Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Фестивал на дивите смокви во Богданци

Традиционалната манифестација за подготовка и презентација на слаткото од диви смокви и годинава по 12-ти пат се оддржа во Богданци, на 14-ти Мај, недела со почеток во 12.00 часот во Градскиот Парк.

            Организаторот на настанот „Slow Food Еко Росалес“ од Богданци преку организирањето на Фестивалот на дивите смокви има за цел да ги промовира плодовите од југот на земјата со цел заштита на биодиверзитетот, но и заштита на традиционалните домашни вредности од ова поднебје.

            Слаткото од диви смокви го подготвуваа екипи од Богданци, Гевгелија, Валандово и Дојран кој процес траеше повеќе часови, па затоа фестивалскиот настан беше збогатен и со пригодна програма на која настапија локални изведувачи и тоа: Пеачка група при Здружението на пензионери од Богданци, КУД „Бранд Петрушев“, Слободанка Арнаудова, „Фониа“, Марија Ичкова, Ице Горичев, Валери Заров, Здравко, Ристо-Тарабан и Милош и ФА „Мегдан“.

            Настанот беше посетен и од страна на Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова а имаше и гости од Битола, Струга, Велес, Берово, Скопје, Прилеп, Крива Паланка, Пробиштип и Италија кои  промовираа нивни домашни традиционални производи.

          

  Фестивалот е поддржан од Општина Богданци и бројни локални фирми и приватни стопанственици.

На 12-ти мај, петок, продолжено работно време на угостителските објекти

Советот на Општина Богданци на седницата оддржана на 10.05.2023 година, донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Богданци за ден 12 мај 2023 година (петок наспроти сабота).

            Согласно донесената одлука, Ве известуваме дека работното време на угостителските објекти во Општина Богданци на 12 мај 2023 година (петок наспроти сабота) ќе биде продолжено за еден час.

ПОКАНА Ден на Астрагалусот

06.05.2023 година (сабота): 10 часот, Градски парк Богданци

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на настанот на кој ќе го славиме Астрагалусот (AstragalusPhysocalyx), растение чие станиште е на територијата на општина Богданци во Значајното растително подрачје „Богданци“.

Astragalusphysocalyxили меурест козинец се наоѓа на листата на Строго заштитени диви видови во Македонија, на Глобалната црвена листа на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN Red list of Threatened Species), како и на првата Црвена листа на загрозени видови во С. Македонија.

Настанот ќе се одржи на 06 мај 2023 година (сабота) со почеток од 10 часот. Овој настан се реализира во рамките на проектот „Градење на локалните капацитети за управување со Значајното растително подрачје Богданци“ кој го спроведува Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13, финансиски поддржан од Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF).

Кон спроведување на настанот ни се придружи и Општина Богданци која го поддржа ПОЛИМАТ 13 во прославата на Денот на Астрагалусот.

Ќе ни претставува особено задоволство доколку одлучите да ја поминете сабота 06 мај 2023 година во Богданци на настан кој за прв пат го реализираме оваа година.

Се радуваме на Вашето присуство и поддршка во славење на нашата природна реткост и убавина – меурест козинец (Astragalusphysocalyx).Во прилог се наоѓа агендата и линк од Facebook настанот:

https://www.facebook.com/events/3412010405751326?ref=newsfeed

_________________________________________________________________________

Ден на Астрагалусот

Датум: 06.05.2023 (сабота)

Време: 10:00 часот

Место: Градски парк, Богданци

АГЕНДА

09:30 – 10:00 Пристигнување на учесници. Збирното место е кај првата информативна табла.

10:00 – 12:30 Искачување по патеката на Астрагалусот. Должината на патеката е вкупно 4 км во два правци со прикладна облека и обувки и задолжително носење на вода.

16:00 – 17:00 Ликовна работилница за деца. Учесници се дечиња од детската градинка „Коста Поп Ристов Делчев“.

17:00 – 19:30 Квизови на знаење. Учесници по тимови се ученици од основните и средното училиште од општина Богданци.

19:30 – 20:00 Доделување на награди

20:00 – 22:00 Концерт

Оддржани традиционалните Првомајски трки во Стојаково

И оваа година, Советот на месната заедница од Стојаково, под покровителство на Општина Богданци ги организирaше традиционалните Првомајски трки. Станува збор за натпревари во неколку дисциплини, како и богата културно-уметничка програма што секоја година се одржуваат на Први мај во Стојаково-традиција што се негува од 1951 година и веќе 72 години е заштитен белег на жителите од ова населено место.

            Учесниците се натпреваруваа во неколку дисциплини, трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри за јуниори и сениори во машка и женска конкуренција, скокање во вреќи, трка на 1500 метри, трка на 3.000 метри, трка со велосипеди, борба на рака и влечење со јаже. Она што беше новитет, оваа година е воведување на нова дисциплина, нова трка, насловена како РАБОТНИЧКА ТРКА.Трката беше на 100 метри со рачна количка.

            На првите три натпреварувачи во сите категории, им  беа доделени и парични награди.

          Културно-уметничката програма ја исполнија членовите на Играорната фолклорна група од Стојаково, која работи во состав на КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци, како и танцовата група „ДИВА“.

Одбележан денот на излегувањето на првите партизани од Богданци

По повод 26-ти Април, Денот кога пред 80 години излегле првите партизани од Богданци, Гевгелија и Гевгелиско, локалната самоуправа, Здружението на борците и членови на Општинското Здружение на Пензионери им оддадоа почит на народните херои и паднатите борци со положување цвеќе пред бистите во Градскиот парк во Богданци. На настанот присутни беа и Претседателот на Советот – Борис Ванчев, Директорот и ученици од ООУ „Петар Мусев“ Богданци.

Излегувањето на партизаните од овој крај се совпаднало со Велигденските празници во 1943 година, кога било договерено тие да излегуваат во групи поради безбедносни причини а првата група партизани излегла токму на 26 април, значаен ден за историјата на Богданци. Првата група ја сочинувале 10 луѓе, а од Богданци биле Коста Поп Ристов, Илија Калчев, Ване Калчев и Петар Мусев.

По тој повод на денешен ден се празнува и патрониот празник на ООУ „Петар Мусев“ во Богданци,

Честит да ни биде Денот на училиштето, честит и вековит да биде споменот на нашиот патрон, Петар Мусев.

Водата од системот за водоснабдување во Богданци до четврток да се користи само како техничка

Се известуваат граѓаните на Богданци дека поради дефект на водоводната мрежа да не ја користат водата за пиење и готвење започнувајќи од денес, вторник (25-ти Април)  заклучно со четврток (27 – ми април). Водата од системот за водоснабдување овие три дена да се користи само за техничка употреба.

Се надеваме на разбирање.

УЧЕНИЦИ ОД ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ЈА ПОСЕТИЈА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Во рамки на наставните активности по предметот техничко образование, тема: Сообраќај – Регулирање и безбедност во сообраќајот, денес учениците од петто одделение од ООУ Кирил и Методиј Стојаково, заедно со наставничката Мими Карагошева Данаилова, остварија средба со Градоначалникот Блаже Шапов.

Учениците побараа помош од Градоначалникот да се реши проблемот со избледениот пешачки премин пред училиштето и беше договорено во петок, на часот по техничко образование учениците заедно со Градоначалникот да го обноват истиот, за што општината ќе ги обезбеди потребните материјали.

Известување за планиран прекин на напојување со електрична енергија на 26.04.2023

Согласно добиените податоци од Електродистрибуција Гевгелија, без напојување со електрична енергија на 26.04.2023 (среда) од 09:00 до 14:00 часот ќе бидaт корисниците Рапид Гас, Макпетрол, Десива, Магнум, Брана Паљурци и Ресторан Елита, заради реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа.

Трка со магариња и коњи на 1-ви мај во Стојаково

Седумдецениската традиција во Стојаково, атрактивната трка со магариња и коњи и оваа година ќе привлекува голем број домашни и странски гости!

Општина Богданци и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот склучија меморандум на соработка со цел туристички развој на еко-руралните средини и промоција на традиционалните активности во регионот.

Населено место Стојаково е пример дека традицијата што грижливо се негува и чува трае навистина долго. Уште во далечната 1951 година почна да се организира трката со магариња и коњи, која традиционално и оваа година ќе се одржи на 1ви мај, во рамки на културно спортската манифестација по повод меѓународниот Ден на трудот.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |