Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Чекор по чекор до компост

Минатата година Општина Богданци реализира проект за компостирање со соседна Бугарија (Југоисточен плански регион) и на пријавените граѓани им беа доделени садови за компостирање. Компостирањето е еден вид рециклирање во природни услови, добивање на хумус од биоразградливи отпадоци. Првиот хумус,го добивме од компостер поставен во индивидуален двор.

СЕКОЈ МОЖЕ ДА КОМПОСТИРА!

АПЕЛ!

Од извршените  контроли од страна на Општина Богданци е констатирано дека  дел од граѓаните кои земаа садови за компостирање, истите  ги користат  како контејнери или канти за комунален и друг вид на отпад. Во насока на реализирање на проектот се замолуваат граѓаните кој не ги користат компостерите согласно нивната намена, да ги подарат на други заинтересирани лица.

 

Уредување на улица Гоце Делчев – Љокова Река во Богданци


Согласно Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици за 2018година во Oпштина Богданци во тек е уредување на улица Гоце Делчев (Љокова Река). Површината на која се одвиваат активностите изнесува 904м2, од кои 240м2 ќе се бетонираат а остатокот ќе се уреди со бехатон плочки. Истовремено ќе се обноват и сливниците на постоечкиот канал за атмосферски води.

Изведувач на активностите е правното лице ЕУРОИНГ Гевгелија.

Објава број 1 за оттуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

   ОПШТИНА БОГДАНЦИ

  ОБЈАВА број 1

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во Општина Богданци

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

      Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со: 1. Урбанистички план вон населено место Богданци, локалитет Барта, за намена Г2, Г3, Г4-производство, дистрибуција и сервиси-индустриска зона, Општина Богданци , донесено со Одлука на Совет на Општина Богданци бр. 08-1843/31 од 30.11.2016 година и бр.08-2018/17 од 29.12.2016 г. и Исправка бр.08-163/2 од 30.01.2017 год. со намена на градба :Г2-лесна и незагадувачка индустрија  со компатибилникласи на намена Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4 согласно Табеларен преглед бр.1 во кој се дадени податоци за градежната парцела, намена на парцелата, катастарските парцели кои се опфатени со градежната парцела, вкупна површина на градежна парцела, површина за градба во м2,бруто развиена површина во м2, максимална висина, катност,процент на изграденост (%), коефициент на искористеност,  почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

 

Табеларен преглед бр.1

Реден број

Број на градежна парцела

Основна класа на намена на градежна парцела

Компатибилна класа на намена

Број на катастарска парцела

( КО Богданци и КО Богданци вон.гр.)

Површина на градежна парцела (м2)

Површина за градба во (м2)

Бруто развиена површина во (м2)

Максимална висина до венец (м) и катност

Процент на изграденост (%)

Коифициент на искористеност

Почетна цена по м2(денари)

 Вкупна почетна цена

(денари)

Банкарска гаранција за сериозност на понудата

1.1

Г.П.бр.4

Г2(лесна и незагадувачка индустрија)

Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4

КП 11770/10, 11770/11 КО Богданци и

5079/7,5079/4,5079/19 и 5079/20 КО Богданци вон град

3073

1464

2928

Според АУП / П+2

47,64

0,95

61,00

187.453,00

374.906,00

2.1

Г.П. бр.5

Г2(лесна и незагадувачка индустрија)

Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4

КП .бр.11770/12,11770/13, КО Богданци и КП 5079/5, 5079/41, 5079/8 и 5079/22 КО Богданци вон град

3121

1430

2860

Според АУП / П+2

45,75

0,91

61,00

190.381,00

380.762,00

3.1

Г.П.бр.6

Г2(лесна и незагадувачка индустрија)

Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4

КП бр.11770/14, 11770/15,11769/3 КО Богданци и КП 5079/6,5079/9 и 5079/24 КО Богданци вон град

3233

1449

2898

Според АУП / П+2

44,82

0,90

61,00

197.213,00

394.426,00

4.1

Г.П.бр.7

Г2(лесна и незагадувачка индустрија)

Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4

КП бр.5079/25 КО Богданци вон град

1931

1145

2290

Според АУП / П+2

59,30

1,19

61,00

117.791,00

235.582,00

5.1

Г.П.бр.8

Г2(лесна и незагадувачка индустрија)

Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4

КП бр.5079/26КО Богданци вон град

1775

1040

2080

Според АУП / П+2

58,59

1,17

61,00

108.275,00

216.550,00

6.1

Г.П.бр.10

Г2(лесна и незагадувачка индустрија)

Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4

КП

Бр.5079/27КО Богданци вон град

4557

3190

6380

Според АУП / П+2

70

1,40

61,00

277.977,00

555.954,00

7.1

Г.П.бр.11

Г2(лесна и незагадувачка индустрија)

Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4

КП

Бр.5079/28КО Богданци вон град

3977

2780

5560

Според АУП / П+2

69,90

1,40

61,00

242.597,00

485.194,00

8.1

Г.П.бр.12

Г2(лесна и незагадувачка индустрија)

Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4

КП бр.5079/30 и 5079/31КО Богданци вон град

2930

1876

3752

Според АУП / П+2

64,03

1,28

61,00

178.730,00

357.460,00

9.1

Г.П.бр.13

Г2(лесна и незагадувачка индустрија)

Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4

КП бр.5079/32 и 5079/33 КО Богданци вон град

2800

1770

3540

Според АУП / П+2

63,21

1,26

61,00

170.800,00

341.600,00

10.1

Г.П.бр.14

Г2(лесна и незагадувачка индустрија)

Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4

КП бр.5079/34 и КП бр.5079/35 КО Богданци вон град

2742

1728

3456

Според АУП / П+2

63,02

1,26

61,00

167.262,00

334.524,00

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен  регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска форма на www.gradezno-zemjiste.mk, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата),  комплетирана со следнитедокази(приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар и потпишани со дигитален потпис и полномошно на носителот на дигиталниот потпис заверено на нотар).

  1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата;
  2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларниот преглед даден во оваа објава со рок на важност до 31.01.2019 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежно земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писмено известување за избор на најповолен понудувач;
  3.  За физичките лица уверение за државјанство;
  4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;
  5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното, заверено на Нотар, односно доказ за својство овластено лице на правното лице;
  6. e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање,(за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Богданци нема обврска да прима и врши корекции на истата)

 

 

Комисијата по истекување на рокот за поднесување на пријавите, утврдува дали пријавите се комплетирани и поднесени во согласност со условите од објавата. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираност на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекувањето на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

 

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведениво Табеларниот преглед  бр.1  изнесува 61,00 денар од метар квадратен.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларниот преглед даден во оваа објава.

РОКОВИ

            Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 15.10.2018 година електронски на следната интернет адреса:www.gradezno-zemjiste.mk.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе започне на 17.10.2018 година, во

– 08:30 часот за градежна парцела Г.П. бр. 4

– 08:45 часот за градежна парцела Г.П. бр. 5

– 09:00 часот за градежна парцела Г.П. бр. 6

– 09:15 часот за градежна парцела Г.П. бр. 7

– 09:30 часот за градежна парцела Г.П. бр. 8

– 09:45 часот за градежна парцела Г.П. бр. 10

– 10:00 часот за градежна парцела Г.П. бр. 11

– 10:15 часот за градежна парцела Г.П. бр. 12

– 10:30 часот за градежна парцела Г.П. бр. 13

– 10:45 часот за градежна парцела Г.П. бр. 14

и истото ќе трае по 15 минути за секоја од наведените парцели

ПОСТАПКА

1.Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на електронското јавното наддавање.

2.На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернетстраната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mailадресата, доставена во прилог на пријавата за учество на  јавното наддавање.

3.Електронското јавното наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.

4.Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Богданци со Решение бр.09-1649/1 од10.09.2018 година.

5.Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

6.Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10,оо денари за табеларен преглед бр.1

7.Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од определено време за траење на јавното наддавање, од  страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за периодот од следните две минути нема ново дадена понуда.  Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

8.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

9.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

10. По завршување на постапката за јавно наддавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да достави  барање за мислење до Државното правобранителство на Р.Македонија по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р.Македонија.

11. Државното правобранителство на Р.Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р.Македонија во рок од 30 дена од добивање на барање за мислење. Доколку во рок од 30 дена Државното правобранителство на Р.Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.

12. По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Р.Македонија, Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен понудувач.

13.Најповолниот понудувач во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на известувањето за избор на најповолен понудувач е должен да ги уплати средствата и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата.

14. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврден рок , банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно нададавње за предметната градежна парцела.

15. Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од јавното наддавање во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор, уплатените средства за отуѓување на градежно земјиште не му се враќаат, банкарската гаранција за серизоност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор.

16. Во рок од пет работни дена по доставување на доказ за извршена уплата и доставување на целокупна документација потребна за учество на јавното наддавање, Градоначалникот на Општина Богданци во име на Р.Македонија склучува договор за отуѓување на градежно земјиште сосптвеност на Р.Македонија.

17. По склучување на договорот Општина Богданци во рок од еден ден, електронски го доставува договорот до Одделението за финансиски прашања за утврдување на данок на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 дена од добивање на решението за утврдување на данок на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.

18. По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности , купувачот во рок од 15 дена, договорот електронски го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 дена од доставување на договорот кај надлежен нотар.

19. Неисполнување на обврските од точките 17 и 18 од оваа објава по вина на купувачот претставува основ за еднострано раскинување на договорот при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не се враќаат на купувачот.

20. Со договорот купувачот се обврзува да прибави одобрение за градење на предвидениот објект од надлежниот орган во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договор е градежна парцела со површина до 5.000 м2, односно во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела над 5.000 м2 и е должен земјиштето да го изгради согласно со урбанистичкиот план по кој истото е отуѓено. Купувачот е должен да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во рок не подолг од 2 (две) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина до 1000 м2, согласно добиеното одобрение за градење, односно во рок од 4 (четири) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина над 1000 м2, согласно добиеното одобрение за градење, во спротивно, доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектите не се изградат во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за отуѓување на градежното земјиште.

21. Висината на посебните трошоци во постапката за отуѓување на градежно земјиште изнесуваат 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозноста на понудата.

22. Минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за предметната градежна парцела не смее да биде помалку од 30%.

23. Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да се пренесува на трети лица, пред исполнување на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижности.

24. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.

25. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.

26. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот Комисијата е должна да одлучи во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот.

27. Против решението донесено од страна на комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

28. Банкарската гаранција за сериозноста на понудата за секоја градежна парцела ќе важи до 31.01.2019 година за најповолните понудувачи, а за сите останати по завршување на јавното наддавање.

 

Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Богданци, www.bogdanci.gov.mk

 

 

Комисија за спроведување на постапки

за јавно нададавање

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |