Ве известуваме дека деветнаесетта седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 04.11.2022 година (петок) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Одлука за започнување на постапка за Ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност во ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
- Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2021/2022 година;
- Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2022/2023 година;
- Разгледување на Одлука за формирање Комисија за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
- Разгледување на Одлука за утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
- Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на групи со помал и поголем број на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
- Предлог-Одлука за давање под закуп недвижна ствар сопственост на Општина Богданци;
- Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот јули-септември 2022 година;
- Програма за измена и дополнување на програмата за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2022 година;
- Програма за измена на програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година;
- Програма за измена на програмата за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
- Програма за измена на програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2022 година;
- Програма за измена на програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2022 година;
- Програма за измена на програмата за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2022 година;
- Програма за измена на програмата за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2022 година;
- Предлог-Измени и дополнувања (ребаланс) на Буџет на општина Богданци за 2022 година;
- Советнички прашања.