Ве известуваме дека шеесетитретата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 30.01.2025 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Извештај за работа и спроведени активности на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2024 година;
- Разгледување на Програма за работа на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2025 година;
- Предлог-Програма за работа на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2025 година;
- Предлог-Одлука за утврдување на висина на бод за исплата на плата на вработените во ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2025 година;
- Предлог-Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка;
- Предлог-Одлука за формирање на заедничка комисија;
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Интегриран план за локален развој на Општина Богданци за 2023-2027;
- Годишен извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Богданци во областа на Локалниот економски развој за 2024 година;
- Предлог-Одлука за давање согласност за прибавување на Одобрение за потврдување на помошен објект, оранжерија или објект за примарна обработка на земјоделски производи бесправно изградени на земјоделско земјиште (10932/1);
- Разгледување на барање од детска градинка ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“-Богданци под бр. 03-19/1 од 09.01.2025 година;
- Извештај за реализација на програмата за финансирање на спортските активности во општина Богданци за 2024 година;
- Извештај за реализација на програмата за финансирање на културните активности во општина Богданци за 2024 година;
- Советнички прашања.