Ве известуваме дека шеесет и шестата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 21.07.2021 година (среда) со почеток во 08.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2021 година;
- Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот април-јуни 2021 година;
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2021 година;
- Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2021 година;
- Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2021 година;
- Предлог-Одлука за измена на Одлуката за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2021 година;
- Предлог-Измени и дополнувања (ребаланс) на Буџетот на Општина Богданци за 2021 година;
- Извештај за проценетите штети од временска непогода (слана) на земјоделски култури што се случи на 08, 09, и 10 април 2021 година од Комисијата за Процена на штета од елементарни непогоди на Општина Богданци;
- Предлог-Одлука за измена и дополнување на одлуката за основање на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион;
- Предлог-Решение за разрешување на член на Надзорен одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
- Советнички прашања.