Ве известуваме седумдесетичетвртата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 17.07.2025 година (четврток) со почеток во 10.00 часот во салата на Советот на општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици во СОУ „Богданци“-Богданци (прва година);
- Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици во ООУ „Петар Мусев“-Богданци (шесто одделение);
- Предлог-План за вработување на ООУ „Петар Мусев“-Богданци за 2026 година;
- Предлог-Одлука за определување на висината на износот на бесплатниот превоз на ученици од ООУ „Петар Мусев”-Богданци и ООУ„Кирил и Методиј”-Стојаково на релации за кои нема обезбедено линиски превоз за учебната 2025/2026 година;
- Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелка со помал број на ученици во ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково (прво одделение);
- Предлог-План за вработување на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково за 2026 година;
- Предлог-План за вработување на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2026 година;
- Предлог-План за вработување на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2026 година;
- Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот од април-јуни 2025 година;
- Предлог-Изјава дека општина Богданци ги исполнува условите;
- Предлог-План за вработување на Општина Богданци за 2026 година;
- Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во населено место Стојаково, Општина Богданци;
- Советнички прашања.