Ве известуваме дека шеесетивтората седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 26.12.2024 година (четврток) со почеток во 09.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2025 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2025 година;
- Предлог– Програма за јавно осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2025 година;
- Предлог-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2025 година;
- Предлог-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2025 година;
- Предлог–Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2025 година;
- Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2025 година;
- Предлог-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2025 година;
- Предлог–Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2025 година;
- Предлог- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2025 година;
- Предлог–Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2025 година;
- Предлог–Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2025 година;
- Предлог- Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2025 година;
- Предлог-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2025 година;
- Предлог–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2025 година;
- Предлог–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2025 година;
- Предлог-Програма од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Богданци за 2025 година;
- Предлог-Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;
- Предлог-Буџет на општина Богданци за 2025 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2025 година;
- Предлог-Буџетски календар за 2025 година;
- Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2025 година.
- Предлог-Програма за работа на Светот на Општина Богданци за 2025 година.
- Разгледување на Решение У.бр.116/2024 од 20.11.2024 година од Уставен суд на Република Северна Македонија
- Советнички прашања.