Врз основа на член 69 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/2012; 93/2013; 187/2013; 42/2014; 44/2015; 129/2015; 192/2015; 39/2016 и 99/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/2022 и 171/2022) и член 3 од Уредба за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на РМ“ бр.147/08 и 45/11) Градоначалникот на Општина Богданци го издава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за одржување на jавен увид и јавна расправа по Одлуказа спроведување на стратегиска оцена на влијанието на животната средина за
Генерален урбанистички план за град Богданци – плански период 2020-2030
Нацрт – извештајот за стратегиската оцена на влијанието на животната срединаза Генерален урбанистички план за град Богданци – плански период 2020-2030ќе биде изложен во просториите на салата на Советот на Општина Богданци и на вебстраната на Општина Богданци www.bogdanci.gov.mk.
Јавниот увид ќе трае 30 дена, од 15.02.2023 година до 18.03.2023 година од 08:00-16:00 часот.
Јавната расправа ќе се организира во салата на Советот на Општина Богданци лоциран на ул. “Маршал Тито” бр.62, Богданци на ден 06.03.2023 година (понеделник) со почеток во 12:00часот.
Заинтересираните граѓани и правни лица своите забелешки, предлози и мислења по Нацрт – извештајот за стратегиската оцена на влијанието на животната срединазаГенерален урбанистички план за град Богданци – плански период 2020-2030можат да ги достават писмено во архива на Општина Богданци,по пошта ул.„Маршал Тито“ бр. 62 или електронски на e-mail: opstina_bogdanci@t-home.mk и opstina_bogdanci@yahoo.com .
SEA Evolving_GUP Bogdanci (2020-2030)_nacrt