Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година објавен од страна на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

„1.000 денари месечно за струја: Кој има право и како да аплицира? –  Министерството за енергетика објави јавен оглас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија. Оваа мерка е дел од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 34/25), со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна.

Кој има право на финансиска поддршка? Финансиската поддршка е наменета за следните категории граѓани:

  • Домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток согласно Законот за заштита на децата, чиј вкупен нето доход во 2024 година на месечно ниво не го надминувал износот од:
    • 42.000 денари за домаќинство со два члена,
    • 60.000 денари за домаќинство со три члена,
    • 80.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.
  • Згрижувачи кои згрижуваат едно или повеќе лица во своето семејство и се корисници на надоместок за згрижување согласно Законот за социјалната заштита, при што нивниот вкупен нето доход на месечно ниво не го надминувал предвидениот праг според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).

Износ и времетраење на поддршката Министерството доделува финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето. Поддршката ќе се доделува во текот на 12 месеци или до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.

Лицата кои веќе користат гарантирана минимална помош и добиваат паричен додаток за енергенси во согласност со Законот за социјална заштита, како и старите лица кои користат финансиска поддршка согласно Законот за социјална сигурност на стари лица, не се опфатени со оваа мерка.

Процедура за аплицирање Рокот за поднесување на барањата изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас. Заинтересираните лица треба да поднесат пополнет образец за барање (Образец 1 или Образец 2, во зависност од категоријата) достапен во архивата на Министерството или на официјалната веб-страница: https://www.ea.gov.mk/

Со барањето е потребно да се достават следните документи:

  1. Изјава заверена на нотар за точност на приложената документација;
  2. Фотокопија од Решение за стекнато право на посебен додаток или надоместок за згрижување;
  3. Фотокопија од последната сметка за потрошена електрична енергија;
  4. Фотокопија од лична карта на барателот;
  5. Доказ за членовите на домаќинството.

Министерството ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Министерството: www.ea.gov.mk или контактирајте на ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk за прашања во врска со јавниот оглас.

Со почит,

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Одлука за продолжување на настава на ООУ „Петар Мусев“-Богданци

Се известуваат родителите на учениците во ООУ “Петар Мусев” Богданци дека согласно донесената Одлука од страна на Советот на Општина Богданци на денешната, 67ма Седница, воспитно образовниот процес продолжува од утре во просториите на СОУ “Богданци” со почеток во 14.00 часот.

Известување

Почитувани жители на град Богданци,

Во врска со тековниот проект Реконструкција на системот за водоснабдување во Богданци, Ве известуваме дека од месец мај ќе се започне со местење на водомери на новата водоводна линија, кај корисниците каде што веќе се извадени приклучоци за новата водоводна линија.

За успешна реализација на овој проект потребно е корисниците каде што веќе се оставени приклучоци за новата водоводна линија, да си обезбедат шахти за инсталација на новите водомери, најдоцна до втората половина на месец април.

Ве молиме да ги преземете потребните мерки за навремено извршување на овие обврски, со цел да овозможиме непречено и ефикасно поврзување на сите корисници на новиот систем за водоснабдување.

Ви благодариме на разбирањето и соработката.

Со почит,

Повик за волонтери

Ни претставува особена чест да го поздравиме Македонскиот Олимписки Комитет кој како организатор на овогодинешното издание на ЕМОФ Скопје 2025 ќе ја обедини младинската спортска елита од цела Европа. Фестивалот на едно место ќе обедини повеќе од 4000 учесници од 48 европски држави и регионот, голем број на домашни и странски гости како и повеќе од 900 волонтери. 

Овој мулти-спортски олимписки настан е одлична можност Македонија да биде домаќин на младите спортисти од цела Европа и да го претстави својот младински спортски потенцијал пред широката публика која го следи овој фестивал. 

Со цел успешна реализација на фестивалските активности потребна е и поддршката од најважниот сектор за секој настан – волонтерите. Организаторите волонтерите ги сметаат за срцето на овој фестивал, повикот за аплицирање за волонтер на ЕМОФ Скопје 2025 е веќе отворен! 

Во знак на поддршка ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат во овој спортски спектакл и да ја поднесат својата апликација за волонтер! 

Заинтересираните може да аплицираат на следниот линк: Volunteer Application EYOF 2025 Skopje – Google Forms
Повеќе информации за отворениот повик може да најдете на официјалните канали на фестивалот @skopje_2025, каналите на Македонскиот Олимписки Комитет @Macedonianolympics. 

Асфалтирање на улица Јане Сандански во Стојаково

Денес фирмата Конструктор ДОО Скопје започна со асфалтирање на улица Јане Сандански во Стојаково. Претходно беа поставени нова водоводна линија и атмосферска канализација, и со оваа фаза целосно завршува реконструкцијата на оваа улица.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |