Општина Богданци ги известува граѓаните дека на ден 18.07.2023 година (вторник) од 20.00 часот, ќе се врши теристичка дезинсекција на подрачјето на општината против возрасни комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Делегација од општина Богданци предводена од градоначалникот Г-ин Блаже Шапов ја посети општина Ѓаково, Република Хрватска, на покана од градоначалникот Марин Мандариќ. Повод за поканата беа традиционалните 57- ми Ѓаковачки везови, кои во петокот (07.07.2023 год.) свечено беа отворени пред Штросмајеровата катедрала во Ѓаково.
Од посебна важност е што оваа година Република Северна Македонија е земја партнер на манифестацијата.
Во рамки на посетата, делегацијата покрај присуството на свеченото отварање оствари и :
На изложбениот дел од манифестацијата учество земаа неколку компании од општина Богданци и соседните општини преставувајќи се со традиционални локални производи.
На работниот состанок градоначалникот Г-ин Блаже Шапов и градоначалникот Марин Мандариќ ги договорија следните чекори кон воспоставување на соработка помеѓу општина Богданци и општина Ѓаково кои активности ќе продолжат на есен на возвратната посета од општина Ѓаково.
Општина Богданци имајќи ја во предвид претстојната летна сезона и поголемата можност за настанување пожари, апелира до граѓаните за преземање на превентивни мерки за заштита од пожари. Се предупредуваат патниците кои патуваат со автомобили да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари преку прозорците за да не се предизвикаат пожари долж патните комуникации. Да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, освен на местата определени за таа намена. Да се избегнува неправилно складирање на запаливи течности, гасови и цврсти запаливи материи.
Лицата кои во периодот на зголемени надворешни температури мораат да спроведуваат работни активности на своите поседи да не ги палат стрништата за да не дојде до опожарување на околината, а останатите да се воздржат од какво било палење оган на отворено. Сопствениците на напуштетните приватни парцели редовно да ја искосат сувата вегетација, а сопствениците на викендици, штали и други видови објекти да ги зголемат мерките на претпазливост. Се замолуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 193, 112 и на 034/222-333.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Општина Гевгелија, Васка Илиева официјално ја отворија подрачната канцеларија за социјални работи во Општина Богданци, која ќе функционира во состав на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Гевгелија.
Од денес, жителите на Општина Богданци заедно со останатите населени места добиваат можност на пристап до социјалните права и услуги во своето место на живеење.Тоа се 569 корисници на социјални права, 40 корисници на социјални услуги односно над 600 корисници на права и услуги од системот за социјална заштита од Богданци, Стојаково, Ѓавато и Селемлија. Овие граѓани повеќе нема да имаат потреба да патуваат до Гевгелија за остварување на правата и услугите од системот на социјална заштита.
Канцеларијата се наоѓа во општинските простории на Богданци каде граѓаните ќе ги добиваат социјалните услуги.
Општина Богданци ги известува граѓаните дека на ден 28.06.2023 година (среда) од 20.00 часот, ќе се врши теристичка дезинсекција на подрачјето на општината против возрасни комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Советот на Општина Богданци на седницата одржана на 22.06.2023 година, донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Богданци за ден 24 јуни 2023 година (сабота наспроти недела).
Согласно донесената одлука Ве известуваме дека работното време на угостителските објекти во Општина Богданци на ден 24 јуни 2023 година (сабота наспроти недела) ќе биде продолжено за еден час.
Минатата недела Богданци беше домаќин на најголемите експерти од областа на биодиверзитет од Македонија. Девет реномирани професори од Институитот за биологија при Природно – математичкиот факултет од Скопје, како и претставници на Македонското еколошко друштво предводени од проф. д-р Митко Караделев на 1 јуни вршеа истражување на биолошката разновидност на место викано Болован. Во наредниот период преку различни методи за првпат во општина Богданци ќе се врши запис на разновидноста на видовите кои се присутни на оваа територија. Станува збор за истражување со кое ќе се добијат вредни информации и податоци за различните видови на животни, растенија, инсекти и габи кои се присутни во ова подрачје.
Во време кога во светот расте загриженоста за исчезнување на огромен број на видови и се преземаат најразлични методи и начини за заштита на биодиверзитетот, ова истражување во Богданци е од големо значење за природата и за заштита на видовите кои се застапени овде.
Преку пренамена на земјиште со дива природа во земјоделски, станбени и индустриски зони, преку најразлични загадувања уништени се огромен број на видови кај нас и во светот и за ова целосната одговорност е на човечкиот вид. Преку овие мали но значајни истражувања и можности за заштита на природата се прави значаен чекор во нагласување и зголемување на вредноста на биодиверзитетот.Преку оваа иницијатива, доколку се изврши прогласување на заштитено подрачје се отвораат можностите за развој на туризмот при што на тој начин ќе се придонесе и кон развој на општина Богданци. Се предлага заштитеното подрачје „Болован“ да добие статус на „природна реткост“ за што е неопходно да се изработи сериозна студија. Од тие причини во подрачјето од интерес беа анализирани растителните заедници, флората, габите, водоземците, влекачите, повеќе групи на инсекти и пајаци, како и акватичните без`рбетници. Анализите на составот на птици и цицачи (+ лилјаци) во подрачјето ќе се извршат во наредните денови. Во истражувањето учествуваше и експерт за пределна екологија, GIS експерт, а беше извршено и снимање на подрачјето со дрон. Сите овие информации се неопходни за изработка на студија која ќе се поднесе до Министерството за животна средина и просторно планирање и со која ќе започне процесот на прогласување на подрачјето во соодветна категорија на заштита. Интенција е ЗП „Болован“ да биде предадено на управување на Општина Богданци, со што придобивките од заштитеното подрачје ќе ги користат сите граѓани на општината.
Средба на градоначалникот на општина Богданци со професорите од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Фрагменти од шумата на Болован
Колекција и анализа на инсекти и пајаци од страна на проф. д-р Славчо Христовски (лево) и д-р Марјан Комненов (десно)
Колекција на ксилофагни инсекти -проф. д-р Александра Цветковска-Ѓоргиевска
Колекција на водени без’рбетници во Паљурска Река – проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ
Проф. д-р Катерина Русевска: истражување на габи
Комитска погача на падната врба (горе) и жолта влажница (долу)
Денес, 14.06.2023 година, се навршуваат 80години од смртта на првоборецот Нако Тумбов Вардарски. По тој повод, Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, Претседателот на Советот Борис Ванчев, членови на Општинското здружение на пензионери и дечиња членови на ФК Вардарски положија свежо цвеќе пред неговата биста во Градскиот Парк во Богданци. Нако Тумбов Вардарски е роден 10-ти јуни 1913 година а загинува на 14-ти јуни 1943 година.Тој е првата жртва во НОБ и во негова чест Фудбалскиот Клуб во Богданци го носи неговото име.
Општина Богданци Ве известува дека е одобрена Планска програма, со тех.број: 03-06/23 од Јануари. 2023 год. изработена од Друштво за градежништво, трговија и услуги НИМАЕР Благоја ДООЕЛ увоз-извоз Струга за Измена и дополнување на урбанистички план вон населено место за изградба на откупно – дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција во м.в. Горни Чаир, КО Богданци в.г., општина Богданци., со Решение бр 11-51/4 од 17.02.2023 год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Друштво за производство, трговија и услуги ФУЕЛ ТАНКС-ЦИСТЕРНА ДООЕЛ Богданци ул. „2“ бр. 3 од Богданци.
Започнувајќи од 17.05.2023 година општинското здружение на пензионерите-Богданци започна соработка со општина Богданци според која за членовите на здружението ќе се обезбеди еден основен пакет на услуги со работно ангажирање на 2 лица (асистент за помош и поддршка при самостојно живеење) во рамките на Програмата за Општинско-корисна работа од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година при што се повикуваат сите пензионери членови на ОЗП-Богданци кои се заинтересирани за добивање на овој пакет услуги да се пријават во канцеларијата на ОЗП-Богданци во Богданци