Закажана педесет и првата седница на Советот на општина Богданци
Ве известуваме дека педесет и првата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 07.10.2020 година (среда) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Измени и дополнувања (ребаланс) на Буџетот на Општина Богданци за 2020 година.
- Предлог-Одлука за привремено мирување на обврските од член 3 од Договорот за утврдување и плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште УПI број 11-39 од 10.08.2020 година;
- Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2020-31.03.2020 година;
- Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2020-30.06.2020 година;
- Разгледување на Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
- Советнички прашања.