Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Забраната за движење во недела, на 24-ти мај, стапува во 11:00 часот и ќе трае до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот наутро

Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот.

Во сабота, на 23-ти мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за реконструкција на постојни улици, ул. „Мирче Ѓочков“, ул. „Мирка Гинова“, ул. „Кочо Рацин“, ул „Ѓуров Дол“ , ул. „Браќа Миладинови“ и ул. „10ти Октомври“ во општина Богданци во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Богданци аплицираше со проект за реконструкција на постојни улици, ул. „Мирче Ѓочков“, ул. „Мирка Гинова“, ул. „Кочо Рацин“, ул „Ѓуров Дол“ , ул. „Браќа Миладинови“ и ул. „10ти Октомври“ во општина Богданци.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Богданци (https://bogdanci.mk/) на 15 мај 2020 (петок).

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страната.

ESMP Checklist_ Project Bogdanci_mk_14.5.20

ESMP Checklist_ Project Bogdanci_ENG_14.5.20

формулар за коментари на документ

Општина Богданци доби комплетна техничка документација за реконструкција на локалниот пат Л603 од бензинска пумпа Шимов до с.Ѓавото

Општина Богданци  доби комплетна техничка документација за реконструкција на  локалниот пат Л603 од с. Стојаково до с.Ѓавато  и тоа од с.Ѓавато до крстосницата со регионалниот пат Р1109. Средствата се одобрени согласно Барањето на општина Богданци доставено на  дополнителниот Јавен повик објавен од страна  на Министерството за финансии , преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП).

Технишката  документација содржи:

  • Основен градежен проект  за реконструкција на локален пат Л603 од с.Ѓавато до крстосницата со регионалниот пат Р1109
  • Елаборат за ажурирана геодетска подлога за локален пат Л603 од с.Ѓавато до крстосницата со регионалниот пат Р1109
  • Елаборат за заштита на живитна средина за локален пат Л603 од с.Ѓавато до крстосницата со регионалниот пат Р1109
  • Ревизија на проектна документација за локален пат Л603 од с.Ѓавато до крстосницата со регионалниот пат Р1109

Финансиските средства се заем од Светска банка  кој го има добиено Министерството за финансии за имплементација на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП),  каде, дел од средствата  наменети за техничка помош се искористени за подготовка на техничка документација.

Претходно, согласно првиот Јавен повик општината  обезбеди комплетна техничка документација за три улици во Богданци: „Маршал Тито“ ( дел), „Изворски“ и „Петар Мусев“.

Продолжуваат активностите со изведбата на пешачка и велосипедска патека Богданци-Честе јавори Паљурци

Во тек се активностите во врска со изведбата на пешачка и велосипедска патека Богданци -Честе јавори Паљурци со вкупна должина од 2650 метри. Изведувач на истите согласно спроведената постапка за јавна набавка е правното лице АЛФА ПРОЕКТ ГЕВГЕЛИЈА.

Градежните работи се однесуваат на чистење на теренот од растенија и дрвја, порамнување на истиот и вградување на тампон со набивање и редење на бехатон плочки и поставување на мали рабници.

Вредноста на договорот изнесува 8.278.470,00 денари без ДДВ, или вкупно со ДДВ 9.768.594,60 денари. Средствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. ДДВ е трошок на општина Богданци.

Од патеката реализирани се 1200 метри а остануваат уште 1450 метри, кои ќе се реализираат во наредниот период.

Започна проширувањето на уличното осветлување на територијата на општина Богданци

Согласно Програмата за улично осветлување на подрачјето на општина Богданци за 2020 година, започнаа активностите за реализација на договорот за изградба на нови линии за улично осветлување.

Носител на набавката е правното лице ДИГИТАЛ ДООЕЛ Струмица, а вкупната вредност на договорот изнесува 529.300,00 денари без ДДВ, или вкупно со ДДВ 624.574,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Богданци.

На одредени места ќе бидат поставени само улични светилки на веќе постоечки бандери а на локациите каде недостасуваат бандери ќе бидат поставени комплет бандери со улични светилки. Ќе се постават вкупно 32 нови сијалици и 15 нови бандери како во Богданци така и во Стојаково, Селемли и Ѓавото.

Проширувањето  на  мрежата за јавно  осветлување  значително ќе ја подобри осветленоста на локалните улици и патишта и ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Започнаа градежните активности за уредување на паркинг простор на ул.Нако Вардарски во Богданци

Правното лице ПЕШО ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица по склучениот договор за јавна набавка со општина Богданци започна со активностите за уредување на паркинг просторот на улицата „Нако Вардарски“ во Богданци (позади Комерцијална Банка).

Активностите опфаќаат чистење, тампонирање и поставување на бехатон како и улични бетонски рабници на површина од 852м2 .

Вкупната вредност на работите предмет на договорот изнесува 693.670,00 денари,   без ДДВ или вкупно со ДДВ 818.530,00 денари.

Средствата за реализација на договорот се обезбедени од Буџетот на Општина Богданци согласно Програмата за  изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2020 година.

Олабавување на мерките за движење на граѓаните

Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот. Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.

Доделени ваучери за мобилен интернет на ученици од семејства во социјален ризик

Денес во просториите на општина Богданци беа доделени 19 ваучери за мобилен интернет на корисници на социјални права, донација од Македонски Телеком.

Намената на истите е следење на наставата онлајн од страна на учениците од основните и средните училишта а кои немаат пристап до интернет.

Започна реконструкцијата на четири улици во Богданци и тротоар во Стојаково

По завршување на постапката за избор на правно лице, носител на набавката за реконструкција на улици на територијата на општина Богданци, деновиве започнаа градежните активности за реконструкција на улиците Луда Мара, Осоговски, Братство Единство и Васил Главинов во Богданци и реконструкција на тротоар на улица Гоне Каракабаков во Стојаково.

Изведувач на работите, предмет на договорот е правното лице АЛФА ПРОЕКТ ДООЕЛ Гевгелија, а вкупната вредност на истиот изнесува 6.019.402,00 денари без ДВВ или вкупно со ДДВ 7.102,894,00 денари. Целосно завршување на активностите се очекува за два месеци согласно условите предвидени во договорот.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Богданци, согласно Програмата за  изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2020 година.

Општина Богданци согласно своите можности и понатаму ќе продолжи да работи на подобрувањето на патната инфрастуктура, како во Богданци така и во другите населени места.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |