Ве известуваме третата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 26.11.2021 година (петок) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог – Одлука за определување членови на Советот на Општина Богданци за присуство при склучување брак во Општина Богданци;
- Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисија за статут и прописи;
- Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;
- Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за јавни дејности;
- Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
- Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите;
- Предлог-Решение за формирање на комисија за разгледување на барања за социјална парична помош;
- Предлог-Решение за разрешување на член од Управниот одбор на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци.