Ве известуваме дека четириесет и третата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 05.08.2020 година (среда) со почеток во 09.00 часот во .Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот април-јуни 2020 година.
- Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект (Реконструкција на улица „Маршал Тито“ во с. Стојаково);
- Предлог-Одлука за распределба на средства за поддршка на спортски друштва за 2020 година;
- Предлог-Одлука за прифаќање иницијатива за воспоставување меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни;
- Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2019 година;
- Предлог-Годишен план за вработување во Општина Богданци за 2021 година;
- Предлог-Одлука за обезбедување финансиска помош;
- Советнички прашања.