Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Богданци го празнува денот на општината

Пред 79 години, на 10 октомври 1944 година Богданци ја дочека слободата. Со положување свежо цвеќе пред спомен бистите на паднатите борци кои загинале во воените дејствија за ослободување на Богданци,  Општина Богданци го одбележа Денот на општината, 10-ти Октомври. На настанот присуствуваа градоначалникот Блаже Шапов, претседателот на Советот Борис Ванчев, претставници од Сојузот на борците и нивни продолжувачи, резервните воени старешини, претставници од општинските училишта и детската градинка и граѓани кои им оддадоа достојна почит на луѓето заслужни за нашата слобода. Особена чест и задоволство годинава ни претставува гостувањето на делегација од пријателската Општина Ѓаково, Република Хрватска.

Денеска празнуваме и чествуваме за храброста и делата на  сите борци  кои   ги положија своите животи за слободен град.  Пишаната историја го забележала овој датум  како симбол  за градење   слободно, мирно и модерно Богданци.

По овој повод, во соработка со Сојуз на училишен спорт на Општина Богданци беа организирани и улични трки во Богданци за учениците од основните училишта и СОУ „Богданци“ во неколку категории, кои беа соодветно наградени. Празникот вечерва ќе се одбележи во ДК „Бранд Петрушев“ со свечена академија и мал коктел со почеток во 19.00 часот. Во градскиот парк Богданци со почеток во 20.30 часот продолжува музичкиот дел од програмата.

Нека ни е честит празникот 10 Октомври  – Денот на ослободувањето на Богданци и 11 Октомври – Денот на македонскиот непокор!

Катја Гогова од Богданци го освои седмото место на Светската Хипо Олимпијада

Честитки за успехот на нашата Катја Гогова на Светската Хипо Олимпијада по англиски јазик, којашто оваа година се одржа во Рим. Денес беше во посета на општина Богданци заедно со нејзината менторка Оливера Прочкова Узунова и директорот на ООУ Петар Мусев, Богданци Атанас Нанчев. Катја го сподели своето искуство и впечатоци и како го постигна својот успех.

На оваа олимпијада од вкупно 30 финалисти во категоријата Little Hippo таа го освои седмото место со 96,98% реализација на целокупното тестирање. 

 Општина Богданци секогаш ги поддржува и ќе ги поддржува младите таленти од својата општина и ги охрабрува да чекорат храбро по својот пат на успехот.

ИПАРД3 – Можност за развој и напредок

📢Информативна кампања ИПАРД 3 – НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, има за цел да ги информира граѓаните и да помогне на секој потенцијален корисник кои ги нуди програмата. Презентациите детално ги објаснуваат новостите од програмата, како и можностите за инвестиции со првиот јавен повик за мерките 1, 3 и 7.

🗓 04.10.2023год(Среда) ⏰️ 14:00 часот 📌Локација: Пионерски дом – Гевгелија

Известување за планиран прекин на напојување со електрична енергија 30.09.2023

Без напојување со електрична енергија на 30.09.2023 од 13:00 до 17:00 часот ќе бидaт дел од корисниците од јужниот и источниот дел на Богданци , Беровска мала и излез кон Млаз (вклучително индустриските објекти Оранжерии Воденичар , Бреботекс , Млекара, Бовекс и други) и  корисниците од селата  Стојаково и Селемли , вклучително и индустриските објекти на потегот од Богданци кон Стојаково, заради интервенција на водот.

Продолжено работното време на угостителските објекти во Богданци на 29.09.2023

Советот на Општина Богданци на седницата одржана на 28.09.2023 година, донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти  во Богданци за ден 29 септември 2023 година (петок наспроти сабота).

            Согласно донесената одлука Ве известуваме дека работното време на угостителските објекти во  Богданци на ден 29 септември 2023 година (петок наспроти сабота) ќе биде продолжено за два часа.

Известување за планиран прекин на напојување со електрична енергија 20.09.2023

Почитувани,

Согласно добиените податоци од Електродистрибуција Гевгелија, без напојување со електрична енергија на 20.09.2023 (среда) од 10:00 до 11:00 часот ќе бидaт дел од корисниците од јужниот и источниот дел на  Богданци , Беровска мала и излез кон Млаз (вклучително индустриските објекти  Оранжерии Воденичар , Бреботекс , Млекара, Бовекс и други), заради интервенција на водот.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |