Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Трета адултицидна дезинсекција

Се известуваат жителите на Општина Богданци дека на 26.09.2024 год., (четврток) во вечерните часови ќе се изврши третото теристичко прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести, од страна на Центар за јавно здравје Скопје.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ако временските услови не го дозволат теристичкото прскање, тоа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија

Екипите на Електродистрибуција во периодот од 26-ти септември заклучно со 01-ви Октомври ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во општина Богданци.Од овие причини, во деновите од четврток до вторник од 06.00 до 12.00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има во цело Стојаково и Селемли, а во четврток (26-ти септември) од 8.30 до 14 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат индустриските објекти во КО Ѓавото.

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија

Екипите на Електродистрибуција, на 13.09.2024 (петок) ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во Богданци. Ве известуваме дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување во периодот од 06.00 до 07.00 часот ќе останат централниот и западниот дел на Богданци, а во периодот од 06.15 до 12 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат Јужен дел на Богданци, с.Ѓавато, и објектите на влезот во Богданци (движејќи се од Гевгелија кон Богданци).

Јавен повик за поднесување барања за еднократен надоместок за лица корисници на правото социјална сигурност за стари лица, жители на Општина Богданци

Врз основа на точка V од Програмата за мерките и активностите на општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2024 година („Службен весник на Општина Богданци“ бр.  21/23 ), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува

ЈА В Е Н  П О В И К 

ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ЕДНОКРАТЕН НАДОМЕСТОК ЗА

ЛИЦА КОРИСНИЦИ НА ПРАВОТО СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ

ЗА СТАРИ ЛИЦА, ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Општина Богданци обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2024 година за доделување на еднократен надоместок за лица корисници на правото социјална сигурност за стари лица (социјална пензија), жители на Општина Богданци.

Вкупниот  износ на паричниот надоместок изнесува  3.000,00 денари  еднократно за за лицата корисници на правото социјална сигурност за стари лица (социјална пензија), жители на Општина Богданци.

Право да поднесат  барање за еднократен надоместок имаат за лица корисници на правото социјална сигурност за стари лица(социјална пензија) кои се жители на Општина Богданци и потребно е да ги достават следните документи:

-Потврда дека се приматели на правото социјална сигурност за стари лица(социјална пензија) издадена од Меѓуопштински центар за социјална работа;

            -Лична карта на барателот (копија).

            -Трансакциска сметка на барателот (копија).

     Барања да се достават  во архивата на општина Богданци, на адреса: Oпштина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци од 03.09.2024 до 20.09.2024  година.

                                                                                                                                                                                                                   

Јавен оглас за поднесување барања за доделување на еднократна парична помош на семејство со прваче

Врз основа на Одлуката за доделување на еднократна парична помош на семејства со прваче на подрачјето  на Општина Богданци бр.08-1629/15 од 22.08.2022 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 11/22) и Програмата за мерките и активностите на општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2024 година („Службен весник на Општина Богданци“ бр. 21/23), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС 

ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТНА

ПАРИЧНА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВО СО ПРВАЧЕ

Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2024 година за доделување на еднократна парична помош на семејства со прваче на подрачјето на Општина Богданци за учебната 2024/25 година.

Вкупниот  износ на парична помош изнесува  3.000,00 денари  еднократно за секое запишано прваче во основните училишта во Општина Богданци во учебната 2024/25 година.

Право да поднесат  барање за еднократна парична помош имаат семејствата на прваче и потребно е да ги приложат следните документи:

-Потврда за запишан ученик во прво одделение, издадена од основно училиште од територијата на Општина Богданци.

            -Лични карти од родителите/старателите  на првачето (копија).

            -Трансакциска сметка на едниот родител/старател.

     Барања да се достават  во архивата на општина Богданци, на адреса: Oпштина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци од 03.09.2024 до 20.09.2024  година.

Среќен и успешен почеток на новата учебна година

Драги ученици,

Секоја учебна година е нов почеток, време кога е потребно да покажете што се знаете и умеете, време за создавање нови пријателства,време за откривање на некои свои скриени афинитети…

Ви посакувам успешен почеток и успешна соработка со вашите наставници,професори и сите вклучени во воспитно-образовниот процес !!! 🍀🍀🍀

Втора адултицидна дезинсекција

Се известуваат жителите на Општина Богданци дека на 13.08.2024 год., (вторник) во вечерните часови ќе се изврши второто теристичко прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести, од страна на Центар за јавно здравје Скопје.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ако временските услови не го дозволат теристичкото прскање, тоа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Денеска е Света Недела, честит празник Стојаково!

Денес се празнува Света Недела – За многу години!

На 20 јули жителите на Стојаково традиционално секоја година го прославуваат патронот на Православната црква „Света Недела“, заштитничка на ова населено место.

 Света Недела е празник на честа, посветеноста на верата и вербата. Им посакувам на сите граѓани од ова населено место денот да го поминат во добро здравје и убаво расположение. Честит панаѓур!

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |