците во изборната кампања за Претседателските избори 2024 година дека на ден 03.04.2024 година (среда) во 12.00 часот во салата на Советот на општина Богданци ќе се изврши ждребење за утврдување на редоследот за истакнување на изборни плакати без надоместок на подрачјето на општина Богданци.
Согласно Одлуката за утврдување на места за истакнување на изборни плакати без надоместок на подрачјето на Општина Богданци бр. 08-493/6 од 15.03.2017 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 05/17) на територијата на Општина Богданци за истакнување на Изборни плакати без надоместок во текот на изборната кампања се утврдуваат следните места:
- Во Богданци
-потпорен ѕид на детското игралиште на автобуска Богданци;
-на излезот од Богданци спрема Стојаково, просторот од левата страна покрај оградата на трафостаницата на ЕВН и
-ограден ѕид на игралиште Вардарски на ул. „Маршал Тито“-Богданци.
- Во Стојаково
-во центарот на просторот покрај оградата на ресторантот;
-на просторот кај место викано „Чекркот“;
-просторот кај местото викано „Геран“ и
-просторот позади Црквата.
- Во Селемли
-на просторот по главната улица на населбата, на автобуската постројка.
- Во Ѓавото
-на влезот на населеното место на ограден ѕид од пумпата за вода до некогашен откупен пункт на Земко и
-во центарот на населеното место кај свртувалиштето за автобуси.
Сите заинтересирани учесници во изборната кампања за Претседателските избори 2024 година кои ќе присуствуваат на ждребењето, задолжително да поседуваат овласување и документ за идентификација.