Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Закажана шестата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме шестата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 29.12.2021 година (среда) со почеток во 10.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Програма за активностите на Општина Богданци  во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2022 година;
  2. Предлог -Програма  за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2022 година;
  3. Предлог –Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2022 година;
  4. Предлог -Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година;
  5. Предлог -Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2022 година;
  6. Предлог – Програма за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  7. Предлог -Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2022 година;
  8. Предлог -Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2022 година;
  9. Предлог –Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2022 година;
  10. Предлог – Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  11. Предлог –Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2022 година;
  12. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2022 година;
  13. Предлог – Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2022 година;
  14. Предлог -Програма за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2022 година;
  15. Предлог–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2022 година;
  16. Предлог –Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2022 година;
  17. Предлог -Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2022 година;
  18. Предлог-Програма од областа на родовата рамноправност во Општина Богданци за 2022 година;
  19. Предлог-Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;
  20. Предлог-Одлука за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2022 година;
  21. Предлог-Буџет на општина Богданци за 2022 година;
  22. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2022 година;
  23. Предлог-Буџетски календар за 2022 година;
  24. Предлог-Одлука за престанување со работа и спроведување на ликвидација, промена на назив на фирма, промена на скратен назив на фирма и назначување на ликвидатор на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА –ЛУНА“-Струмица;
  25. Предлог–Решение за разрешување и именување на членови на Училишниот одбор на СОУ „Богданци“-Богданци;
  26. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Училишниот одбор на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково;
  27. Предлог-Решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  28. Предлог-Решение за разрешување и именување членови на  Надзорниот орган на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  29. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Орган за внатрешна контрола на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
  30. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  31. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Надзорниот одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  32. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Гевгелија“-Гевгелија како претставник на општината;
  33. Предлог-Решение за формирање Комисија за утврдување Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци;
  34. Решение за формирање на Координативен одбор за следење на спроведување на Интегрираниот план за локален развој на Општина Богданци (2019-2022) и именување членови во истиот.
  35. Советнички прашања.

Закажана четвртата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека четвртата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 03.12.2021 година (петок) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за утврдување на потреба од ажурирање на процената за загрозеност на подрачјето на општина Богданци од сите ризици и опасности;
  2. Предлог – Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот јули-септември 2021 година;
  3. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Богданци за 2021 година (основен буџет);
  4. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Богданци за 2021 година (буџет на дотации);
  5. Предлог-Одлука за одобрување на Програмата за изведување на отворено повеќенаменско игралиште и фудбалско игралиште;
  6. Предлог-Одлука за дополнување на Програмата за урбана опрема во Општина Богданци за 2021 година;
  7. Предлог-Одлука за измена на одлуката за формирање на тело кое ќе ја следи имплементацијата на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) на општина Богданци за периодот (2019-2025);
  8. Советнички прашања.

Закажана третата седница на советот на Општина Богданци

Ве известуваме третата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 26.11.2021 година (петок) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог – Одлука за определување членови на Советот на Општина Богданци за присуство при склучување брак во Општина Богданци;
  2. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисија за статут и прописи;
  3. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;
  4. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за јавни дејности;
  5. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
  6. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите;
  7. Предлог-Решение за формирање на комисија за разгледување на барања за социјална парична помош;
  8. Предлог-Решение за разрешување на член од Управниот одбор на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци.

 

 

Европска недела на мобилност

22 септември – Ден без автомобили

 По повод  22 септември – Ден без автомобили, Ве информираме дека Општина Богданци организира настан со учениците од училиштата во Богданци и Стојаково, дечињата од детските градинки и заинтересирани граѓани.

Активноста  ќе се одржи  на ден 20 септември 2019 година (петок), со почеток од 10:30 до 13:30 часот.

Децата од Детската градинка,, Коста Поп Ристов“ – Делчев ќе се движат по ул. ,, Изворски“, ул. ,,Маршал Тито“ и пред Комерцијална банка преминуваат во Градски парк Богданци.

Учениците од СОУ ,, БОГДАНЦИ “ ќе се движат по ул.„Маршал Тито“, а движењето со велосипеди, ролери итн., започнува од раскрсницата на фирмата „Бреботекс“ до Градскиот парк во Богданци.

Учениците од ООУ,, Кирил и Методиј “ Стојаково ,,Европската недела на мобилност“ ќе  ја одбележат во село Стојаково.

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да се вклучат во настанот.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |