Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

С О О П Ш Т Е Н И Е

До сите заинтересирани лица,

Општина Богданци врши анализа на пазарот за ангажман на 1 (едно) физичко или правно лице со Eкспертиза –  за подготовка на тендерска документација за тендерска постапка по ПРАГ и за експертска поддршка на проектниот тим од Општина Богданци за имплементација на проектот „Балкански алтернативни патишта за мобилност за одржлив туризам за сите сезони“ со акроним – „Балкан Вело“, финансиран од програмата Interreg VI-A IPA BG-MK.

Економскиот оператор/лицето има задача да подготви комплетна тендерска документација за 2 (две) набавки-Набавка на стоки и Градежни работи  за тендерска постапка согласно правилата на – Европската Унија (ПРАГ 2025) и поддршка на проектниот тим од Општина Богданци за имплементација на проектот „Балкански алтернативни патишта за мобилност за одржлив туризам за сите сезони“ со акроним – „Балкан Вело“, финансиран од програмата Interreg VI-A IPA BG-MK.

Времето на ангажманот е само за подготовка  на тендерската документација и спроведување на целата тендерската постапка согласно правилата на – Европската Унија (ПРАГ 2025), и се предвидува да се реализира во месеците Мај и Јуни 2025 година.

ПРАШАЛНИКОТ ЗА АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЗА ЈАВНА НАБАВКА

УСЛУГИ за експертиза – за подготовка на тендерска документација за тендерска постапка по ПРАГ и за експертска поддршка на проектниот тим од Општина Богданци може да го симнете од web страната на општина Богданци или во канцеларијата за ЛЕР, контакт лице: Митко Влахов.                                                             

Ве молиме истиот пополнет и скениран да ни биде вратен на следнавa емаил адресa: opstina_bogdanci@t.mk или директно во општина Богданци на ул.„ Маршал Тито “ бр.62,  Одделение за локален економски развој, не покасно од  петок, 09.05.2025  год.  до 12.00 часот.

Во чест на 26-ти Април – Денот на излегувањето на првите партизани од Богданци и Гевгелиско

По повод 26-ти Април, Денот кога пред 82 години излегле првите партизани од Богданци, Гевгелија и Гевгелиско, локалната самоуправа, Здружението на борците и членови на Општинското Здружение на Пензионери  им оддадоа почит на народните херои и паднатите борци со положување цвеќе пред бистите во Градскиот парк во Богданци. На настанот присутни беа, Директорот и ученици од ООУ „Петар Мусев“ Богданци како членови на Училишниот одбор.

Излегувањето на партизаните од овој крај се совпаднало со Велигденските празници во 1943 година, кога било договерено тие да излегуваат во групи поради безбедносни причини а првата група партизани излегла токму на 26 април, значаен ден за историјата на Богданци. Првата група ја сочинувале 10 луѓе, а од Богданци биле Коста Поп Ристов, Илија Калчев, Ване Калчев и Петар Мусев.

По тој повод на 26-ти Април се празнува и патрониот празник на ООУ „Петар Мусев“ во Богданци,

Честит да ни биде Денот на училиштето, честит и вековит да биде споменот на нашиот патрон, Петар Мусев.

Нивната одлучност, храброст и љубов кон слободата остануваат вечен симпол на отпорот и достоинството. Вечна им слава!

Соопштение

Општина Богданци ги известува граѓаните кои имаат причинета материјална штета настаната како последица на природна непогода – град, која зафати дел од територијата на општина Богданци на 28.03.2025 година (петок) и ниските температури и појавата на слана, која го зафати подрачјето на Општина Богданци на ден 10.04.2025 година (четврток) да ја пријават штетата до Општинската Комисија за процена на штети од природни непогоди.

Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Богданци на ул.Маршал Тито бр.62, од 28.04.2025 до 06.05.2025 година.

Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува.

Во прилог на Барањето, подносителот треба да достави:

–         копија од лична карта/копија од тековна состојба (за правни лица);

–         копија од трансакциска сметка;

–         доказ за сопственост/користење на недвижен имот (имотен лист, договор за закуп);

–         пријава на штета*;

–         изјава за штета*;

–         изјава дека имотот не е осигуран*;

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 6 (шест) работни дена, односно најдоцна до 06.05.2025 година.

Барањата ќе бидат обработени од страна на Општинска комисија за процена на штети од природни непогоди и ќе биде изготвен Извештај, кој ќе биде проследен до Советот на Општина Богданци и до Влада на Република Северна Македонија.

Општинска комисија за процена на штети

                                                   од природни непогоди

Известување за прекоп на улица за атмосферска канализација од ул.10-ти Октомври со спој со улица 25-ти мај, при реализација на градежни работи за реконструкција на улица 26-ти Април во Богданци

Почитувани,

Ве известуваме дека утре, петок, 25.04, согласно изведбата на градежни работи за Реконструкција на дел од улица 26-ти Април во Богданци, ќе  се врши прекоп на улицата 10-ти Октомври кај спојот со улицата 25-ти Мај. Регулирањето на сообраќајот ќе биде со соодветна сообраќајна сигнализација со пренасочување по околните улици.

Се надеваме на разбирање.

СООПШТЕНИЕ

Општина Богданци ги известува граѓаните кои имаат причинета материјална штета настаната како последица на ниските температури и појавата на слана, која го зафати подрачјето на Општина Богданци на ден 20.03.2025 година и 21.03.2025 година (четврток и петок), да ја пријават штетата до Општинската Комисија за процена на штети од природни непогоди.

Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Богданци на ул.Маршал Тито бр.62, најдоцна до 14.04.2025 година.

Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува.

Во прилог на Барањето, подносителот треба да достави:

–         копија од лична карта/копија од тековна состојба (за правни лица);

–         копија од трансакциска сметка;

–         доказ за сопственост/користење на недвижен имот (имотен лист, договор за закуп);

–         пријава на штета*;

–         изјава за штета*;

–         изјава дека имотот не е осигуран*;

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 6 (шест) работни дена, односно најдоцна до 14.04.2025 година.

Барањата ќе бидат обработени од страна на Општинска комисија за процена на штети од природни непогоди и ќе биде изготвен Извештај, кој ќе биде проследен до Советот на Општина Богданци и до Влада на Република Северна Македонија.

Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година објавен од страна на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

„1.000 денари месечно за струја: Кој има право и како да аплицира? –  Министерството за енергетика објави јавен оглас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија. Оваа мерка е дел од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 34/25), со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна.

Кој има право на финансиска поддршка? Финансиската поддршка е наменета за следните категории граѓани:

  • Домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток согласно Законот за заштита на децата, чиј вкупен нето доход во 2024 година на месечно ниво не го надминувал износот од:
    • 42.000 денари за домаќинство со два члена,
    • 60.000 денари за домаќинство со три члена,
    • 80.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.
  • Згрижувачи кои згрижуваат едно или повеќе лица во своето семејство и се корисници на надоместок за згрижување согласно Законот за социјалната заштита, при што нивниот вкупен нето доход на месечно ниво не го надминувал предвидениот праг според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).

Износ и времетраење на поддршката Министерството доделува финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето. Поддршката ќе се доделува во текот на 12 месеци или до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.

Лицата кои веќе користат гарантирана минимална помош и добиваат паричен додаток за енергенси во согласност со Законот за социјална заштита, како и старите лица кои користат финансиска поддршка согласно Законот за социјална сигурност на стари лица, не се опфатени со оваа мерка.

Процедура за аплицирање Рокот за поднесување на барањата изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас. Заинтересираните лица треба да поднесат пополнет образец за барање (Образец 1 или Образец 2, во зависност од категоријата) достапен во архивата на Министерството или на официјалната веб-страница: https://www.ea.gov.mk/

Со барањето е потребно да се достават следните документи:

  1. Изјава заверена на нотар за точност на приложената документација;
  2. Фотокопија од Решение за стекнато право на посебен додаток или надоместок за згрижување;
  3. Фотокопија од последната сметка за потрошена електрична енергија;
  4. Фотокопија од лична карта на барателот;
  5. Доказ за членовите на домаќинството.

Министерството ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Министерството: www.ea.gov.mk или контактирајте на ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk за прашања во врска со јавниот оглас.

Со почит,

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |