Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Закажана седмата седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме седмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 04.02.2022 година (петок) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот октомври-декември 2021 година;
  2. Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2021-30.06.2021 година;
  3. Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2021-30.09.2021 година;
  4. Годишна Програма за работа на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2022 година;
  5. Разгледување на одлука за утврдување на тарифа за снабдување  со вода за пиење и одведување на отпадни води;
  6. Предлог-Одлука за утврдување на бодот за пресметување на плати на јавните службеници, даватели на јавни услуги, помошно технички персонал како и директор во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за 2022 година;
  7. Извештај по Програмата за активностите на Општина Богданци  во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2021 година;
  8. Извештај по Програмата за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2021 година;
  9. Извештај по Програмата за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2021 година;
  10. Предлог-Решение за поништување на Решението за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Гевгелија“-Гевгелија како претставник на општината;
  11. Советнички прашања.

Закажана петтата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме петтата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 20.12.2021 година (понеделник) со почеток во 10.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци  во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2022 година;
  2. Нацрт-Програма  за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2022 година;
  3. Нацрт–Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2022 година;
  4. Нацрт-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година;
  5. Нацрт-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2022 година;
  6. Нацрт– Програма за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  7. Нацрт-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2022 година;
  8. Нацрт-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2022 година;
  9. Нацрт–Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2022 година;
  10. Нацрт- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  11. Нацрт–Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2022 година;
  12. Нацрт–Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2022 година;
  13. Нацрт- Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2022 година;
  14. Нацрт-Програма за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2022 година;
  15. Нацрт–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2022 година;
  16. Нацрт–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2022 година;
  17. Нацрт-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2022 година;
  18. Нацрт-Програма од областа на родовата рамноправност во Општина Богданци за 2022 година;
  19. Нацрт-Одлука за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2022 година;
  20. Нацрт-Буџет на општина Богданци за 2022 година;
  21. Советнички прашања.

Закажана шеесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека шеесет и  осмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 17.09.2021 година (петок) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Годишен извештај за работата и постигнатите резултати на СОУ „Богданци“-Богданци учебната 2020/2021 година;
  2. Годишна програма за работа на СОУ „Богданци“-Богданци за учебната 2021/2022 година;
  3. Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2020/2021 година;
  4. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2021/2022 година;
  5. Разгледување на Одлука за формирање Комисија за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  6. Разгледување на Одлука за утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  7. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на групи со помал и поголем број на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  8. Советнички прашања.

 

Закажана шеесет и седмата седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека шеесет и седмата седница на Советот на општина Богданци е закажана на ден 30.08.2021 година (понеделник) со почеток во 14.00 часот во просториите на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Годишен извештај на ООУ „Петар Мусев“-Богданци за учебната 2020/21 година;
  2. Годишна програма на ООУ „Петар Мусев“-Богданци за учебната 2021/2022 година;
  3. Годишен извештај на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково за учебната 2020/21 година;
  4. Годишна програма на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково за учебната 2021/22 година;
  5. Предлог-Годишен план за вработување на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково за 2022 година;
  6. Предлог-Годишен план за вработување на Општина Богданци за 2022 година;
  7. Предлог-Годишен план за вработување на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2022 година;
  8. Предлог-Одлука за утврдување на предлог за именување на член во Управниот одбор на Заедничкото Јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“-Струмица,
  9. Советнички прашања.

Закажана шеесет и шестата седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека шеесет и шестата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 21.07.2021 година (среда) со почеток во 08.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2021 година;
  2. Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот април-јуни 2021 година;
  3. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2021 година;
  4. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2021 година;
  5. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2021 година;
  6. Предлог-Одлука за измена на Одлуката за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2021 година;
  7. Предлог-Измени и дополнувања (ребаланс) на Буџетот на Општина Богданци за 2021 година;
  8. Извештај за проценетите штети од временска непогода (слана) на земјоделски култури што се случи на 08, 09, и 10 април 2021 година од Комисијата за Процена на штета  од  елементарни непогоди на Општина Богданци;
  9. Предлог-Одлука за измена и дополнување на одлуката за основање на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион;
  10. Предлог-Решение за разрешување на член на Надзорен одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  11. Советнички прашања.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |