Ве известуваме дека осмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 02.03.2022 година (среда) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средства во Буџетот на Општина Богданци за 2022 година;
- Правилник за дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
- Предлог-Одлука за купување и утврдување на купопродажна цена за откуп на градежно изградено земјиште од физички лица;
- Предлог-Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата и за обезбедените средства за реализација;
- Извештај по Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2021 година;
- Извештај по Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2021 година;
- Извештај по Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2021 година;
- Извештај по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2021 година;
- Извештај по Програмата за урбана опрема во Општина Богданци во 2021 година;
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2021 година;
- Извештај по Програмата за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2021 година;
- Извештај по Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2021 година;
- Извештај по Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи за 2021 година;
- Извештај по Програмата за одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Богданци за 2021 година;
- Извештај по Програмата за заштита и благосостојба на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик за 2021 година;
- Извештај по Програмата за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2021 година;
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр.10019/2);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр.8821);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 8680);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 9762);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 10974);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 10947);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 11027/1);
- Статутарна одлука за измена на Статутот на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
- Извештај за работата и резултатите на изборните органи на територијата на Општина Богданци кои ги спроведоа локалните избори кои се одржаа на 17.10.2021 година и извештај за префрлените средства од општина Богданци на ОИК Богданци за исплата на надоместоци на членови на ИО и ОИК;
- Разгледување на Вкупен финансиски извештај за локални избори 2021 година на Политичка партија ЛЕВИЦА;
- Разгледување на Вкупен финансиски извештај за локални избори 2021 година на ВМРО-ДПМНЕ И Коалицијата „Обнова на Македонија“;
- Разгледување на Вкупен финансиски извештај за локални избори 2021 година на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ;
- Разгледување на Вкупен финансиски извештај за локални избори 2021 година на Група избирачи Борис Ванчев;
- Советнички прашања.