Општина Богданци ги известува граѓаните кои имаат причинета материјална штета настаната како последица на ниските температури и појавата на слана, која го зафати подрачјето на Општина Богданци на ден 20.03.2025 година и 21.03.2025 година (четврток и петок), да ја пријават штетата до Општинската Комисија за процена на штети од природни непогоди.
Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Богданци на ул.Маршал Тито бр.62, најдоцна до 14.04.2025 година.
Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува.
Во прилог на Барањето, подносителот треба да достави:
– копија од лична карта/копија од тековна состојба (за правни лица);
– копија од трансакциска сметка;
– доказ за сопственост/користење на недвижен имот (имотен лист, договор за закуп);
– пријава на штета*;
– изјава за штета*;
– изјава дека имотот не е осигуран*;
Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 6 (шест) работни дена, односно најдоцна до 14.04.2025 година.
Барањата ќе бидат обработени од страна на Општинска комисија за процена на штети од природни непогоди и ќе биде изготвен Извештај, кој ќе биде проследен до Советот на Општина Богданци и до Влада на Република Северна Македонија.