Јавното претпријатие за државни патишта ја известува засегнатата јавност дека планира да реализира Проект за “Рехабилитација на регионален пат Р1109, делница Дедели-Фурка-Богданци-Гевгелија” во должина од 15,8 км.
Финансирањето на овој проект е обезбедено со средства од меѓународни финансиски институции (Светска Банка), според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, во фазата на подготовка на Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки, потребно е да се организира јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.
Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Богданци, како и на официјалната веб страница на ЈП за државни патишта и во општината Богданци, како и на нивните интернет страници: https://bogdanci.gov.mk/ и www.roads.org.mk .
Јавната консултација за Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти, План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки за наведените проекти, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во:
просториите на Дом на културата во општинa Богданци на 31.05.2019 година (петок) со почеток во 12 часот .
Лица за контакт:
Јавно претпријатие за државни патишта
Сашка Богданова Ајцева
Тел: 02/3118 044 лок.305
E-mail: saska@roads.org.mk
Општина Богданци
Јованка Ампова
Моб: 078 321 586
E-mail: jovankaampova@yahoo.com