Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија на ден 19.09.2022

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, заради реализација на инвестициони зафати со цел подобрување на квалитетот на електричната енергија на ден 19.09.2022 година (понеделник) во периодот од 09.00 до 12.00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од Богданци и тоа : Брана Паљурци, Магнум, Елка, Бензинска пумпа Макпетрол, Десива и Ресторан Рибник.

Одбележување на хоризонтална патна сигнализација на улиците Маршал Тито, Бранд Петрушев, Крушевска и Изворски во Богданци

Општина Богданци ги известува граѓаните дека поради уредување на режим на сообраќај и поставување на хоризонтална сообраќајна сигнализација на улиците ,,Маршал Тито”, (на потегот од општинската зграда до „Бреботекс“) ,,Бранд Петрушев“, ,,Крушевска“ и дел од ,,Изворски“ во Богданци, потребно е да се отстранат сите автомобили од улиците на ден 16.09.2022 г (петок) од 08.30 до 18.00 часот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да наидат на разбирање и да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.

Делегација од Општина Калиновац, Република Хрватска, во официјална посета на општина Богданци

Делегација од Општина Калиновац, Република Хрватска предводена од Началникот на општина Калиновац, Г-ин Дарко Собота со своите соработници, беше во официјална посета на општина Богданци од 07.09 до 09.09.

Делегацијата од пријателската општина Калиновац беше примена од страна на градоначалникот на општина Богданци, Г-ин Блаже Шапов.

На работната средба се отворија доста теми и се разменија искуства во областите на културата, образованието, науката, но и во други области кои ги поврзуваат двете општини. На истата беше заеднички прифатено соработката да се интензивира, при реализацијата на различни проекти за развој на двете општини при што ние ќе се трудиме да ги црпиме европските искуствата на Општина Калиновац.

По повод 8 Септември ­ Денот на независноста на Република Македонија, делегацијата заедно со здружението на пензионери и поддржувачи на делата на борците положија цвеќиња на спомениците на паднатите борци.

Во рамките на посетата, делегацијата беше во обиколка на детското игралиште, ја посети уметничката изложба во домот на културата и црквата „Св. Атанасиј“.

Честит Празник – Ден на независноста!

Македонија одбележува 31 година од својата независност и успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Општина Богданци на сите граѓани им го честита најголемиот македонски државен празник 8-ми Септември, празник со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Македонија. Овој празник преставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живеа со мислата за слободна и самостојна држава.

Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември!

СТОП ЗА КОРУПЦИЈАТА

Политика на интегритет

Среќен почеток на новата учебна година

Денес, 01 септември заѕвони првото училишно ѕвонче за учебната 2022/2023 година. Со пригодни свечености беа пречекани првачињата во двете основни училишта во општината, ООУ „Петар Мусев“-Богданци и ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково. Исто така новата учебна година стартуваше и во средното општинско училиште „Богданци“-Богданци а голем ден беше и за дечињата од Детската Градинка „Коста Поп Ристов Делчев“ .

Секој почеток на учебната година буди чувства, емоции, особено кај првачињата и нивните родители. Се надевам дека овој ден е возбудлив за сите првачиња кои за првпат ќе седнат во училишните клупи и ќе навлезат во светот на образованието, науката и забавата. Ви порачувам драги ученици, максимално да ги уживате овие денови, бидејќи тие нема да се вратат. Затоа, бидете горди што тргнувате во училиште. Бидете горди што сте првачиња,

Среќно првачиња!

Среќно ученици!

Успех и за вработените во образовните институции!

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија на ден 18.08.2022

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, на ден 18.08.2022година (четврток) во периодот од 08.00 до 12.00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од  западната страна на  Богданци и тоа: Риве Транспорт, Гоки  Травел, Баџо на влез во Богданци, Сточарство, Оранжерии Трнка, Бензинска Шимов, Ампа, Фуел Танкс и Химес.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на општина Богданци дека Агенцијата за катастар на недвижности ќе врши теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во функција на воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви во сите населени места во периодот од 15.08.2022 до 26.08.2022 година.

Врз основ на Законот за катастар на недвижности, Агенцијата за катастар на недвижности ја проширува надлежноста  и со воспоставување и управување со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар на Република Северна Македонија. Графичкиот регистар на улици и куќни броеви ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, како и просторни податоци за линијата на опфат врз основа на која се определува припадноста на куќниот број спрема улицата.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |