


Општина Богданци доби комплетна техничка документација за реконструкција на локалниот пат Л603 од с. Стојаково до с.Ѓавато и тоа од с.Ѓавато до крстосницата со регионалниот пат Р1109. Средствата се одобрени согласно Барањето на општина Богданци доставено на дополнителниот Јавен повик објавен од страна на Министерството за финансии , преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП).
Технишката документација содржи:
Финансиските средства се заем од Светска банка кој го има добиено Министерството за финансии за имплементација на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), каде, дел од средствата наменети за техничка помош се искористени за подготовка на техничка документација.
Претходно, согласно првиот Јавен повик општината обезбеди комплетна техничка документација за три улици во Богданци: „Маршал Тито“ ( дел), „Изворски“ и „Петар Мусев“.
Во тек се активностите во врска со изведбата на пешачка и велосипедска патека Богданци -Честе јавори Паљурци со вкупна должина од 2650 метри. Изведувач на истите согласно спроведената постапка за јавна набавка е правното лице АЛФА ПРОЕКТ ГЕВГЕЛИЈА.
Градежните работи се однесуваат на чистење на теренот од растенија и дрвја, порамнување на истиот и вградување на тампон со набивање и редење на бехатон плочки и поставување на мали рабници.
Вредноста на договорот изнесува 8.278.470,00 денари без ДДВ, или вкупно со ДДВ 9.768.594,60 денари. Средствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. ДДВ е трошок на општина Богданци.
Од патеката реализирани се 1200 метри а остануваат уште 1450 метри, кои ќе се реализираат во наредниот период.



Согласно Програмата за улично осветлување на подрачјето на општина Богданци за 2020 година, започнаа активностите за реализација на договорот за изградба на нови линии за улично осветлување.
Носител на набавката е правното лице ДИГИТАЛ ДООЕЛ Струмица, а вкупната вредност на договорот изнесува 529.300,00 денари без ДДВ, или вкупно со ДДВ 624.574,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Богданци.
На одредени места ќе бидат поставени само улични светилки на веќе постоечки бандери а на локациите каде недостасуваат бандери ќе бидат поставени комплет бандери со улични светилки. Ќе се постават вкупно 32 нови сијалици и 15 нови бандери како во Богданци така и во Стојаково, Селемли и Ѓавото.
Проширувањето на мрежата за јавно осветлување значително ќе ја подобри осветленоста на локалните улици и патишта и ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Правното лице ПЕШО ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица по склучениот договор за јавна набавка со општина Богданци започна со активностите за уредување на паркинг просторот на улицата „Нако Вардарски“ во Богданци (позади Комерцијална Банка).
Активностите опфаќаат чистење, тампонирање и поставување на бехатон како и улични бетонски рабници на површина од 852м2 .
Вкупната вредност на работите предмет на договорот изнесува 693.670,00 денари, без ДДВ или вкупно со ДДВ 818.530,00 денари.
Средствата за реализација на договорот се обезбедени од Буџетот на Општина Богданци согласно Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2020 година.
Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот. Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.
Денес во просториите на општина Богданци беа доделени 19 ваучери за мобилен интернет на корисници на социјални права, донација од Македонски Телеком.
Намената на истите е следење на наставата онлајн од страна на учениците од основните и средните училишта а кои немаат пристап до интернет.
По завршување на постапката за избор на правно лице, носител на набавката за реконструкција на улици на територијата на општина Богданци, деновиве започнаа градежните активности за реконструкција на улиците Луда Мара, Осоговски, Братство Единство и Васил Главинов во Богданци и реконструкција на тротоар на улица Гоне Каракабаков во Стојаково.
Изведувач на работите, предмет на договорот е правното лице АЛФА ПРОЕКТ ДООЕЛ Гевгелија, а вкупната вредност на истиот изнесува 6.019.402,00 денари без ДВВ или вкупно со ДДВ 7.102,894,00 денари. Целосно завршување на активностите се очекува за два месеци согласно условите предвидени во договорот.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Богданци, согласно Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2020 година.
Општина Богданци согласно своите можности и понатаму ќе продолжи да работи на подобрувањето на патната инфрастуктура, како во Богданци така и во другите населени места.
Ве известуваме дека следните економски оператори го прифатија повикот на Општинскиот кризен штаб – Богданци да го организираат снабдувањето и доставата на потребните намирници на граѓаните во времето, кое со последните мерки на Владата на РСМ, е забрането движење на граѓаните:
Во Богданци:
Во Стојаково:
Во Селемли:
Овие економски оператори ќе примаат и испорачуваат по телефон нарачки од граѓаните во петок, сабота и недела, од 14.00 до 19.00 часот.
Сите стари и изнемоштени лица и натаму можат да набават и да им се достават
потребните намирници преку општинскиот мобилен тим, јавувајќи се на
дежурниот телефон во Општина Богданци 072/916-648.
Општина Богданци ги известува сите граѓани кои обавуваат земјоделска дејност и одгледуваат стока и живина надвор од атарот на своето населено место, а не се регистрирани земјоделци, за да можат слободно да се движат за време на полицискиот час во продолжениот првомајски викенд, потребно е да се пријават на дежурниот телефон во општина Богданци 072/916-648 до утре (Четврток) најдоцна до 20.00 часот. При тоа потребно е да го наведат точното време и место на обавување на земјоделските активности.
Списокот со пријавените граѓани од страна на Општинските служби ќе биде проследен до ПС ОН Гевгелија.
Земјоделците коишто имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
Напоменуваме дека ова не важи за лицата под 18 годишна возраст и лицата над 67 години.
Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесме во справувањето сo коронавирусот во нашата држава.
ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |