Ве известуваме дека четириесетивтората седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 18.12.2023 година (понеделник) со почеток во 11.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2024 година;
- Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2024 година;
- Нацрт– Програма за јавно осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2024 година;
- Нацрт-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2024 година;
- Нацрт-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2024 година;
- Нацрт–Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2024 година;
- Нацрт-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година;
- Нацрт-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2024 година;
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправните објекти во истата (КП бр. 2382/2, 2381 и 8071);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 7337 и КП 7334);
- Нацрт–Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година;
- Нацрт- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2024 година;
- Нацрт–Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2024 година;
- Нацрт–Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2024 година;
- Нацрт- Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2024 година;
- Предлог-Одлука за донесување на план за парцелација составен дел на Урбанистичкиот проект со план за парцелација со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани поставени на земјиште на КП бр. 6165, КП бр. 6166/1, КП бр. 6166/2, КП бр. 6170/1 и КП бр. 6170/2, КО Стојаково, Општина Богданци;
- Нацрт-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2024 година;
- Нацрт–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2024 година;
- Нацрт–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2024 година;
- Нацрт-Програма од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Богданци за 2024 година;
- Нацрт-Буџет на општина Богданци за 2024 година;
- Предлог-Одлука за определување на висината на надоместокот за добивање лиценца за вршење на угостителска дејност;
- Финансов извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот 01.2023-30.09.2023 година;
- Одлука за усвојување на одлуката за утврдување на висината на бод за исплата на плата на вработените во ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
- Предлог-Одлука за измена на одлуката за утврдување на месечен надоместок на претседателот и членовите на Управниот одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
- Советнички прашања.