Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Уредување на повеќенаменско спортско-рекреативно катче за деца и млади

Во рамките на Швајцарскиот проект „Зајакнување на општинските совети“ кој го спроведува УНДП, во текот на 2020 година Општина Богданци спроведе Форуми во заедницата, каде низ четири форумски сесии граѓаните и невладините организации на оваа општина имаа прилика да креираат, дискутираат и одлучуваат за приоритетни иницијативи кои би се реализирале во општината со финансиска поддршка од 50,000 CHF од проектот за Зајакнување на општинските совети.

Низ четирите форумски сесии, граѓаните на општина Богданци дадоа приоритет на иницијативата „Безбеден граѓанин – Среќен граѓанин-Уредување на режимот на сообраќај и поставување на сообраќајни знаци во Богданци “, која веќе е во целост реализирана а опфати голем број на активности за уредување на режимот на сообраќај и поставување на сообраќајни знаци во Општината. Вкупната вредност на оваа иницијатива изнесуваше 2,155,414 денари.

Имајќи предвид дека за реализацијата на оваа иницијатива Општина Богданци не го искористи грантот од 50,000 CHF во целост, на 15 февруари се организираше дополнителна форумска сесија каде граѓаните ги разгледаа преостанатите иницијативи и како приоритет ја утврдија иницијативата предложена од младите од Богданци „Уредување на повеќенаменско спортско-рекреативно катче за деца и млади“, која ќе се спроведе со преостанатите средства од проектниот грант, како и со кофинансирање од страна на општината.

Проектот преставува реконструкција, уредување и збогатување со нови содржина на постоечкото детско игралиште спроти Домот на култура во Богданци .

 

Дополнително, општина Богданци ќе се заложи во текот на годината со сопствени средства да ја реализира и трето-рангираната иницијатива произлезена од Форумите во заедницата: „Партерно уредување на дом на култура во Стојаково“.

Објавен јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори


Почитувани,

Ве известуваме дека од страна на Државниот завод за статистика објавен е јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во периодот од 01.-21.04.2021 година.

Целиот текст на конкурсот во кој се наведени условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите и начинот на аплицирање е достапен на следниот ЛИНК.

Kонкурс за ангажирање на еден проектен координатор

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува конкурс за ангажирање на еден проектен координатор за потребите на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020.

Заинтересираните кандидати за горенаведената работна позиција својот интерес можат да го најават со доставување на кратка биографија (CV), мотивационо писмо на англиски јазик, копија од Диплома за завршено образование, како и дополнителни документи за докажување на  критериумите од конкурсот, со назнака „По конкурс за проект Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, најдоцна до 26.02.2021 година (петок), до 16.00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регионБул. „Маршал Тито бр. 1-1, 2400 Струмица.      

Целосниот текст на конкурсот како и прилозите може да се превземат од следниве линкови:

Конкурс по проект „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“

Прилог 1 Работни задачи на проектен координатор

Прилог 2 Europass CV

Прилог 3 Прирачник за имплементација на проекти

Во Богданци оддржана работна средба под мотото „Учи паметно, работи стручно“

Денес, 19.02.2021 година во просториите на Дом на култура „Бранд Петрушев“ Богданци беше оддржана работна средба под мотото „Учи паметно, работи стручно“ која што се спроведува од страна на Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија. На средбата присуствуваа Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, Министерката за образование и наука Мила Царовска, Амбасадорката на Швајцарија во РСМ Н.Е. Сибил Сугер, колеги Градоначалници од регионот, претставници од средните стручни училишта и претставници на регионалниот бизнис сектор.

Во моментов се превземат активности за унапредување на средното стручно образование, со цел истото да ја оствари својата примарна цел во креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на труд.

Министерството за образование и наука спроведува анализа за да ја утврди соодветноста на постојните образовни профили кои ги нудат училиштата, како и на потребата од нови профили кои им се потребни на компаниите но не се вклучени во наставните програми.

Од овие причини произлезе и потребата за остварување на денешната работна средба на која се дискутираше и се споделуваа мислења за следниве прашања:

  • Какви профили на кадар, односно вработени со какви знаења и вештини им се потребни на компаниите
  • Дали компаниите би примиле ученици на практична настава (од кои струки/профили), и доколку не зошто
  • Кои се евентуалните пречки со кои се соочуваат компаниите во врска со спроведувањето на практичната настава и предлози како истите да се надминат
  • Каква е соработката на компаниите со училиштата и кои се можни начини за унапредување на истата.

Унапредувањето на средното стручно образование бара ангажман од повеќе општествени чинители и бара разменување на мислења помеѓу бизнис заедницата, образовните институции и останатите надлежни институции како и дебата помеѓу истите.

Потребно е заеднички да ги идентификуваме потребите на компаниите и бизнис секторот и да се создаде кадар кој што е реално потребен, и кој во процесот на учење ќе посетува практична работа во компаниите и ќе се запознае со самиот производствен процес. Ова ќе биде од големо значење за учениците кои ќе добиваат пракса и потенцијално вработување по завршување на образованието со што ќе можат да одговорат на потребите, а реалниот сектор ќе добие квалитетен кадар подготвен брзо да се вклучи во извршување на работни обврски.

Создавањето на стручниот кадар е еден од најважните предуслови за локалниот економски развој, унапредувањето на бизнис климата, како и функционирањето на компаниите.

Серијалот општествени дебати со цел подобрување на образованието во Северна Македонија е помогнат од страна на Швајцарската амбасада која издвојува финансиски средства за овие програми и реформи и е активен чинител со своите искуства.

 

 

Пренос во живо на 55-та седница на Советот на Општина Богданци

Почитувани,

Ве известуваме дека денес (29.01.2021) во 11.00 часот започнува 55-та седница на Советот на општина Богданци.

Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк:

https://youtube.com/watch?v=Ft0-vH7dT0I&feature=share

ЈАВЕН ОГЛАС  ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08- 1753/22 од 29.12.2020 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 20/20), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува  

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2021 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  300,оо денари  месечно за секој корисник  и е составена од една компонента и тоа:

  1. покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата;

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот на Општина Богданци имаат:

  • Лица корисници на социјална парична помош;
  • Да е корисник на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци,

Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:

  • Потврда дека е корисник на социјaлна парична помош;
  • Потврда за користење на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;
  • Лична карта (на увид);

Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданци или преку пошта, на адреса : Oпштина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;

Јавниот оглас ќе трае 12 дена од денот на објавувањето, а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 01.02.2021 година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.

 

                                                                                                         Градоначалник

                                                                                                  на Oпштина Богданци

                                                                                                           Блаже Шапов                                                                                                           

Градоначалникот го посети првороденoто бебе во општата Болница во Гевгелија

На 04.01.2021 година се роди првото бебе (женско) од општина Богданци во Одделението за Гинекологија и Акушерство при општата Болница во Гевгелија. Бебето е тешко 3350 грама, долго 50 см и ќе го носи името Тиана.

Мајка на првороденото бебе е  Марица Олумчев  од Богданци.

Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов,  ја посети родилката на кои и беа доделени пригодни подароци.  Исто така ќе и биде доделен и паричен надомест одвоен од Буџетот на Општината за новородено бебе.

Советот на Општина Богданци и оваа година донесе одлука за доделување на еднократен паричен надомест на првороденото бебе од нашата општина во износ 10.000 денари и по 4.000 денари за секое родено бебе во текот на целата година.

На мајката и бебето им посакуваме здравје, среќа, успех и долг живот.

Среќна, весела и бериќетна Нова Година

Почитувани сограѓани,

Ги одбројуваме последните часови од оваа година, која за сите нас беше тешка, година на страв, несигурност, неизвесност, предизвици…Ни одзеде блиски, ни одзеде мир и спокој, скапоцено време кое требаше да го поминеме со драги пријатели. Но, исто така не научи дека нема ништо поважно од здравјето и среќата на семејството и најблиските.

Затоа, Ве замолувам празниците кои ни претстојат да ги поминете одговорно, согласно препораките, без масовни групирања, со единствена цел да го заштитиме сопственото и здравјето на наштите најмили.

Ја користам оваа прилика во мое лично име, во името на општинската администрација како и од името на Советот на Општина Богданци, да Ви испратам најискрени желби за што подобра Нова Година, посакувајќи во секое семејство да преовладува здравје, љубов, среќа и слога.

Нека Ви е среќна, весела и бериќетна Новата 2021 година!

Среќни празници!

Со почит,

Блаже Шапов – Градоначалник на Општина Богданци

Реализирана хуманитарна акција под мотото – Твојата хуманост дел од нечија среќа

Општина Богданци во соработка со учениците –волонтери од Младинскиот клуб на Црвен крст при СОУ „Богданци” Богданци реализираа хуманитарна акција под мотото „Твојата хуманост нека биде дел од нечија среќа!“

Во хуманитарната акција граѓаните имаа можност да ја искажат својата хуманост чии средства ќе бидат наменети за луѓето на кои им е потребна ваквата помош за да им се збогати празничната трпеза  преку купување на прехрамбени продукти.

Учениците имаа можност заедно со Градоначалникот на општина Богданци  да  ги посетат  детската градинка ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“ Богданци и децата од центарот „Мајка Тереза“ Гевгелија, да им подарат новогодишни пакетчиња и да ја зголемат детската радост посакувајќи им најубави желби во годината која доаѓа. Радоста на овие деца беше зголемена со опремување на посебна просторија во Дневниот Центар во Гевгелија, со реквизити и помагала кои ќе им помогнат во обавувањето на своите секојдневни активности.

Да бидеш хуман значи сопствената љубов да знаеш да ја претвориш во искра во нечии очи.

Пренос во живо на 54-та седница на Советот на општина Богданци

Почитувани,

Ве известуваме дека денес (29.12.2020) во 10.00 часот започнува 54-та седница на Советот на општина Богданци.

На истата ќе се разгледуваат годишните програми за кои е надлежна општината согласно важечките законски прописи, како и Буџетот на општина Богданци за 2021 година.

Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк

https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=yjq0Vj0SWKQ&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0n9cEeNNaQC6uQmwQ1mvv9cNaFVho1QlRjK1w_9cnNFxeOhsAQK2Vgkns

 

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |