Одделението за поддршка на Градоначалникот ги врши работите што се однесуваат на:
- техничка поддршка и организирање приеми на Градоначалникот;
- води доверливи работи и доверлив протокол;
- административно-технички работи за Градоначалникот;
- води евиденција за службени патувања во земјата и странство;
- води евиденција на поштата и списите пристигнати до Градоначалникот;
- упатување на граѓани/странки и пружење помош за поднесување на документација до општината;
- други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот на општината.“.